Македонија
(Видео) Пресечени меѓународни канали за транспорт на дрога
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (06.03.2021) во две одделни акции пресече два канала за меѓународен транспорт на дрога и заплени над 500 килограми марихуана и приведе три лица, соопшти денеска портпароолот на МВР Тони Ангеловски.
Точната тежина се уште не е утврдена затоа што уште е во тек мерењато и вештачењето на запленетата дрога во Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења.
„ Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал пресече меѓународен канал за транспорт на марихуана од Косово преку Северна Македонија и Грција за Турција и до сега се запленети (измерени) 424 килограми марихуана и од слобода е лишено едно лице. Запленетата марихуана на нарко-пазарот во Турција се проценува дека би достигнала цена од над милион евра. Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до Обвинителството во текот на денот ќе поднесе кривична пријава против Д.Н. (47) од Скопје, за сторено кривично дело – „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по член 215 ст.1 од Кривичниот законик. Во рамки на спроведенoто криминалистичко истражување утврдено е дека Д.Н. заради стекнување на противправна имотна корист заминал за Косово со цел да организира и изврши транспорт на марихуана од Косово преку Република Северна Македонија и Грција со крајна дестинација Турција. На 06.03.2021 околу 21,30 часот на ГП Богородица, по претходно изготвен план, преземени се мерки и активности и при излез од РСМ од страна на полициски службеници од ОСОСК со асистенција на Царинска управа, извршен е претрес во товарно моторно возило (влекач) „ивеко стралис“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на правно лице и приколка, исто така сопственост на правното лице, а управувано од Д.Н.. При претресот во приколката помеѓу легалната стока-отпадна хартија, пронајдени и одземени се 519 пакувања со марихуана, а одземени се и еден мобилен телефон со СИМ картичка, две сообраќајни дозволи, клучеви и документација. Во текот на денот продолжува претресот на товарното моторно возило, затоа што се работи за голема количина на стока. Д.Н. во текот на денот ќе биде изнесен пред судија на претходна постапка“, соопшти Ангеловски.
![]()
Во друга акција, независна од претходната, во текот на вчерашниот ден, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во координација со Регионалниот центар за гранични работи Југ, СВР Струмица, Агенцијата за национална безбедност и Армијата во близина на границата со Грција, атар на село Селемли, пресекоа канал за транспорт на дрога од нашата земја во Грција и запленија околу 93 килограми марихуана.
![]()
„ Приведени се К.К. (28) –организатор на транспортот и С.К. (24)од с.Селемли., кои во моментот на вршење на кривичното дело биле затекнати до возило „шкода“ во кое била сместена марихуаната. Тие се обиделе да избегаат, но набрзо биле лишени од слобода. Извршени се пет претреси на подрачјето на Гевгелија, при што се запленети предмети поврзани со истрагата. Во врска со истрагата, постапува и полицијата на Грција со цел расчистување на случајот со овој канал за трговија со наркотици“, соопшти Ангеловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре променливо облачно време со локални врнежи од снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во западните делови ќе има локални врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -2, а максималната ќе достигне од -2 до 8 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -7, а максималната ќе достигне до 6 степени.
Утре кон крајот на денот, во текот на ноќта и во среда се очекуваат повремени врнежи претежно од снег. Во четврток ќе биде претежно облачно, а во петок ќе преовладува умерено облачно време со сончеви периоди.
По котлините ќе има услови за појава на магла.
Од сабота, најпрво во западните делови, а потоа насекаде, повторно се очекуваат врнежи од дожд и снег.
Македонија
Лимани од Букурешт: Северна Македонија гради модерен, инклузивен и дигитализиран систем на социјални услуги
Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани учествува на тридневна регионална конференција во Букурешт, Романија. Конференцијата насловена – Од рамка до акција: Градење посилни, поинклузивни и интегрирани социјални услуги ги обедини креаторите на владини политики на европско ниво, претставниците на Светска Банка за Европа и Азија, академската фела и експертите за социјални политики со цел размена на искуства и унапредување на социјалните сервиси.
Министерот Лимани кој се обрати во министерската сесија се осврна на реформата на системот за социјална заштита во Северна Македонија, започната во 2019 година, која претставува директен одраз на стратешките приоритети на Владата – социјална правда, економска инклузија, грижа за младите и семејствата и изградба на функционална, модерна и дигитална држава.
„Во услови на повеќекратни кризи – економски, здравствени и енергетски, ние одлучивме да инвестираме во луѓето. Затоа оваа реформа е вредносна. Таа ја промени логиката на системот: од фрагментирана помош кон интегрирана, од администрирање кон грижа, од централизирани институции кон услуги блиску до граѓаните. Оваа реформа е резултат на долгогодишната и континуирана соработка со Светска банка, чија стручна и финансиска поддршка беше од клучно значење за нејзината подготовка и успешна имплементација. Без оваа поддршка, реформскиот процес тешко дека ќе беше реализиран или ќе ги постигнеше планираните резултати ,“ истакна Лимани.
Тој истакна неколку клучни промени кои придонеле за унапредување на социјалната заштита во државата, како креирање на цврста законска и институционална рамка, усогласена со европски стандарди. Притоа ги посочи новиот Закон за социјална заштита, Законот за социјална сигурност на стари лица и измените на Законот за заштита на децата кои се темелот за градење на стабилен систем кој е правичен, транспарентен, одржлив.
„Борбата против сиромаштијата и социјалната исклученост ја адресиравме преку темелна реформа на паричните надоместоци. Го поедноставивме системот, воведовме реално таргетирање според потребите на домаќинствата и ги зголемивме износите за најранливите категории за над 300%,“ посочи Лимани.
Лимани зборуваше и за темелната реформа на центрите за социјална работа, со која социјалната заштита се трансформира од пасивен во активен систем. Зборуваше за инвестициите во инфраструктурата, човечките ресурси и професионализацијата на услугите.
Тој ја истакна децентрализацијата и развојот на социјалните услуги како јасен и директен одраз на владината политика за рамномерен регионален развој.
„Денес функционира мрежа од над 150 лиценцирани даватели на социјални услуги, а услугите за помош и нега во домот и личната асистенција се веќе реалност во десетици општини низ државата, обезбедувајќи поддршка, достоинство и поголема вклученост за најранливите категории граѓани. Како резултат, освен што се подобри грижата, се создадоа и над 1.500 нови работни места за лица кои претходно беа корисници на социјална помош или долгорочно невработени,“ рече Лимани.
Тој се осврна и на воспоставувањето на интегриран дигитален систем кој поврзува институции и овозможува 90% од податоците да се разменуваат по службена должност, во реално време. Тој посочи дека тоа значи помалку администрација, помалку коруптивен ризик и повеќе доверба во институциите.
„Оваа реформа е доказ дека социјалната политика може да биде столб на економскиот развој, демографската стабилност и европската интеграција,“ порача Лимани.
Во рамки на посетата на Романија, министерот Лимани оствари билатерална средба со министерот за труд, семејство, млади и социјална солидарност на Романија, Петре-Флорин Маноле. На средбата се разговараше за досегашната соработка помеѓу двете земји и продлабочување на истата и размена на искуства во областите кои се во надлежност на министерствата, а од која придобивки би им имале граѓаните на двете држави.
Македонија
АА: Нема да дозволиме преку политички маневри да се укине институционалната застапеност на Албанците
Алијансата за Албанците реагира на информациите дека Подрачната единица за внатрешни работи Струга–Дебар–Кичево се предвидува да биде деградирана во единица од втора категорија. Од таму велат дека нема да дозволат преку административни одлуки или политички маневри да се укине институционалната застапеност на Албанците и да се погази принципот на еднаквост во оваа држава.
„Алијансата за Албанците чувствува јавна и институционална обврска силно да реагира на сериозните информации кои кружат во јавноста, според кои Владата на Република Северна Македонија, преку Министерството за внатрешни работи, подготвува законски измени и нова систематизација на работните места кои директно и штетно го нарушуваат институционалниот статус на градовите Струга, Дебар и Кичево“, изјави Њомза Асани Шаќири, портпаролка на Алијансата за Албанците.
Според неа, со овие измени, Подрачната единица за внатрешни работи Струга–Дебар–Кичево се предвидува да биде деградирана во единица од втора категорија, при што, како што вели, ќе ги изгубат основните оперативни надлежности, командната структура и функционалната автономија. Асани Шаќири додава дека сите надлежности се предвидува да бидат префрлени под јурисдикција на Секторот за внатрешни работи во Охрид.
„Оваа административна реорганизација не е само техничко прашање. Таа произведува сериозни политички, институционални и општествени последици. Конкретно, во градовите со албанско мнозинство повеќе не се предвидуваат клучни раководни позиции во безбедносните структури, како што се: началник на полицијата, началник на одделението за борба против криминал и заменик-командир во полициските станици“, рече Асани Шаќири и додаде дека систематското укинување на овие позиции претставува сериозен удар врз институционалната застапеност на Албанците и реален ризик за локалната безбедност и довербата на граѓаните во државните институции.
Во овој контекст, рече таа, Алијансата за Албанците упатува директен повик до претставниците на коалицијата ВЛЕН да ја преземат политичката одговорност што им припаѓа, да реагираат без одлагање и јасно да се позиционираат во заштита на интересите на албанските граѓани во Струга, Дебар и Кичево.

