Спорт
Нико Ковач со Монако ги засени достигнувањата на Дешам, Раниери, Венгер
Хрватскиот фудбалски тренер Нико Ковач оствари голем успех со екипата на Монако. По победата на клубот од кнежевството кај Ница, во шеснаесет-финалето од францускиот куп (2-0) Нико Ковач ја забележа 19-тата победа во 30-тиот меч на клупата на Монако сезонава. Со тоа оствари 63 % победи откако е на кормилото на клубот, кој претходните сезони се бореше за опстанок.
Во историјата на клубот Монако осумпати бил шампион на Франција и петпати го освојувал купот, а на клупата на екипата биле имиња од калибарот на Арсен Венгер, Жан Тигана, Дидие Дешам, Клаудио Раниери и Леонардо Жардим. Само еден тренер остварил подобар резултат од Ковач во првите 30 меча на кормилото.
Тоа е Анџело Гризети и тоа во далечната 1952/1953 година. Тој тогаш имал 67,5 % успешност.
Ковач има одлична сезона со Монако, пред две недели кај Стразбур во Лига 1 екипата го доживеа првиот пораз (1-0) по 12 меча без пораз, од кои 10 беа победи.
Во моментот во првенството Монако е на четвртата позиција со -7 бода од лидерот Лил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Вини два пати погоди од пенал, Реал го победи Реал Сосиедад
Реал Мадрид е незапирлив со Алваро Арбело на клупата. „Кралскиот клуб“ ја забележа осмата победа по ред во Ла Лига.
Во натпреварот од 24-то коло, Реал Мадрид го победи Реал Сосиедад со 4:1 (3:1). Мбапе не играше, а три од петте гола беа постигнати од 11 метри.
Серијата на голови ја отвори Гонзало Гарсија во петтата минута. Ојерзабал изедначи од пенал во 21-та минута, а само четири минути подоцна, исто така од пенал Винисиус му ја врати предноста на Реал.
По половона час игра гол за Реал постигна и Феде Валверде. Уругваецот го постигна во Ла Лига од 20 април минатата година.
Точка на натпреварот стави Винисиус во 48-та минута, повторно од пенал. Последен пат Винисиус постигна два гола на 4 октомври, минатата година, во дуелот со Виљареал.
Реал Мадрид сега има 60 бода на првото место на табелата, два повеќе и еден натпревар повеќе од Барселона, додека Сосиедад е осми со 31 бод.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Јуве со играч помалку не успеа да го шокира Интер, Зјелински херој во 90-та минута
Во 186-то „Дерби дела Италија“ одиграно на стадионот „Џузепе Меаца“ во Милано, Интер го победи Јувентус со 3:2. Лидерот во Серија А го слави Пјотр Зјелински, кој во 90-та минута го постигна голот за победа.
По април 2024 година и дури 11 натпревари, само во Серија А, против трите најголеми конкуренти Јувентус, Милан и Наполи, Интер конечно успеа да добие еден дерби натпревар.
По победата 3:2 во дербито, Интер има капитални осум бода во однос на градскиот ривал Милан.
По бавниот почеток, Интер ја искористи првата вистинска шанса, Камбијасо во 17-та минута си постигна авто-гол За киксот, Камбијасо се искупи осум минути подцна кога успеа да изедначи.
Јуве по израмнувањето беше подобриот тим на теренот, но Интер имаше чиста шанса преку Тира,, а потоа и Бастон. Во истата минута, 42-ра, се случи клучниот момент во натпреварот.
Поради грешката на Мирети, Калулу се обиде да спречи контра на Интер, доби жолт картон, кој за него беше втор, поради што мораш да го напушти теренот.
Нова предност на Интер му донесе младиот напаѓач Пио Еспозито во 76-та минута, а девет минути подцна Локатели изедначи на 2:2.
Како што се очекуваше, Интер тргна на „сè или ништо“. А Ди Грегорио имаше брилијантна интервенција во 89-та минута, кога му однесе зицер на Бисек.,
Но, во 90-та минута немаше спас за Јувентус. Зјелински шутираше од 18 метри, ја протурка топката низ нозете на Локатели, а Ди Грегорио беше немоќен.
Foto/ EPA
Спорт
МЗТ против Куманово ќе го брани трофејот во Купот
МЗТ и организаторот на завршниот турнир од Купот „Благоја Георгиевски-Буштур“, Куманово, утре ќе се борат за трофејот, откако во полуфиналето славеа во дуелите со Кожуф, односно ТФТ.
МЗт, во првото полуфинале, го декласира ланскиот противник во финалето Кожуф со 76:58.
Шести пат по ред, а вкупно 19. пат во својата историја, МЗТ Скопје Аеродорм ќе игра во финалниот натпревар од Купот„ Благоја Георгиевски-Буштур“.
На браителот на трофејот, Кожуф му пружи отпор само во првите 17 минути. Кога МЗТ стекна двоцифрена бредност, јасно беше кој е биде конечниот побеник.
МЗТ го предводеа Смит Мексвејн со 12 поени, Магдевски и Д.Стојановски имаа по 10, ветеранот додаде и шест скока и две асистенции.
На другата страна од теренот, Кузманов застана на двоен ефект, од 15 поени и 10 скока, Николас и Симиќ постигнаа по 12.поени.
Куманово, во изедначен натпревар, го победи ТФТ со 87:79. Блескаше Николиќ, кој не дозволи изнандување во полуфиналето.
Николиќ го заврши мечот со 31.поен (7/9 за три поени), пет асистенции и пет скока. Луковиќ додаде 17.поени и осум скока, Стевановиќ 11поени, седум скока и две додавања. а Ѓуроски имаше 10.поени и две асистенции.
Во поразената екипа, Дејвис заврши со 24.поени, по четири скока и асистенции, Гордон имаше 15 поени.
Финалето во Куманово, утре, ќе започне во 19 часот.
Foto/ mkd.basketball

