Свет
Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од ЕМА – „Можно е политичко мешање“
Креаторите на „спутник в“ бараат извинување од висок функционер на Европската агенција за лекови затоа што ја спореди можноста за итно одобрување на таа вакцина со руски рулет.
На официјалниот профил на Твитер на „спутник в“ е објавено дека овие коментари на Криста Виртумер-Хохе отвораат сериозни прашања во врска со можно политичко мешање во процесот на тестирање на вакцините.
We demand a public apology from EMA’s Christa Wirthumer-Hoche for her negative comments on EU states directly approving Sputnik V. Her comments raise serious questions about possible political interference in the ongoing EMA review. Sputnik V is approved by 46 nations.
— Sputnik V (@sputnikvaccine) March 8, 2021
„ЕМА не даде такви изјави за ниту една друга вакцина. Таквите коментари се несоодветни и го нарушуваат кредибилитетот на Агенцијата и на самиот процес на тестирање”, се вели во соопштението.
Се наведува дека вакцините и ЕМА треба да бидат надвор и над политиката.
Агенцијата ТАСС пренесува дека Виртумер-Хохе ја споредила можноста за итно одобрување на руската вакцина против коронавирус во Австрија со руски рулет.
На 4 март ЕМА објави почеток на процес на експертиза за вакцината „спутник в“, при што ќе се испита усогласеноста на лекот со стандардите на ЕУ во областа на ефикасноста, безбедноста и квалитетот.
Некои земји на ЕУ веќе ја одобрија употребата на „спутник в“, без да чекаат ЕМА да ја регистрира вакцината. Вакцината во моментов е регистрирана во Унгарија и Словачка.
Ефикасноста на „спутник в“ е 91,6 проценти, објавено е неодамна во научното списание „Лансет“. Вакцината обезбедува целосна заштита од тешки случаи на коронавирус и е регистрирана во 46 земји, објави ТАСС.
Од друга страна, „војната“ околу вакцините се води и на бојното поле САД – Русија, бидејќи Белата куќа објави дека следат активности на руските разузнавачки служби кои ги поткопуваат вакцините на американските производители „Фајзер“ и „Модерена“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белата куќа: Фластерите на рацете на Трамп не се поради повреда
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Ливит, изјави дека фластерите кои во неколку наврати беа забележани на рацете на американскиот претседател Доналд Трамп не се резултат на повреда, пренесе Унилад.
Таа на прес-конференција објасни дека Трамп постојано се ракува со голем број луѓе, додавајќи дека Овалната соба „е како Гранд Централ станица“. Ливит наведе и дека претседателот секојдневно зема аспирин, што може да придонесе за појава на модринки.
Објаснувањето предизвика реакции и дополнителни прашања во јавноста, но од Белата куќа инсистираат дека здравјето на претседателот е добро. Лекарот на Белата куќа на 1 декември соопшти дека 79-годишниот Трамп е во „одлична општа здравствена состојба“ по извршен систематски преглед.
Свет
СЗО: Нема поврзаност меѓу вакцините и аутизмот
Светската здравствена организација (СЗО) објави нова анализа со која повторно потврдува дека не постои причинско-последична врска меѓу вакцините и аутизмот, спротивно на тврдењата што кружат во јавноста. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, изјави дека аутизмот не е несакан ефект од вакцините.
Анализата на Советодавниот одбор за безбедност на вакцините опфатила 31 научна студија спроведена во повеќе земји во период од 15 години, вклучувајќи вакцини што содржат алуминиум и тиомерсал. СЗО наведува дека ова е четврта ваква ревизија по оние од 2002, 2004 и 2012 година, и сите дошле до ист заклучок – вакцините не предизвикуваат аутизам.
Од СЗО потсетуваат дека тврдењата за поврзаност потекнуваат од студија од 1998 година која подоцна била повлечена поради фалсификувани податоци. Организацијата нагласува дека вакцините остануваат едни од најважните медицински достигнувања и дека значително придонеле за намалување на смртноста кај децата.
Свет
Си-ен-ен објави: Американската ФДА разгледува воведување највисоко предупредување за вакцините против ковид-19
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) планира да воведе т.н. „блек бокс“ предупредување, највисоко ниво на безбедносно предупредување, за вакцините против ковид-19, објави Си-Ен-Ен.
Станува збор за предупредување кое се користи за истакнување на сериозни ризици, животозагрозувачки и трајни несакани ефекти, кои мора да се земат предвид во однос на придобивките од вакцината. Планот сè уште не е конечен и не е јасно дали ќе се однесува само на мРНА вакцините или на сите вакцини против ковид-19, ниту дали ќе ги опфати сите возрасни групи.
Американското Министерство за здравство и социјални услуги (ХХС) не го потврди планот, наведувајќи дека без официјална објава од ФДА, станува збор за шпекулации.
Според научни проценки што ги пренесува Си-Ен-Ен, вакцините против ковид-19 во првата година од примената спречиле околу 20 милиони смртни случаи во светот. Податоците на американскиот ЦДЦ покажуваат дека вакцинираните деца во сезоната 2024/2025 имале значително помал ризик од итни лекарски интервенции поради ковид-19.
ФДА претходно побара проширување на предупредувањата за ризик од миокардитис и перикардитис, ретки воспаленија на срцето, кои најчесто се јавувале кај млади мажи по мРНА вакцините. Според ЦДЦ, повеќето случаи завршиле со закрепнување, без смртни исходи.
Повеќе експерти предупредија дека воведување на „блек бокс“ предупредување без јавно достапни докази може да ја наруши довербата во вакцините. Од ФДА и HHS ги отфрлија тврдењата дека процесот е политички мотивиран.
Конечната одлука на ФДА се очекува до крајот на годината, но плановите сè уште може да се променат.
Фото: Депозитфотос

