Спорт
Вардар со убедлив пораз од Мешков за крај, во осминафиналето контра Веспрем!

Вардар доживеа убедлив домашен пораз од 32:36 од Мешков Брест, со што го запечати пласманот на седмото место во групата А во ЕХФ Лигата на шампиони, и со тоа закажа пресметка со унгарскиот гигант Веспрем во осминафиналето на натпреварувањето.
Поради вонредната ситуација со КОВИД-19 и многуте одложени мечеви, ЕХФ дел од мечевите ги додели службено, а реши сите 16 клуба од групната фаза да се пласираат во осминафиналето на европското елитно натпреварување. Вардар, кој посебно беше погоден од одложувањата, завршува на седмото место на табелата со 9 освоени поени и ќе игра со второпласираниот во групата Б, Веспрем, кој е зад недостижната Барселона.
Мешков пристигна во Скопје со јасен план да оди на победа, со која го освојува четвртото место на табелата во групата А. Вардар уште на полувреме губеше со огромни 7 гола разлика, а впечатокот малку беше поправен во второто полувреме. Тимур Дибиров со девет и Анте Гаџа со седум гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај Белорусите блесна Микита Ваилупау со 12 гола.
Во дербито за првото место во нашата група, Флензбург успеа да триумфира со 31:28 кај полскиот Кјелце, со што обезбеди дуел со ППД Загреб во осминафиналето, клуб кој има точно 0 поени оваа сезона во ЛШ.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
ГРУПА А
Вардар – Мешков Брест 32:36 (18:25)
Кјелце – Флензбург 28:31 (17:19)
Елверум – Порто 31:38 (11:16)
Табела: 1.Флензбург 21, 2.ПСЖ 19, 3.Кјелце 19, 4.Мешков Брест 13, 4.Пик Сегед 12, 6.Порто 12, 7.Вардар 9, 8.Елверум 5
ГРУПА Б
Кил – ППД Загреб 36:30 (23:15)
Табела: 1.Барселона 28, 2.Веспрем 20, 3.Кил16, 4.Алборг 14, 5.Мотор З. 14, 6.Нант 12, 7.Целје 8, 8.ППД Загреб 0
Фото: Денис Дуковски / РКВардар 1961
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.