Спорт
Клоп: Клубот ги плаќа, нема да им дозволиме да играат за националните тимови
Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, нема да им дозволи на фудбалерите да играат за своите репрезентации, доколку по враќањето во клубот ќе мора да минат десет дена во карантин. ФИФА, минатиот месец донесе одлука, која им овозможува на клубовите да им забранат на фудбалерите да играат за своите репрезентации, доколку по враќањето о клубовите мора одреден период да минат во карантин.
Велика Британија има „црвена листа“ на држави кои се сметаат за ризични. Владата донесе одлука за задолжителен карантин, за сите оние кои влегуваат во Велика Британија, а доаѓаат од државите кои се на „црвената листа“.
На таа листа се наоѓаат Португалија и сите држави во Јужна Америка, што значи дека Алисон Бекер, Роберто Фирмино, Фабињо и Диого Жота нема да добијат дозвола од клубот да го напуштат Ливерпул.
„Ситуацијата е таква што не можеме да ги усреќиме сите фудбалски сојузи. Не можеме да ги пуштиме фудбалерите, а кога тие ќе се вратат да мора да одат во карантин. Мораме да признаеме дека клубовите ги плаќаат играчите, тоа значи дека клубовите мора да имаат приоритет“, рекол Клоп.
Тренерот на Ливерпул, рекол дека клубот ќе има трпение и ќе чека до последен момент пред да ја донесе конечната одлука.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Крај на приказната, Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда

Душан Тадиќ нема да ја засили Црвена звезда, кариерата ќе ја продолжи во странство.
Според сознанијата на „Спорт Клуб“, Тадиќ уште еднаш ѝ се заблагодарил на Црвена звезда за поканата и приказната тука завршува.
Тадиќ имал малку поопуштен став, оставил простор евентуално да дојде во Звезда, но сепак останал доследен на чувството дека концептуално не се вклопува во тој клуб.
Исто така и челниците на српскиот шампион го загубиле трпението, бидејќи планирале Тадиќ да го имаат во тимот за двомечот со Лех Познањ, во третата квалификациска рунда во Лигата на шампионите.
Финансиската понуда е добра, како и улогата во тимот, но Тадиќ одлучил дека нема потреба да игра за Звезда во кариерата.
Можно е Тадиќ да замине во Саудиска Арабија.
Спорт
Ненадејно почина Жорге Кошта, легендарниот капитен и икона на Порто

Почина Жорге Кошта (53), поранешен португалски фудбалер и легендарен капитен на Порто.
Во сино-белиот дрес, тој освои осум титули во лигата, Лигата на шампионите и Интерконтиненталниот куп, а со репрезентацијата беше светски шампион до 20 години.
Информацијата за смртта ја потврди болнички извор, јавува португалското радио „Ренасенса“.
Според болницата „Сао Жоао“, Коста „доживеал кардиореспираторен застој во одделот за итни случаи и бил прогласен за мртов“. Поранешниот фудбалер доживеал срцев удар во 2022 година и бил подложен на катетеризација.
„Во текот на својот живот, на теренот и надвор од него, Жорге Кошта ги отелотворувал вредностите што го дефинираат ФК Порто: посветеност, лидерство, страст и непоколеблив победнички дух. Тој ги обележа генерациите навивачи и стана најголем симбол на клубот“, се вели во соопштението. „Никогаш нема да бидш заборавен, капитене“, соопшти клубот.
Спорт
Јовиќ потпиша договор со АЕК

Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ потпиша договор со АЕК Атина, објави клубот.
Финансиските детали и времетраењето на договорот не беа откриени, но грчките медиуми тврдат дека Јовиќ се согласил на двегодишен договор, при што српскиот фудбалер треба да заработи вкупно шест милиони евра.
Својата кариера ја започна во Црвена звезда, а потоа играше за Бенфика, Ајнтрахт Франкфурт, Реал Мадрид и Фиорентина. Последните две сезони ги помина во Милан.
Одигра 45 натпревари за српската репрезентација и постигна 11 гола.