Црна хроника
Убиство во кумановско Ранковце
Старица утрово била пронајдена мртва во својот дом во кумановско Ранковце. Шеесет и деветгодишната Трајка претходно била врзана за стол, а устата и била залепена со селотејп лента
Нејзиното тело го пронашол нејзиниот сосед. Случајот го пријавил во полициска станица во Крива Паланка. Увидна екипа е на лице место и полицијата трага по сторителот.Во меѓувреме кумановската полиција го најде мртов дваесет и деветгодипшниот извршител на двојното убиство што се случи вчера попладне во кумановската населба Ајдучка чешма. Вчера, Петрушевски ја застрела својата девојка и нејзината мајка. Убиецот и убиената биле во тајна љубовна врска поради нивната роднинска врска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Инцидент во филијала за брзи кредити на Бит Пазар: маж со оружје се обидел за земе пари
Инцидент се случил вчера во филијала за брзи кредити на подрачјето на Бит Пазар.
Маж со закана со огнено оружје се обидел да одземе пари од вработената, но во намерата бил спречен од странка во објектот, по што го напуштил местото на настанот, информираа од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Девојчиња истепани од нивни врснички во Карпош
Две девојчиња биле нападнати вчера од малолетнички на подрачјето на Карпош.
Случајот во МВР го пријавил еден од родителите на девојчињата.
„Околу 18.00 часот, на подрачјето на Карпош, малолетно девојче и неговата другарка биле физички нападнати од две други малолетнички“, објави полицијата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Покрив и кат од семејна куќа изгореа во Струмица
Денеска околу 09:30 часот во пожар изгореа покрив и кат од семејна куќа на улицата „Спиро Захов“ во Струмица, соопштија од ТППЕ Струмица.
Пожарот го гаснеле три против пожарни возила и 10 пожарникари, кои успеале навреме да го локализираат и ликвидираат и спречиле да се прошири и да предизвика поголема штета.
Во пожарот нема повредени лица, а предизвикана е материјална штета.