Спорт
50 трипл-дабл за Јокиќ – Денвер го декласира Милвоки, Лејкерси поразени од Финикс
Јубилејниот 50. трипл-дабл во кариерата на Никола Јокиќ, новиот пораз на ЛА Лејекрс и крајот на серијата на Мајами хит ја обележаа изминатата ноќ во НБА-лигата.
Денвер Нагетс убедливо победи во Милвоки со 128:97. Денвер ја забележа шестата победа на последните седум гостувања, а за Милвоки ова е прв пораз по серијата од пет победи.
Никола Јокиќ го предводеше својот тим со 37 поени, 10 скока и 11 асистенции за 36 минути колку што мина на теренот. Јокиќ е вториот центар во историјата на НБА-лигата, кој успеал 50 пати во кариерата да забележи трипл-дабл. Пред центарот на Денвер е само легендарниот Вилт Чембрлен.
Покрај Јокиќ, кај Денвер се истакна и Џамал Мареј со 24 поени и шест асистенции.
На спортивната страна Јанис Адетокумбо забележа 27 поени, осум скока и 11 асистенции.
Финикс Санс во Лос Анџелес ги победи Лејкерси со 114:104. Санс со оваа победа ги скокна Лејкерси на втората позиција на Западот.
Актуелните шампиони не успеаја да го избегнат поразот иако Леброн Џејмс постигна 38 поени. Во редовите на Санс најдобри беа Дарио Шариќ со 21, односно Деандре Ејтон и Девин Букер по 17 поени. Финикс има 12 победи на последните 14 натпревари.
Бостон Селтикс славеше победа во дуелот со ЛА Клиперс 117:112. Ѕвездите на Клиперс, Каваи Ленард и Пол Џорџ посригнаа 25, односно 32 поена, но не добија поддршка од соиграчите. Бостон едноставно тимски дејствуваше подобро на теренот. Кемба Вокер постигна 25, Џејлен Браун 18, а Џејсон Тејтум 14 поени.
Атланта Хокс изненадувачки стави крај на серијата од шест победи, во која се наоѓаа кошаркарите на Мајами хит. Хокс, предводен од Тре Јанг (18 поени, 10 асистенции) и Џон Колинс (17 поени, 17 скока), славеше победа 94:80.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кејн спречи сензација во Минхен
Три минути го дела Мајнц од најголемата сензација сезонава во Бундес лигата, но Баерн сепак успеа да се спаси од пораз. Хари Кејн со гол од пенал во 88-та минута не дозволи последно пласираниот тим на табелата да победи во Минхен.
Баерн поведе во 29-та минута со голот на суперталентираниот Ленарт Карл, но во судиското продолжение во првото полувреме, Потулски израмни.
Во 67-та минута, Ли Џе Сунг ја шокираше „Алијанц Арена“ со гол за водство на гостите, но во 88-мата минута, Хари Кејн постигна гол од пенал и ги постави конечните 2:2.
Мајнц, убедливо најслабиот тим во Бундеслигата оваа сезона, остана со само една победа, и со седум освоени бода.
Ова беше втор нерешен резултат за Баерн во 14 кола, но имаат убедлива предност на врвот, девет поени повеќе од Лајпциг и Борусија Дортмунд.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Лаутаро со гол и асистенција го врати Интер на првото место
Интер е лидер на табелата во Серија А по 15 одиграни натпревари. Интер го искористи киксот на градскиот ривал Милан, 2:2 против Сасуоло и со победата на „Мараси“ во Џенова (1:2) се искачи на челната позиција на табелата. Џенова, по две победи и нерешени, го зашиша првиот пораз под водство на Даниеле Де Роси.
Интер поведе во шестата минута. Јан Бисек шутираше од работ на шеснаесетникот по додавањето на Лаутаро Мартинез.
Аргентинец постигна гол во 38-та минута. Мартинез е незапирлив оваа сезона, досега постигна 16 гола и има пет асистенции.
Џенова успеа да возврати во 68-та минута и да внесе малку неизвесност во овој дуел. Одличен соло пробив направи Витиња, се најде еден на еден со голманот и излезе како победник.
До крајот на мечот Интер без поголеми проблеми успеа да се одбрани.
Foto/ depositphotos
Спорт
Катрин Лунде во голем стил замина во пензија – Норвежанките ги обединија светската, европската и олимписката круна
Женската ракометна репрезентација на Норвешка петти пат во историјата стана светски првак. Норвешка, во финалето на 27-то Светско првенство, ја победи Германија со 23:20 (11:11). Со победата во Ротердам, Норвежанките ги обединија трите круни, сега се актуелни европски, светски и олимписки шампионки. Германките можат да бидат горди на она што го постигнаа бидејќи стигнаа до светскиот медал, прв од 2007 година.
Катрин Лунде имаше 15 одбрани, Хени Рајстад постигна шест, Тејл Дејл пет, Нора Мерк и Ингивлд Бакеруд по три гола. 45-годишната голманка Лунде, на јадобар начин ја заврши кариерата во националниот тим, совкупно 21 медал од големите натпреварувања, а од светските првенства има седум медали, три од нив се златни.
За Германија, Катарина Филтер имаше девет одбрани, Емили Фогел, Виола Летер и Алина Гриселс постигнаа по четири гола.
Норвешка стигна до финалето во стилот на казнена експедиција. Имено, само Црна Гора успеа да избегне пораз во четвртфиналето со разлика помала од десет гола.
Во финалето влегоа како големи фаворити, но Германките скапо ја продадоа кожата. Пред се одиграа фантастично одиграа во , особено во беа добри во првиот дел, кога Норвешка никако не можеше да најде ритам во нападот.
Стартот на вториот дел, првите седум минути беа клучни за конечниот исход, во тој период Норвашка направи серија 4:1.
Германија стигна до 17:17, но тогаш на сцена стапи Рајстад, голманката Лунде и десното крило Ауне. Таа ги постигна последните два гола на мечот за Норвашка.
Во борбата за бронзениот медал, Франција ја победи Холандија во Ротердам со 33:31, по продолженија.

