Македонија
Донаторско-хуманитарна кампања на „Хемофарм“ АД Скопје и СОС Детско село
Со секој продаден пробиотик за деца ПРОБИОКИД ИМУНО, „Хемофарм“ донира 30 денари на СОС Детско село, бидејки ниту едно дете не треба да расте само.
Денес, во просториите на „Програмата за згрижување на деца без родителска грижа” на СОС Детско село, се одржа средба со г-ѓа Славица Тодоровска, директорка на претставништво на „Хемофарм“ АД Скопје, и Виолета Георгиевска, раководител на центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село.
Средбата се одржа по повод почеток на донаторско хуманитарна кампања иницирана од „Хемофарм„ АД Скопје. Преку оваа кампања со почеток од 15 март 2021 година во сите подоброснабдени аптеки производот на „Хемофарм“ за деца, ПРОБИОКИД ИМУНО ќе има хуманитарно обeлежје и тоа 30 денари од продажбата ќе биде донирана за потребите на децата, младите и семејтвата во ризик, поддржани од СОС Детско село.
„Во време на светска пандемија кога сите се грижиме за нашето здравје и здравјето на нашите најмили, ‘Хемофарм’ АД Скопје се погрижи и најранливите и тоа децата без родители и родителска грижа. Со најновата хуманатирна кампања во која со купување на вашиот омилен имуностабилизатор за деца ProbioKid Immuno Вие ги помагате и децата без родители и родителска грижа, тТопол дом и грижа за секое дете заедно со ‘Хемофарм’ Ад Скопје“, изјави директорката на претставништвото на „Хемофарм“, г-ѓа Славица Тодоровска.
Во домашна атмосфера во едно од 12 семејства кои се дел од програмата за згрижување на деца без родители се одржа пријатна средба во која се споделија многу совети за развој на имунитетот на децата и се донираа дополнително и пробиотици ПРОБИО КИД ИМУНО и за 60 деца кои се дел од грижата во СОС Детско село.
„Работењето, живеењето и чувањето на здравјето во 2020 и 2021 година, во услови на светска пандемија, нè засегна сите. И професионално и приватно и допре во секоја сфера на нашето живеење. A најмногу во клетката на нашето живеење – нашите семејства, нашите блиски и нашите соработници за кои здравјето и сигурноста се прв приоритет. За СОС Детско село приоритет се деца, млади и семејства на кои секојдневно во континуитет им треба нашата поддршка, која може во континуитет да се одвива со поддршка од нашите пријатели и поддржувачи како што станаа сега и Хемофарм Ад Скопје. Корпоративните донациии и вакви кампањи креираат дом за секое дете“, изјави г-ѓа Виолета Георгиевска, раководител на центарот за поддршка на згрижувачки семејства при СОС Детско село.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Арсовска не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанокот на мандатот, ја обвини ДКСК за јавен линч
Поранешната градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска, не знаела дека треба да поднесе имотна состојба по престанок на нејзиниот мандат и вели дека никој не ја информирал за таквата обврска. Таа се најде на листата што денеска ја објави Државната комисија за спречување на коруппцијата со имиња на поранешни и нови градоначалници кои не поднеле изјава за имотна сосотјба. Арсовска ја обвини ДКСК за јавен линч и побара одговори од таму на кој начин ја креирале листата на која како број 1. е објавено нејзиното име.
„Ве известувам дека денес 17.12.2015 година (среда) од медиумите дознав информација која сте ја пуштиле како соопштение дека согласно член 82 став 3 од наведениот закон, по престанокот на функцијата градоначалник, постои обврска за поднесување изјава за имотна состојба. Сите оние кои не се реизбрани и на кои им настанал престанок се најдоа на листата која сте ја лиферувале, а истото потекнува од очигледна неинформираност од ваша страна за постоење на таква обврска. Доколку ја извршувате вашата функција соодветно и доследно нема тенденциозно да покренувате јавен линч за деградација, бидејќи да сте биле професионални и да сте го застапувале законот, ќе не информиравте лично за обврската или со соопштение преку медиумите, ете баш на истиот начин на кој за жал настапивте за да си направите себепромоција дека не се поднесени изјави за престанок“, напиша Арсовска во порака до ДКСК која ја сподели и со медиумите.
Таа вели дека добро ќе било ДКСК да сработи нешто за мултимилионската корупција во Македонија и сериозните криминали кои се случуваат вклучувајќи ги и институционалните непостапувања за случаи како загадувањето од страна на УСЈЕ или трагедијата во Кочани, наместо да се заканува со прекршочни глоби.
Арсовска вели дека очигледно сите 35 поранешни градоначалници кои не продолжуваат мандат не знаеле за постоењето на оваа одредба.
Таа додава дека нема никакви промени во нејзината имотна состојба.
„Да си ја вршите работата како треба и соработувате со институциите, на почетокот на мандатот ќе ги информирате за постоењето на обете обврски. Ве информирам дека со оваа изјава за имотна состојба и интереси по престанок на функцијата градоначалник ве информирам дека немам никакви промени согласно денот на завршување на мандатот“, пишува Арсовска.
Поранешната градоначалничка побара и одговори од ДКСК во врска со објавената листа.
„За крај, би сакала да ме информирате по писмен пат на овој е-маил, на кој начин ја креиравте листата која ја лиферувавте низ јавноста каде како број 1. сте го објавиле моето име и дали е истото сторено по азбучен ред, по возраст, по пол, по тоа кој е најсиромав или по ваше лично убедување како и кому најмногу да се осветите и да наштетите со Вашите небулози“, пишува Арсовска, која во електронската порака е потпишана како портпарол за етика и спречување на корупција на Конгресот на Совет на Европа.
Македонија
Мицкоски: Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство
Поради вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство, изјави премиерот, Христијан Мицкоски во Брисел.
Тој кажа дека Владата ги презема сите реформи за конечно започнување на преговорите и дека македонските граѓани заслужуваат да се во ЕУ.
„Добро е кога Западен Балкан е во оптиката на Европската Унија, тоа е охрабрувачки за граѓаните на Западен Балкан затоа што на тој начин се покажува интересот за нашата заедничка иднина бидејќи Западен Балкан географски припаѓа на Европа и логично е да заедно се интегрира во рамките на ЕУ. Ние како држава тоа го заслуживме многу одамна бидејќи нашиот пат започна уште пред 25 години, но поради би рекол вештачки причини ние сè уште не можеме да бидеме дел од европското семејство. Како држава и како влада се поврзуваме да го испорачаме сето она коешто е потребно во овој процес, не поради самиот процес туку пред сè поради македонските граѓани, бидејќи тие тоа го заслужуваат“, рече Мицкоски.
Премиерот изрази очекување дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка во процесот.
„Така работиме до сега така ќе продолжиме понатаму и очекуваме дека билатералните прашања нема да бидат наша пречка туку напротив очекуваме од нашите соседи поддршка во оваа наша амбиција да бидеме дел од ЕУ и она коешто е најважно, да бидеме оценувани според постигнувањето, а не според билатералните прашања“, рече Мицкоски.
Македонија
СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието
Предавниците од ДПМНЕ-ЗНАМ денеска го изгласаа предавството на Македонија, ја изгласаа предавничката Резолуција што сами си ја донесоа во Собранието, велат од СДСМ.
Според партијата, денешниот 17 декември 2025 година ќе остане запаметен како ден на којшто ДПМНЕ и ЗНАМ го завериле предавството на Македонија.
„Без Христијан Мицкоски кој ги остави сами. Побегна дури до Брисел, остави други да го изгласаат неговото предавство на Македонија. Прашањето е дали сите пратеници на ДПМНЕ-ЗНАМ добија по 1,2 милиони евра, дали добија по 5,3 милиони евра, дали добија по 9 милиони евра за оваа срамна одлука – за ова предавство? Колку пари земавте за предавството на Македонија? Дали на сите ви поделија тендери? Колкав е вашиот дел од 6 милијарди евра кредит“, прашува СДСМ.
Опозицијата вели дека нема да биде нем посматрач на ова, како што го нарекуваат, национално предавство, мигранти за пари.
„Заедно со граѓаните, ќе ги искористиме сите демократски механизми за да се спротивставиме на ова национално и државно предавство. Ги повикуваме сите опозициски партии, здруженија, невладини организации да ни се приклучат во фронтот против криминалната власт. Ги повикуваме и искрените и чесни членови на ДПМНЕ кои ја сакаат Македонија и знаат дека ова што го прави нивното раководство е за пари да се приклучат“, велат од СДСМ.
Пратениците денеска ја изгласаа резолуцијата за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција, поднесена од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
„Резолуцијата поднесена од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата става крај на сите шпекулации, дезинформации и лажни сценарија кои токму СДС се обидува да ги наметне во јавноста, а се поврзани со наводно прифаќање мигранти или изградба на кампови. Со овој документ јасно се отфрлуваат и се поништуваат сите аранжмани, одлуки и политики поврзани за кампови за мигранти донесени од поранешната влада на СДС предводена од Заев, на која дел беше и Венко Филипче. Оваа резолуција го покажа вистинското и лицемерно лице на СДС и трајно ќе ја затвори, од нив измислената тема за наводни мигранти во Македонија“, соопштија претходно од ВМРО-ДПМНЕ.

