Спорт
Невозможна мисија за Барселона во Париз
Нови два натпревари вечерва ќе се одиграат во Лигата на шампионите. Осмина-финалните реванши ќе ги одиграат Ливерпул и Лајпциг, односно ПСЖ и Барселона. Вечерашните домаќини ги делат 90 минути од четврт-финалето, бидејќи славеа на првите натпревари, Ливерпул со 2:0, а ПСЖ со 4:1.
Пред три недели, Барселона претрпе катастрофален пораз од ПСЖ. „Светците“ предводени од Килијан Мбапе, на „Ноу Камп“ победија со 4:1.
Мбапе во првиот меч ја немаше помошта на Најмар, а без неа ќе биде и вечерва, бидејќи Бразиелцот сè уште не закрепнал од повредата. Добра вест за Маурицио Покетино е што во тимот се врати Анхел Ди Марија, па за место во стартните 11 ќе конкурураат сите, со исклучок на Нејмар.
Поголеми проблеми со повредени играчи има Барселона. Роналд Куман тимот ќе го составува без двајцата стандардни централни дефанзивци, Пике и Араухо, а подолго време повредени се Ансу Фати и Филипе Кутињо.
Во Барселона, веруваат дека можат да го повторат подвигот од пред четири години, кога минусот од 4:0 по првиот меч го претврија во плус од 6:1. Разликата е што пред четири години, Барселона предноста ја надомести на домашен терен.
Лајпциг е еден од ретките тимови кого Ливерпул успеал да го победи во последно време. Пред три недели, во Будимпешта, Ливерпул искористи две грешки на Лајпциг и обезбеди предност пред реваншот од два гола.
Интересно и реваншот ќе се одигра во главниот град на Унгарија.
Лајпциг ќе се обидат да направат чудо, додека за Ливерпул Лигата на шампионите е единственото натпреварување во кое можат да ја спасат сезоната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Црните мачки“ го запреа Арсенал
Сандерленд дефинитивно се хит во Премиер лигата на Англија. Вечерва „црните мачки“ ја прекинаа серијата од десет победи во која се наоѓаа фудбалерите на Арсенал.
Во спектакуларен меч на „Стадионот на светслината“, Сандерленд против лидерот одигра 2:2.
Гостите, лидерите на табелата, беа на прагот на победа што ќе ги однесеше на +9 во однос на конкурентите. Им се стемни кога во последната минута од судиското продолжение со акробатски потег гол постигна, Брајан Броби.
Тоа беше првиот гол на Холанѓанецот оваа сезона.
Претходно Балард, фудбалер кој потекнува од академијата на Арсенал, му донесе предност на Сандерленд. Изедначи Сака, а пресврт направи Тросар.
Спорт
Гризман постигна гол 28 секунди откако влезе во игра и реши Леванте
Атлетико Мадрид ја забележа својата четврта последователна, а вкупно шеста победа во последните седум натпревари во Ла Лига.
Во натпреварот од 12-то коло, „јорганџиите“ го победија Леванте со 3:1 на својот стадион.
Антоан Гризман, кој беше двоен стрелец за домашниот тим, постигна гол во 61-та и 80-та минута. Французинот постигна три гола во последните две кола.
Она што ќе се памети од овој натпревар е еден од најбрзите голови постигнати од клупата во историјата на шпанската лига.
Гризман ја затресе мрежата само 28 секунди откако влезе на теренот наместо Бариос. Ова е најбрзиот гол на резервен играч во последните десет години, кога станува збор за Ла Лига.
Спорт
Норис на пол-позцијата во Бразил, ужасни квалификации за Ферстапен
Актуелниот шампион Макс Ферстапен имаше очаен настап во квалификациите за Големата награда на Сао Паоло. Холанѓанецот испадна во првата квалификациска сесија, трката ќе ја започне од 16-та позиција. На пол позицијата е Ландо Норис, а до него во првиот ред е тинејџерот од Мерцедес, Андреа Кими Антонели.
Лошиот пласман на Ферстапен може да го отпише од шампионската трка. Со оглед на тоа што веќе е 39 поени зад лидерот Ландо Норис, сонот за одбрана на титулата полека станува токму тоа – сон. Последен пат вакви ужасни квалификации Макс имаше во 2021 година и Сочи.
Вториот ред на утрешната трка го комплетираа Шарл Леклер и Оскар Пјастри, а третиот Исак Хаџар и Џорџ Расел.
Траката за Големата награда на Бразил, утре ќе започне во 18 часот.

