Спорт
Солзи за Крањчар – Нико Ковач се расплаче на прес-конференција на Монако

Тренерот на Монако, Нико Ковач не успеа да ги додржи солзите на прес-конференцијата пред гостувањето кај Стразбур откако беше запрашан за смртта на Златко Цицо Крањчар, легендарниот хрватски тренер, кој вчера почина на 65 години.
„Тажен сум, тој ми беше мој тренер. Извинете. Не ми е лесно, бидејќи заедно поминавме прекрасни моменти. Златко прво беше прекрасна личност, секогаш весела личност и тренер од кого многу научив. Тој ми ја даде капитенската лента во хрватската репрезентација, така што значењето е уште поголемо. Нека почива во мир“, изјави Ковач.
?? Très grosse émotion de Niko Kovac en conf, en répondant à une question sur son ancien entraîneur Zlatko Kranjčar, décédé ce lundi : "C'était une personne formidable. Très importante pour moi." pic.twitter.com/p0CZjQtZL2
— RMC Sport (@RMCsport) March 2, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
ВИДЕО: Романците во последниот напад ја скршија Австрија, победи за Данска, Полска и за Хрватска

Романија го одржа чекорот во трката за баражот за второто место откако на домашен терен ја совлада Австрија со 1-0. Херој на мечот беше Вирџил Гита, кој постигна гол во 95-тата минута, само дваесетина минути откако влезе како замена, донесувајќи значаен триумф за својот тим.
VIRGIL GHITA 🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴🇷🇴
GOOOOOOL ROMANIAAAAA BUZZER BEATER, ASSIST IANIS HAGI
LOCKED IN, CALIFICAREA SE JOACApic.twitter.com/Kmwb0rgdLB
— Foot Roumain 🇷🇴 (@FootRoumain) October 12, 2025
Данска ја реши Грција уште во првото полувреме, славејќи со 3-1. Расмус Хојлунд отвори резултат во 21. минута, а потоа погодоците ги постигнаа Андерсен и Дамсгард. Грците успеаја да постигнат само почесен гол преку Христос Цолис во второто полувреме.</p
>Полска запиша гостинска победа над Литванија со 0-2. Шимански го отвори резултатот уште во 15. минута, а Роберт Левандовски ја потврди победата со погодок во 64. минута.
Хрватска очекувано го победи Гибралтар со 3-0. Деби голот на Фрук донесе предност, а иако Ловро Мајер промаши пенал, Сучиќ и Ерлиќ се погрижија за убедлив триумф на „коцкестите“.
Спорт
Данев: После Ерменија, да jа победиме и Црна Гора

Македонската фудбалска репрезентација до 21 година е во ек на подготовките за новиот квалификациски предизвик, наречен гостински дуел против Црна Гора. По стартните порази од Полска и Италија, Македонија во Битола ја победи Ерменија со 2-1 и ги освои првите бодови во овој квалификациски циклус.
Тоа секако дека е добар знак со оглед на лошиот старт на квалификациите, но ништо не е загубено има уште многу бодови на располагање кои треба да се освојат.
„Триумфот против Ерменија пред домашната публика ни даде „ветар во грб“ што се вели. Победата е во вистински момент, на најдобар начин пред наша публика. Атмосферата сега ни е на највисоко ниво. Нема потреба од еуфорија во нашиот табор, туку сосема спротивно. Концентрирано и одговорно одиме во Црна Гора да одиграме уште еден дуел и да освоиме нови бодови. Што се однесува до противникот, се работи за добар состав, кој како и секој друг ривал има позитивни но и негативни страни. Наше е да ги поправиме техничките грешки во нашата игра, да го подигнеме нивото на уште едно скалило и нормално да ги освоиме бодовите кои ќе ни дадат уште поголем стимул и подобра позиција во овие квалификации“, изјави Димитар Данев за сајтот на ФФМ.
Спорт
Левандовски заминува од Барселона по завршувањето на сезоната

Роберт Левандовски ќе ја напушти Барселона по крајот на оваа сезона, открива каталонски „Спорт“. 37-годишниот полски напаѓач оваа сезона во Ла Лига има седум настапи и четири голови, но сѐ почесто се наоѓа на клупата поради фаворизирањето на Феран Торес.
Во Барселона веќе се разгледуваат потенцијални наследници, а најчесто споменуван е 21-годишниот Карл Ета Ејонг од Леванте.
Левандовски пристигна во Барселона во 2022 година, по одличните настапи во Борусија Дортмунд и Баерн Минхен, со кој во 2020 година освои тројна круна под водство на сегашниот тренер на Барса, Ханси Флик.