Спорт
Ливерпул и Лајпциг повторно ќе играат во Будимпешта
Фудбалерите на Ливерпул и Лајпциг и осмина-финалниот реванш, во Лигата на шампионите, ќе го одиграат на стадионот „Ференц Пушкаш“ во Будимпешта.
Исто како и за првиот натпревар и овој пат причината е коронавирусот, односно епидемиолошките мерки кои ги применува Германија.
Сите оние кои се враќаат во Германија од Велика Британија, задолжително мора да бидат во карантин 14 дена.
Првиот натпревар, во кој Лајпциг беа домаќини, заврши со победа на ливерпул 0:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фенербахче ќе преговара со Линделоф
Жозе Мурињо пристигна во Фенербахче со цел да ја освои титулата, а прва мета му е познат играч на Манчестер Јунајтед.
Бројни извори објавија дека Мурињо лично го контактирал Виктор Линделоф и го сака Швеѓанецот во своја одбрана во Истанбул.
Интересно е што Мурињо беше тој што го доведе тогаш младиот дефанзивец од Бенфика летото 2017 година за 35 милиони евра.
Линделоф некако не ги оправда очекувањата иако во Манчестер е седум години и има 259 настапи.
Се очекува Јунајтед да направи големи промени во својот тим ова лето, па не е исклучено да го продаде Швеѓанецот во случај на вистинска понуда.
Исто така, самиот Линделоф повеќе не верува дека ќе има значајна минутажа и наводно е подготвен за нови предизвици.
Спорт
Ифе Лунберг го засили Партизан
Ифе Лундберг е второто засилување за КК Партизан во пресрет на новата сезона. Репрезентативецот на Данска, во Партизан доаѓа од Виртус Болоња. Претходно црно-белите потпишаа со Вања Маринковиќ.
Лунберг минатата сезона во двата натпревари беше кобен за Партизан, а Виртус забележа две победи.
Во Белград постигна 16 поени, со важни поени во финишот на натпреварот, додека во Болоња реализираше 20 поени, а неговата тројка во последната минута му ја обезбеди победата на тимот од Болоња.
Данецот со нигериски корени кариерата ја започна во 2014 година во Копенхаген, наредната година се пресели во Шарлот Хорсенс, а во 2017 година замина во Шпанија каде ги бранеше боите на Манреса и Тенерифе. Потоа се пресели во Зјелона Гора во 2020 година, а следната сезона направи трансфер во ЦСКА Москва. Поради руската инвазија на Украина ја искористи можноста за да ја напушти Москава и да се пресели во Болоња.
Спорт
Купер го презеде Лестер
Фудбалскиот клуб Лестер денеска го назначи Стив Купер за нов тренер.
Купер потпиша тригодишен договор со Лестер, кој оваа сезона се врати во Премиер лигата.
Тој е без работа откако беше отпуштен од Нотингем Форест во декември.
„Навистина сум возбуден и горд што сум назначен за менаџер на Лестер. Ова е фантастичен клуб со богата историја, со страсни навивачи. Возбуден сум што ќе работам со талентиран тим и со нетрпение го очекувам предизвикот и остварувањето на нашите заеднички амбиции во Премиер лигата“, изјави Купер.
Лестер бараше тренер откако Енцо Мареска го напушти клубот на почетокот на месецот за да го преземе Челзи.
Мареска го презеде Лестер на почетокот на минатата сезона и го предводеше клубот до директна промоција во Премиер лигата.