Економија
Сите 860 вработени во „Костал Македонија“ ДООЕЛ Охрид со обезбедено приватно здравствено осигурување
Еден од најголемите договори за приватно здравствено во државата склучен со „Кроација осигурување“
Сите вработени во „Костал Македонија“ ќе бидат здравствено осигурени во „Кроација осигурување“. Ова е еден од најголемите договори од ваков тип случен во државата и дава пример за грижата на една компанија кон своите вработени.
„Костал Македонија“ е германска инвестиција во земјава и со потпишувањето на овој договор, преку партнерски однос со „Кроација осигурување – неживот“ поставуваат нови стандарди на осигурителниот пазар, посебно во делот на приватното здравствено осигурување. Изборот за „Кроација“, од „Костал Македонија“ го објаснуваат поради одличниот пристап кон приватното здравствено осигурување, лесно достапната услуга за вработените зад кој пристап стои сопствен контакт-центар, како и широко распространета мрежа на даватели на здравствени услуги кои имаат договорен однос со „Кроација“.
![]()
„Потпишување на овој договор ја поставува нашата компанија високо на листата кредибилни и доверливи партнери за осигурување. Иако интересот за приватно здравствено осигурување расте, сепак сè уште не се јасни придобивките од ваков тип осигурување, коешто овозможува брз и лесен пристап до врвни специјалистички услуги во делот на здравството. Овој договор за нас во „Кроација“ истовремено покажува дека стандардите кои ги поставуваме се вистински избор за клиентите, а довербата што ја добиваме е поттик само да бидеме подобри во нашата работа”, изјави Александар Манев, генерален директор на „Кроација осигурување – неживот“.
„Костал Македонија“ со овој договор поставува нови стандарди за компаниите кои сакаат да растат и да се развиваат во Македонија. Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“ , смета дека грижата за вработените е влог во заедничката иднината.
![]()
„Здравјето и благосостојбата на вработените е наш приоритет и со овој тип договор покажуваме дека нашите вработени се во центарот на сите наши активности. Нема развој на една компанија ако немате задоволни, среќни и здрави вработени. Грижата за нив мора да ја спроведеме и во пракса, а на овој начин знаеме дека нашите вработени во секое време ќе добиваат врвна медицинска услуга, која, општо земено, во нормални услови, посебно сега во време на пандемија, на сите ни е повеќе од потребна”, изјави Виктор Мизо, генерален директор на „Костал Македонија“
„Кроација осигурување“ е компанија која успешно работи во осигурителниот сектор од нејзиното основање во 1884 година, а на македонскиот пазар е присутна од 2009 година. Со долгогодишната работа и богатото портфолио создаде капитал од знаење, традиција, стабилност и доследност во работењето, кое го има стандардизирано со имплементирање на најнапредните меѓународни сертификати за квалитет и за задоволство на корисници.
(ПР-текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Андоновски: Е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел
Владата на Република Македонија ја потврдува својата посветеност кон унапредување на електронската трговија како двигател на економијата, преку спроведување на јасна стратегија за дигитална трансформација, зајакнување на интероперабилноста и намалување на административните пречки за граѓаните и компаниите, изјави министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, на отворањето на 8-та Регионална Е-комерц конференција во Скопје.
Тој истакна дека е-трговијата веќе не е алтернативен, туку доминантен економски модел, кој бара силна поддршка од државата преку модерни дигитални платформи, регулаторна предвидливост и иновации ориентирани кон пазарот.
„Интероперабилноста што ја бесплатно ја овозможивме за повеќе од 76 институции и компании – со повеќе од 2.6 милиони безбедни трансакции месечно и раст од 260% – претставува не само успех на администрацијата, туку можност за приватниот сектор. Таа отвора простор за дигитални услуги, безбедна размена на податоци, брз пристап до потребните административни податоци и нови бизнис-модели што ја поврзуваат државата и компаниите во еден заеднички дигитален екосистем“, изјави министерот Андоновски.
Во рамки на поддршката за мали и средни претпријатија, Министерството за дигитална трансформација преку Европскиот дигитален иновациски хаб – INNOFEIT EDIH, им овозможува на компаниите пристап до лаборатории, дигитални алатки и експертска поддршка за тестирање нови технологии пред инвестирање. Овој хаб нуди и обуки за дигитални вештини во областа на вештачка интелигенција, сајбер-безбедност, автоматизација и интернет на нештата, со цел да ја зголеми конкурентноста на домашните компании на европскиот пазар.
Во истата насока, Националниот центар за вештачка интелигенција – Везилка, развива АИ решенија применливи и во приватниот сектор, со што создава услови електронската трговија да стане поефикасна, попаметна и побезбедна.
„Намалувањето на бирократијата и отворањето на податоците за бизнис-заедницата се клучни за модерна држава. Владата создава инфраструктура каде иновацијата е во центарот, а граѓаните и компаниите се вистинските корисници на дигиталната трансформација“, додаде Андоновски.
Тој најави дека во следниот период Владата ќе продолжи да инвестира во дигитална инфраструктура, унапредување на екосистемот за иновации, како и во програми за поддршка на стартапи и претприемачи во дигиталната економија.
Економија
„Виз Ер“ воведува евтина „бизнис класа“, можете да платите за да го задржите средното седиште празно
Нискобуџетната унгарска авиокомпанија „Виз Ер“ ќе започне со тестирање на таканаречената „основна бизнис класа“ на одредени летови од декември оваа година, нудејќи малку повеќе удобност во рамките на својата стандардна услуга без додатоци. Оваа нова функција ќе биде воведена на пет рути, вклучувајќи летови до Лондон, Рим и Будимпешта.
Концептот е едноставен – во првиот ред од авионот, средното седиште ќе биде оставено празно за да им се обезбеди на деловните патници повеќе простор и да се олесни качувањето. Мајкл Делехант, виш комерцијален и оперативен директор, нагласи дека цената нема да биде драстично повисока.
„Што се однесува до цените на билетите, таа никогаш нема да биде повеќе од цената на купување дополнително седиште“, изјави тој на прес-конференција.
Иако билетите за овие специјални седишта ќе бидат поскапи, патниците сепак ќе бидат третирани исто како и сите други.
„Повеќе се работи за ефикасноста на патувањето и малку дополнителен простор во авионот“, рече Делехант.
Воведувањето премиум услуги е тренд што го следат и американските нискобуџетни превозници за да се натпреваруваат со големите превозници.
Делехант забележа дека сè уште има силна побарувачка за нискобуџетни летови во Европа, но дека пазарот треба да се развива.
Економија
Поскапуваат бензините и дизелот
Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ).
Од 4.11.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,913 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менува.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,856 ден/кг и сега ќе изнесува 36,913 ден/кг.

