Македонија
(Видео) Милошоски: Која е фантом фирмата поради која Кина одбила соработка за вакцините
Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски зборувајќи за, како што рече, здравствен скандал што се случил уште во декември минатата година праша зошто Македонија е меѓу последните земји во светот по набавка на вакцини.
„Денеска, за жал, дознаваме дека трката по провизии била побитна од набавката на вакцини. Она што се обиделе во текот 2020 година декември да го направат Заев и Филипче со вакцините наместо да следат регуларна процедура за набавка на вакцини преку државните канали е да ангажираат фантом фирма со своја компанија регистрирана во Хонгконг. Затоа нашето главно прашање е кое е името на фантом фирмата што е регистрирана во Хонгконг и како Министерството за здравство ја одбрало токму оваа компанија за да посредува при набавката на кинески вакцини“, истакна Милошоски.
Тој ги посочи написите во весникот „Ла верита“ во кој, како што рече, било објавено дека првиот пат Кина одбила соработка со Министерството за здравство и македонската влада поради фактот што министерот за здравство побарал таа набавка да биде преку сомнителна компанија.
„Денес премиерот Заев истакна дека таа приватна компанија била ‘Пауер Чајна’ односно ‘Синохидро“. Но според она што може да се види во регистарот на овие компании е дека ниту ‘Синохидро’, ниту ‘Пауер Чајна’ не се регистрирани во Хонгконг. Ниту, пак, истите важат за фантом фирми“, рече Милошоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Сопиште денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 09:00 до 12:00 часот дел од корисниците, на село Горно Соње, општина Сопиште.
Македонија
Сообраќајот низ државата во зимски услови, магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Намалена видливост и појава на магла на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица до 60 метри.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, максималната температура до 11 степени
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб, а долж Повардарието умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 11 степени.
Во Скопје, променливо облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Времето во наредните денови
Од среда времето ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен, а во среда засилен ветер од југоисточен правец. Температурите ќе бидат во пораст.

