Регион
Грција ќе гради дополнителни центри за бегалци
Грција ќе изгради дополнителни центри за бегалци заради големата пренаселеност во сегашните, јави австриската телевизија ORF.
Според владини извори, новите планирани центри ќе бидат со капацитет за илјада лица. Паралелно со тоа, грчките власти побрзо ќе ги обработуваат молбите за азил.Властите во Атина соопштуваат дека во моментот на пет грчки острови има повеќе од 10,7 илјади бегалци. /крај/фк/ст
Извор: ORF
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Пасатот“ го паркирал во море: капачите во Неум изненадени од несекојдневна сцена
Арогантното паркирање по улиците на градовите во БиХ веќе е секојдневие, но не се гледа често некој да паркира автомобил во морето, пишуваат тамошните медиуми.
Според написите, токму таква неверојатна слика ги изненадила неколкуте капачи на плажата во Неум, кои гледале како „Пасат“ буквално влегува во морето.
Според фотографиите објавени на социјалните мрежи, возачот го паркирал автомобилот во морето за да го извади скутерот на вода од приколката.
Фотографиите од автомобилот според медиумите, брзо се рашириле на Интернет, а корисниците на социјалните мрежи коментираат дека никогаш не виделе нешто слично.
Регион
Шефот на хрватската дипломатија: Реакцијата на раководството на Србија покажува дека се далеку од соочување со минатото
Хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман денеска оцени дека реакцијата на српското раководство на резолуцијата за Сребреница покажува дека земјата е далеку од соочување со своето минато, пренесуваат медиумите во регионот.
Тој посочи дека резолуцијата не прогласува ниту една нација за геноцидна, освен дека ОН се обврзаа да го одбележат тој настан, пренесе агенцијата „Хина“.
„Оваа резолуција се стреми да придонесе за да се осигури дека злосторството геноцид никогаш никаде нема да се повтори“, рече Грлиќ Радман.
Тој додаде дека меѓународните судови утврдиле дека во Сребреница се случил геноцид и дека Србија не го спречила тоа злосторство да се случи ниту ги казнила неговите извршители.
Регион
Русија: Резолуцијата за Сребреница е опасна за мировниот процес во Босна и Херцеговина
Високиот претставник за Босна и Херцеговина Кристијан Шмит го поздрави усвојувањето на резолуцијата со која Генералното собрание на ОН го прогласи 11 јули за Меѓународен ден на сеќавање на геноцидот извршен во Сребреница, додека руската амбасада во Сараево рече дека тоа е „пораз за Босна и Херцеговина“, бидејќи тоа би го комплицирало процесот на помирување.
„Од најголема важност е општеството да ги отфрли сите обиди за минимизирање на сериозноста на геноцидот во Сребреница. Резолуцијата мора да послужи како катализатор за лекување и разбирање, наместо да биде искористена за тесни политички цели. Тоа не е чин насочен против српскиот народ или Република Српска. Секој обид оваа резолуција да се стави во таков контекст е погрешен и злонамерен“, рече Шмит.
Амбасадата на Русија во Сараево со коментар во кој тврдат дека е опасно за мировниот процес во БиХ, но и за стабилноста на регионот, пренесуваат регионалните медиуми.
Тие го обвинуваат Западот дека ја „турка“ резолуцијата на ист начин на кој, според нив, Шмит е незаконски назначен за висок претставник во Босна и Херцеговина, што, како што тврдат, дополнително ги продлабочило поделбите во меѓународната заедница.