Македонија
Девет починати и 721 новозаболен од Ковид-19 во Македонија
Во последните 24 часа се направени 3.323 тестирања, а регистрирани се 721 нов случај на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 357, Прилеп – 72, Кавадарци и Гевгелија – по 42, Неготино – 30, Охрид – 26, Велес – 20, Гостивар – 18, Куманово – 17, Битола – 16, Кочани – 12, Крушево – 10, Струга – 8, Штип и Богданци – по 7, Крива Паланка – 5, Кичево, Ресен и Валандово – по 4, Тетово и Виница – по 3, Струмица, Делчево, Демир Капија и Пехчево – по 2, Свети Николе, Радовиш, Пробиштип, Кратово, Македонска Каменица и Дојран – по 1.
Регистрирани се 1.753 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 750, Делчево – 120, Охрид – 97, Кавадарци – 85, Тетово – 80, Велес – 74, Струмица – 64, Гостивар – 57, Прилеп – 51, Битола – 42, Куманово и Кичево – по 38, Струга – 35, Штип – 25, Гевгелија, Ресен и Дебар – по 22, Крушево – 19, Неготино, Кочани и Демир Капија – по 15, Радовиш – 14, Крива Паланка – 12, Виница и Свети Николе – по 8, Богданци – 6, Македонски Брод – 4, Кратово – 3, Валандово, Пехчево, Пробиштип, Македонска Каменица и Берово – по 2, Дојран и Демир Хисар – по 1.
Пријавени се вкупно 9 починати лица – 3 пациенти од Скопје (85, 80, 69), 2 пациенти од Куманово (81, 74) и по 1 пациент од Прилеп (75), Велес (73), Крива Паланка (73) и Валандово (71). Осум пациенти се починати во болнички услови, а еден пациент е починат во домашни услови.
Направени се 3.323 теста преку: ИЈЗ – 679, ЦЈЗ Скопје – 131, „Авицена“ – 305, „Биотек“ – 317, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 180, „Систина“ – 272, лабораторија „Лаор“ – 176, МАНУ – 0, Судска медицина – 14, ЦЈЗ Битола – 78, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 3, ГАК – 0, „Синлаб“ – 113, „Ремедика“ – 22, лабораторија во болницата во Козле – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.029, УК Пулмологија со алергологија – 4, ГОБ „8 Септември“ – 0, лаборатории од странство – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 533.505 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 105.269, бројката на оздравени пациенти е 93.942, на починати е 3.165, а бројот на активни случаи изнесува 8.162.
Според досега завршените епидемиолошки анализи, во моментот дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 357, активни 3.750
Куманово 17, активни 314
Прилеп 72, активни 663
Тетово 3, активни 246
Гостивар 18, активни 145
Штип 7, активни 102
Велес 20, активни 223
Кавадарци 42, активни 561
Битола 16, активни 183
Охрид 26, активни 404
Струмица 2, активни 158
Струга 8, активни 163
Кочани 12, активни 88
Кичево 4, активни 40
Неготино 30, активни 279
Гевгелија 42, активни 243
Свети Николе 1, активни 19
Крива Паланка 5, активни 106
Ресен 4, активни 47
Дебар, активни 21
Делчево 2, активни 66
Радовиш 1, активни 10
Берово, активни 30
Пробиштип 1, активни 31
Виница 3, активни 23
Валандово 4, активни 33
Крушево 10, активни 76
Богданци 7, активни 52
Кратово 1, активни 26
Демир Хисар, активни 22
Македонски Брод, активни 4
Демир Капија 2, активни 27
Македонска Каменица 1, активни 2
Пехчево 2, активни 4
Дојран 1, активен 1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: Со милошевичко – орбанистички пристап, власта го загрози проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“
Од ВМРО-ДПМНЕ да не се прават на Тошо. Ако денес го признаваат хаосот во проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“, тогаш нека кажат и кој го создаде тој хаос. Муцунски, Орце Ѓорѓиевски и Љутков се на власт. Тие го заглавија проектот, го водеа спротивно на закони, без транспарентност, без консултации и без вклучување на културниот сектор. Денес сами признаваат дека бил блокиран, а од кого, од нив, велат од СДСМ.
Од партијата велат дека со нивниот милошевичко – орбанистички пристап кон невладиниот и независниот културен сектор, оваа власт не само што го загрозила кредибилитетот на проектот, туку ги срушила и неговите темели:- плурализам, уметничка слобода и европски стандарди.
„Видовме и која е нивната визија: Скопје престолнина на кичот. Затоа Љутков, наместо да го турка овој европски проект, откако е министер, само се жали дека СДСМ не го одржувала скапо платениот стиропор од Скопје 2014. Културната престолнина не е партиски плен за блиски фирми и „клиенти“, туку европски процес што треба да го води целата културна фела – уметници, институции, независна сцена, академска заедница. Затоа, должни се пред македонската јавност да одговорат: Кoja е нивната визија за проектот? Што точно образлагале во Брисел? Каква програма презентирале? Кои реформи ги гарантираат?“, велат од СДСМ.
Од опозицијата наведуваат дека досега се виделе само импровизации, затвореност, игнорирање на секторот и манипулации за дневнополитички потреби.
„Скопје ќе биде европска престолнина на културата само ако се врати духот на европските вредности: отвореност, транспарентност, професионализам и вистинска поддршка на уметниците. А тоа е невозможно со власт која ја става културата во кафез и ја води како партиски проект, без концепт и без одговорност“, сметаат од СДСМ.
Македонија
Мицкоски на Самитот на лидери во Тирана
Премиерот, Христијан Мицкоски, утре, петок, ќе присуствува на Самитот на лидери „Нашиот план до ЕУ“ кој ќе се одржи во Тирана, Република Албанија.
Предвидено е на панел дискусијата насловена „Исполнување на заеднички обврски, резултати и забрзување“ да се обрати премиерот Мицкоски.
Македонија
Мицкоски во Тирана на отворање на новите канцеларии на Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“
Денеска во Тирана во присуство на голем број Македонци од Албанија претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Владата Христијан Мицкоски, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓоргија Сајкоски и претседателката на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ Жаклина Пешевска, на покана на Македонско здружение „ВМРО-ДПМНЕ Албанија“ присуствуваа на отворање на новата канцеларија на ова здружение.
Мицкоски во обраќањето пред присутните ја нагласи и можноста на Македонците во Албанија да имаат свој клуб, можност за здружување, можност слободно да работат на зачувување на својата култура, идентитет, јазик и традиција, можност што ја немаат Македонците во Пиринскиот дел на Бугарија.
„Македонците во Пиринскиот дел ја немаат оваа можност да се организираат, во 21 век се спречени да регистрираат невладино здружение, не можат да зборуваат слободно за својот македонски идентитет. Ние сме вредни, трпеливи и умни и ве уверувам дали сега или во периодот којшто следи, ќе дојдеме до таа цел“, посочи Мицкоски.
„Мене ми е драго што на сите овдека ни е јасен тој наш вековен автентичен македонски корен и наш вековен македонски идентитет. Како што можам да забележам македонскиот јазик се негува и се чува и тоа особено ме импресионира вечерва“, додаде тој.

