Спорт
(Видео) Голема прослава за Ѓоковиќ во Белград – „Ова е успех на целата нација“
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, официјално стана рекордер по бројот на недели (311) поминати на првото место на АТП-листата. Вечерва, по овој повод, во негова чест се одржа дочек во Белград, а шампионот го прослави историскиот момент со своите сограѓани.
Заменик-градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, исто така јавно му се заблагодари на Ѓоковиќ за постигнатиот успех.
„Вечерва, Белград го слави триумфот на Ноле! Од денес белграѓанецот Новак Ѓоковиќ е најдобриот тенисер на сите времиња. Ти благодарам за радоста што му ја донесе на нашиот народ“, напиша Весиќ.
Вечерас Београд слави тријумф Нолета! Од данас Београђанин Новак Ђоковић најбољи је тенисер свих времена.
Хвала Ноле за радост коју си пружио нашем народу!
Posted by Горан Весић on Monday, March 8, 2021
„Ви благодарам што дојдовте, не очекував толку многу луѓе. Ви благодарам за сите овие години што сте со мене. Ова е успех на целата нација, не само мој и на моето семејство. Тоа го сфатив пред десет години кога успеав да го остварам детскиот сон за освојување на Вимблдон. Она што најмногу ме трогна беше тоа што го доживеав во Белград по Вимблдон кога првпат станав број еден во светот. Се вратив тука и Србија подготви нешто што ќе го паметам целиот живот. Вечно сум ви благодарен за тоа и поради тоа, чувствувам голема чест, привилегија и задоволство и одговорност да ве претставувам сите на најдобар можен начин насекаде во светот. Знам дека ви ги кинам нервите, понекогаш си ги кинам и сам на себе“, рече Новак пред насобраните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Скандал на ЕП во ватерполо – Покрената е истрага поради обложување
Неколку ватерполисти од репрезентацијата на Малта се под истрага поради сомнение дека се обложувале на гол-разликата на натпреварот од Европското првенство против Црна Гора во Белград.
Информацијата ја објави порталот „Тајмс оф Малта“. Според истиот извор, по повод настанот е покрената истрага, а повеќе детали ќе бидат познати во наредните денови.
Селекцијата на Црна Гора го доби споменатиот дуел од групната фаза со резултат 21:12. Малта беше поразена во Белград од Франција (22:13), Унгарија (21:6), а денес во битката за пласман од 13-то до 16-то место го победи Израел 16:15.
Foto/ EPA
Спорт
Манчестер Сити го обезбеди потписот на Гуехи
Манчестер Сити, постигна договор за трансферот на капитенот на Кристал Палас, Марк Гуехи. Преговорите во врска со трансферот на 25-годишниот англиски репрезентативец беа поттикнати од неодамнешните повреди на дефанзивците Јошко Гвардиола и Рубен Дијаш.
Иако личните услови сè уште не се формално договорени, не се очекува тоа да претставува проблем за реализација на трансферот. Преговорите се забрзаа во последните 24 часа, а се очекува Гуехи да му се придружи на Сити со долгорочен договор во следните неколку дена. И покрај тоа што договорот му истекува за шест месеци, Сити се согласи да плати 23 милиони евра.
Тековниот договор на Гуехи со Кристал Палас истекува на лето, а тој е поврзан со неколку водечки европски клубови.
Гуехи беше блиску до трансфер во Ливерпул минатото лето, но договор вреден 40 милиони евра пропадна во последните часови од преодниот рок, и покрај тоа што играчот ги мина медицинските прегледи.
🚨💣 BREAKING: Marc Guehi to Manchester City, HERE WE GO! 💙
Official proposal accepted by Crystal Palace right now — understand fee will be around £20m.
Guehi has ACCEPTED move to #MCFC.
Exclusive story, now confirmed. 🧨 pic.twitter.com/Vo4bKmyzCU
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) January 16, 2026
Откако се приклучи на Палас од Челзи во 2021 година, тој стана стандарден во репрезентацијата на Англија. Со Палас, тој го освои ФА Купот со победа против Сити во мај, како и Комјунити Шилд против Ливерпул претходно оваа сезона.
Потегот на Сити дојде откако хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол (23) неодамна беше опериран поради скршеница на долниот дел од ногата, додека португалскиот стопер Рубен Диаш (28) ќе отсуствува од четири до шест недели поради повреда на тетивата.
Сити веќе го потпиша Антоан Семењо од Борнмут за 62,5 милиони фунти во овој преоден рок.
Во сабота, Сити ќе игра градско дерби против Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“.
Foto/ depositphotos
Спорт
Словенија во трилер-меч ја победи Црна Гора, Португалија лесно се справи со Романија
Репрезентациите на Португалија, Словенија и Исланд забележаа победи во првите натпревари, на вториот ден од Европското првенство во ракомет.
Португалците, на отоврањето на натпреварувањето во Б групата, во која се наоѓа и Македонија, лесно ја решија Романија со 40:34. Официјално четвртата селекција од последното Светско првенство, без проблеми се спарави со Романците.
Наметнаа Португалците брз ритам,Рпманците се обидиа да го следата, но разликата во квалитетот меѓу двете репрезентации беше очигледна.
Фернандо Кпшра со девет, Мартин Кошта со седум и Рпча ја предводеа Португалија, која во второто коло, в недела ќе игра против Македонија.
Словенија, во најефиксниот меч, во историјата на континеталните шампионати, ја победија Црна Гора со 41:40.
Екипите се менуваа во водство во текот на целиот натпревар, а завршницата беше исклучително интересна.
Новак имаше украдена топка во самиот финиш, што можеби беше и клучниот потег на натпреварот, исто како и голот на Мачковшек на околу 15 секунди пред крајот.
Најефикасни играчи за Словенија беа споменатите Новак и Макуц со по девет гола. Јанц додаде осум, Кодрин шест.
За Црна Гора, најдобар беше Бранко Вујовиќ со 11 гола, а Милош Вујовиќ постигна девет.
Foto/ EPA

