Свет
Кина одобри три традиционални рецептури за лекување Ковид-19

Кина одобри продажба на три традиционални кинески лекови за помош во лекувањето на Ковид-19, објави вчера Националната агенција за лекови.
Одобрените билни производи доаѓаат во форма на гранули и потекнуваат од древни кинески рецепти, се вели во соопштението на агенцијата, кои додаваат дека подготовките биле надгледувани од многу академици и експерти.
Станува збор за три вида капсули – гранули за чистење и детоксикација на белите дробови, гранули за одвлажнување и детоксикација на белите дробови и гранули за дифузија и детоксикација на белите дробови.
Според кинеското Министерство за наука, десетици илјади пациенти заразени од Ковид-19 ги примиле овие лекови од растително потекло во Кина минатата година заедно со водечките антивирусни лекови, пренесуваат светските агенции.
„За време на клиничките испитувања кај 102 пациенти во Вухан со лесни симптоми на коронавирус е откриено дека лицата што примиле комбиниран третман на лекови покажале 33 % побрзо закрепнување во споредба со пациентите што примиле само западни лекови“, истакнуваат од Националната управа за традиционална кинеска медицина.
Кинеските власти ја пофалија ефикасноста на традиционалните лекови како помош во ублажување на симптомите на Ковид-19. Во јануари годинава полициските службеници добија до 60.000 дози од традиционалните лекови за да се заштитат од инфекција со коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.