Спорт
Фостер: Диего Коста и Луис Суарез се валкани стаорци, а Видиќ е болен човек
Голманот на Вотфорд, Бен Фостер, го нарече поранешниот напаѓач на Челси, Диего Коста, мал валкан стаорец, а смета дека поранешниот српски дефанзивец на Манчестер јунајтед, Немања Видиќ, е „болен човек“, во неверојатно интервју.
37-годишниот Фостер, кој помина пет години кај „ѓаволите“, од 2005 до 2010, имаше шанса да игра против некои од најдобрите светски фудбалери пред сега во финишот на кариерата да игра во Чемпионшип со Вотфорд. Во интервју тој ги опиша најнеомилените противници, најцврстиот човек во лигата и најлошиот фудбалер на тренинзи.
„Кој е најлошиот? Тоа е добро прашање и секако тоа е Диего Коста бидејќи тој беше мал валкан стаорец. Само ќе цвилеше и ќе гребеше и немаше да те остави на мир и да ти даде секунда да дишеш. Знаете што, и Луис Суарез беше таков. Ужасен да играш против него – ќе те клоца, ќе те гребе, што било. Но, да признаеме, вистински победници, сакам таков тип на фудбалери. Сакате такви во својот тим. Животни!“, вели Фостер.
Уште еден тип на фудбалер што го почитува се цврстите момчиња од одбраната.
„Бев малку со Рој Кин и тој ме плашеше кога ќе го видев, да бидам искрен – тој беше страшен тип. Немања Видиќ исто така беше болен човек. Би кажал дека тоа е Немања. Тој ќе ставеше глава на копачката за да ја земе топката. Да, вистински болен човек. Кој беше најлош на тренинг? 100 отсто Карлос Тевез. Воопшто не беше заинтересиран, тренингот не беше работа за него. Ужасен. А кога ќе дојдеше сабота попладне – експлозија!“, вели Фостер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Фермин ќе паузира две недели
Фудбалерот на Барселона, Фермин Лопез, ќе биде надвор од терените во следните две недели поради повреда на листот, десната нога, објави каталонскиот клуб.
22-годишниот играч од средниот ред, европски и олимписки шампион со Шпанија, се очекува да ги пропушти следните три натпревари на каталонскиот клуб во лигата против Алавес, Атлетико Мадрид и Бетис, а неговото враќање се очекува да биде во натпреварот од Лигата на шампионите против Ајнтрахт на 9 декември.
Откако ги повреди препоните на крајот на септември, тој се врати во тимот како плејмејкер пред сонародникот Дани Олмо. Тој постигна пет гола и четири асистенции во шест натпревари.
По поразот од 3:0 против Челзи во Лигата на шампионите, Барселона, која е втора во шпанското првенство со 31 бод, еден помалку од првопласираниот Реал, игра против Алавес во сабота.
Спорт
КК Партизан едногласно ја одби оставката на Жељко Обрадовиќ
Извршниот и Управниот одбор на кошаркарскиот клуб Партизан одлучија да го поддржат трофејниот тренер, Жељко Обрадовиќ, да ја продолжи својата мисија.
Српските медиуми пишуваат, дека на состанокот, по предлог на претседателот Остоја Мијаиловиќ, оставката на Жељко Обрадовиќ била едногласно одбиена и му била дадена безрезервна поддршка да остане шеф на тренерскиот штаб на црно-белиот тим.
Клупските челници се согласиле дека Обрадовиќ ја има нивната доверба и дека неговата работа не е доведена во прашање.
Со оглед на овој исход од состанокот, јасно е дека во следните часови и денови, црно-белите нема да се занимаваат со преговори со потенцијалниот наследник на најтрофејниот тренер од Евролигата, туку напротив – ќе се обидат на секој начин да ја променат неговата одлука и да го убедат да ја продолжи работата што ја започнал, што би ги израдувало многу фанови.
По состанокот на тоа тело, клубот од Хумска 1 се обрати до јавноста со соопштение на официјалните канали во текст насловен како „Партизан против оставката на Жељко Обрадовиќ“.
Partizan Mozzart Bet protiv ostavke Željka Obradovića!
🔗 https://t.co/uL4O0V3Hpw#KKPartizan pic.twitter.com/Y6Bxdumjp0
— KK Partizan Mozzart Bet (@PartizanBC) November 27, 2025
Спорт
Арне Слот доби ултиматум, Ливерпул го контактирале Јирген Клоп
По дебаклот на Ливерпул и поразот дома од ПСВ, 1:4, англиските медиуми пишуваат дека на „Енфилд“ бил одржан итен состанок на Управниот одбор на кој била решена судбината на тренерот Арне Слот.
Според информациите на „Телеграф“, холандскиот стручњак сè уште ја има довербата на челниците на клубот, но таа не е безусловна. Слот добил ултиматум – мора да освои максимум девет бода во следните три натпревари. Во спротивно, соработката ќе биде прекината.
Ливерпул следниот натпревар ќе го игра во недела, кога ќе гостува кај Вест Хем, потоа на 3 декември ќе го пречека Сандерленд, а третиот натпревар во серијата ќе го одигра на 6 декември на гости кај Лидс.
„Црвените“ одиграа одлично минатата сезона под водство на Слот, а тимот дополнително се засили во текот на летото. Сепак, резултатите изостанаа – поразот од ПСВ беше нивни деветти во последните 12 натпревари, а одбраната игра далеку под очекувањата.
Според англиските медиуми, челниците на Ливерпул го контактирале Јирген Клоп за да проверат дали постои можност тој да се врати, барем како привремено решение. Тие се подготвени да му понудат краткорочна соработка без долгорочен договор, свесни дека тој е сè уште прв избор на повеќето навивачи.
Проектот на Ливерпул под водство на Арне Слот е неизвесен, а следните седум дена ќе покажат дали Холанѓанецот ќе преживее на клупата на повеќекратните европски шампиони. Доколку не ги добие сите три натпревари, Управата ќе му врачи отказ.
Foto/ EPA

