Контакт

Соопштенија

Царина: Во изминатиов период има засилени контроли за откривање на нелегален промет на тутун

Објавено пред

Од Царинската управа упатуваат реакција на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ , на која беа изнесени информации за наводен нелегален увоз на тутун. На ваквите  информации  од Царинската управа велат дека управата  превзема континуирани активности  изминатите месеци.

dobivaj vesti na viber

„Царинската управа ве известува дека континуирано во изминатиот период од повеќе месеци презема засилени активности преку криминалистички истраги во соработка со надлежното Јавно обвинителство, во насока на откривање и прогон на лица вклучени во нелегални дејствија во врска со промет на тутун“, велат од управата.

Од таму појаснуваат дека, во месец ноември 2020 и јануари 2021 биле поднесени две кривични пријави во кои се опфатени три правни лица и три физички лица, а во таа насока истрагата  била продолжена и во тек е прибирање на сознанија и докази за евентуални незаконски активности и на други физички и правни лица, меѓу кои и за споменатата „Студенац“.

„За конкретниот предмет надлежното Јавно обвинителството – Куманово е веќе известено и до него се доставени докази по кои се постапува. Царинската управа од страна на надлежното обвинителство има добиено конкретни насоки и задолженија за понатомошно постапување. Во интерес на истрагата не може да дадеме подетални информации, но сметаме дека со изнесувањето на вакви информации во јавност, кои се дел од официјална истрага се прави штета на напорите за сузбивање на криминалот и запазување на законитоста во работењето“,  посочуваат од оваа институција.

Соопштенија

Герасимовски: Исчистена депонијата под Кале, не дозволуваме центарци да се гушат во смет

Објавено пред

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, заедно со ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ – ПОЦ и вредните хигиеничари денеска спроведоа акција за чистење на депонијата кај полигонот на Кале.

dobivaj vesti na viber

Во изјава за медиумите, Герасимовски потенцираше дека изминатите четири години го сработуваат и она што Град Скопје не го работи.

„Денеска се чисти просторот под Кале, добро познатиот полигон, каде што се сочуваме со огромна депонија. Нема да дозволиме центарци да се гушат во смет. Заедно со нашите тимови на луѓе, заедно со хигиеничарите, заедно со сите вработени сме постојано на терен, дури и во ноќните часови. Изнајмивме дополнителна механизација за цело ѓубре што се прелева на улиците и на одредени депонии биде отстрането од наша страна“, вели Герасимовски.

Тој, истакна дека по завршувањето на чистењето на депонијата во населбата Крњево, викендов хигиеничарите продолжиле со чистење и целосно отстранување на опожарените бараки во кои беше сместен поранешниот Суд за прекршоци, кај салата „Партизан“ во Градскиот парк.

„Нашите служби, заедно со мене, заедно со директорот на ПОЦ Душко Коцевски ќе бидеме постојано на терен за да ја подигнеме хигиената на што повисоко ниво“, потенцираше Герасимовски.

Во чистењето на депонијата кај Кале, вклучена беше целата механизација со хигиеничарите, според соопштеното.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ЗНАМ: Вложуваме во повеќе паркови и зеленило, инвестираме во здрава иднина на граѓаните

Објавено пред

Движењето ЗНАМ – за наша Македонија, денеска ги претстави приоритетите од изборната програма за идниот мандат во Куманово посветени на подобрувањето на животната средина со повеќе паркови и зеленило.

dobivaj vesti na viber

„Зелените површини и парковите се белите дробови на градот. Тие обезбедуваат чист воздух, создаваат простор за одмор, дружење и рекреација, а истовремено ја зголемуваат убавината и квалитетот на урбаното живеење. Вложувањето во паркови и зелени површини значи инвестиција во здравјето на граѓаните, подобра животна средина и одржлива иднина за сите“ изјави кандидатот за советник од редовите на Движењето ЗНАМ Душан Крстиќ.

Тој нагласи дека Општина Куманово целосно ги реконструираше двата најголеми паркови – Соколанскиот Градскиот парк, исклучително важни локации што го разубавуваат градот и се одлично место за рекреација на граѓаните. А, за идниот период најавуваат уште позасилено темпо на работа и повеќе десетици проекти. Меѓу кои:

· Изработка на стратегија за урбано зеленило и делување според акцискиот план.

· Урбан сквер со зелена површина или мини парк во секоја локална заедница.

· Воспоставување катастар на зеленило.

· Заштита на сите неизградени, а планирани зелени површини во опфат на Генералниот урбанистички план и нивна реализација како уредено зеленило во паркови со урбана опрема.

Пет нови паркови:

· Изградба на нов парк на влез во с. Проевце;

· Изградба на урбан сквер „Гоце Делчев“ со парк, фонтана и урбана опрема на влез во населба Гоце Делчев;

· Нов парк на место на времените објекти на локалитет Табакана.

· Парк со урбан сквер и шеталиште до Спортската сала, спроти Градскиот кеј по должина на бул. „Октомвриска револуција“.

· Парк на улица „Карадачки одреди“ во населба Тоде Мендол.

· Збогатување на содржините на Спомен костурница со ново игралиште, нова урбана опрема, простор за пикник и рекреација.

· Изградба на урбани зелени скверови на локација Ловец, до поранешен хотел „Кристал“, на ул. „Гоце Делчев“, на завршеток на ул. „Илинденска“ со ул. „Доне Божинов“, на место на времени објекти помеѓу ул. „Трст“ и ул. „Доне Божинов“.

· Нови дрвореди на ул. „Ленинова“, ул. „Браќа Рибар“ (Нагорички сокак), бул. „Октомвриска револуција“, бул. „Трета МУБ“ и на други локации каде има услови.

· Уредување на сите водни текови согласно Студија за водни текови на територија на Општина Куманово.

· Уредување на просторот околу речните корита со зелени површини, трим патеки, урбана опрема и простор за рекреација.

· Промоција на позитивни примери на општествено одговорни граѓани, обезбедување грантови и кампањи за поттикнување на еко активизам.

· Пешачка патека во шумскиот предел на локација Студена вода со летниковци за одмор до с. Биљановце – погодна за развој на детско извидништво.

· Уредување на просторот меѓу ул. „Вараждинска“ и бул. „Октомвриска револуција“ со урбана опрема и зеленило.

· Уредување на државно неизградено земјиште меѓу блок згради на бул. „Октомвриска револуција“, како и во населба Гоце Делчев и Зелен Рид.

· Поставување на систем за наводнување „капка по капка“ на зелени површини долж бул. „Трета МУБ“, бул. „Октомвриска револуција“ и на други зелени површини.

· Поставување фонтани за пиење вода на повеќе локации.

· Поставување јавни тоалети во сите градски паркови и во центарот на градот.

„Куманово денес ја покажува својата посветеност кон поубава и поздрава животна средина. Секое засадено дрво е дел од нашата грижа за иднината, секој уреден парк е симбол на општината што мисли на своите граѓани.

Зелено Куманово не е само проект – тоа е наш заеднички дух, начин да покажеме дека се грижиме за градот и идните генерации. Со повеќе паркови, повеќе дрвја и чист воздух, Куманово станува град по мерка на човекот – модерен зелен дом за сите нас“.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

Бајовски: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира

Објавено пред

Од

Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, е пораката од вчерашниот митинг на ВМРО – ДПМНЕ и кандидатот за градоначалник, Зоран Бајовски во Чучер Сандево.

dobivaj vesti na viber

На митингот присуствуваа и претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христјан Мицкоски, потпретседателот и министер за правда, Владо Мисајловски и низа партиски функционери.

Бајовски е кандидат кој се обврзува на транспарентност и мерливи резултати, сплотен со тим поддржан од партијата.

Пораката на митингот беше: Чучер Сандево заслужува инфраструктура што функционира, чиста животна средина, поддршка за локалната економија и социјални политики кои ги штитат ранливите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија25 минути

Јован Божиновски назначен за нов директор на Клиникaта за неврологија, соопшти Алиу

Министерот за здравство Азир Алиу, на денешната прес-конференција информираше дека за нов в.д. директор на Клиниката за неврологија е назначен...

Македонија2 часа

Ѓорѓиевски дискотеките ќе ги извади на периферијата, младите брачни двојки ќе бидат 100 % ослободени од комуналии ако градат куќа

Иднината на Скопје, кандидатот за градоначалник од ВМРО – ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски ја гледа како град кој функционира паметно, брзо...

Македонија3 часа

Новата грејна сезона официјално почнува на 15 октомври: испораката на топлинска енергија ќе зависи од атмосферските услови

Од 15 октомври, официјално почнува грејната сезона 2025/2026 година за сите потрошувачи приклучени на системот за централно греење во градот...

Македонија3 часа

Инспектор од Тетово уништувал докази во постапка против неговиот син кој бил уапсен за трговија со дрога

Полицијата поднесе кривична пријава против двајца инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Тетово за...

Македонија4 часа

Граѓаните да се пријавуваат на vakcinacija.mk за вакцинирање против сезонскиот грип

Во тек е дистрибуција на вакцините против сезонски грип низ јавните здравствени установи, граѓаните може да се пријавуваат на апликацијата...

Македонија5 часа

На полноќ завршува објавувањето резултати од анкетите за локалните избори

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека согласно Изборниот законик, резултатите од испитувањата на јавното мислење...

Свет5 часа

(Видео) Израелските заложници контактираа со своите семејства преку видеоврска пред да бидат ослободени

Некои заложници што ги држеше Хамас можеа да разговараат со своите семејства преку видео повик кратко пред нивното ослободување, објавија...

Свет5 часа

(Видео) Ослободени сите живи заложници од Газа

Тринаесет преостанати живи заложници што ги држеше Хамас во Појасот Газа се ослободени и предадени на Црвениот крст, објавија израелските...

Македонија7 часа

„Влен“: Вресоците на Ахмети, Таравари и на Села се последните извици на една коалиција во распад

„Селотејп коалицијата, составена од ситни лични интереси, по локалните избори го завршува своето политичко поглавје, засекогаш. Вресоците на Ахмети, Таравари...

Македонија7 часа

Царински инспектори пронајдоа дрога во стан на студентка, државјанка на Турција

Психотропна дрога метилендиоксиметамфетамин, мефедрон и марихуана е пронајдена при претрес на дом во Гостивар во кој престојувала студентка, државјанка на...

Европа7 часа

(Видео) Големо невреме во Шпанија: црвен аларм, поплавите носат сè пред себе

Големи поплави предизвикани од обилни дождови го погодија североисточниот шпански регион Каталонија заробувајќи десетици луѓе во нивните возила, соопштија локалните...

Свет8 часа

Хамас ги ослободи првите заложници

Првите седум заложници се предадени на Црвениот крст во Појасот Газа. Меѓу ослободените се Гали Берман, Зив Берман, Матан Ангрест,...

Свет9 часа

(Видео) Хамас ги објави имињата на заложниците што треба да бидат ослободени

По прекинот на огнот во Газа, се очекува Хамас денес да ги ослободи израелските заложници што ги држи повеќе од...

Свет9 часа

(Видео) Трамп на летот за Израел: Војната е завршена

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа прогласи дека конфликтот во Појасот Газа е „завршен“ додека леташе за Израел и Египет за...

Европа9 часа

(Видео) Украинците нападнаа големо складиште за нафта во Крим, се шират снимки

Украински напад со беспилотни летала предизвика пожар во голем складишен објект за нафта на Крим, украинскиот полуостров што Русија нелегално...

Свет9 часа

Јужна Кореја: Русија веројатно ѝ помогнала на Северна Кореја да развие подморници

Северна Кореја веројатно добила техничка помош од Русија за развој на своите подморници, изјави денес пред парламентот јужнокорејскиот министер за...

Македонија9 часа

Мицкоски: Венко не го поддржуваат дури ни неговите пратеници од СДС и го оставаат сам да потоне

На вчерашниот народен митинг во Штип во рамките на изборната кампања за локалните избори со слоган „Вистинскиот избор! Tвојот човек!...

Соопштенија9 часа

(Видео) Филипче од Струмица: Македонија не може да ја води Мицкоски, човек без компас и без човечност!

„Година и пол премиерот Мицкоски ја води владата и државата без компас и без човечност, Македонија не може да ја...

Топ22 часа

Во тешка сообраќајка попладнево загина маж, а тешко повредено е 18-годишно момче

Во директен судир на две патнички возила попладнево околу 14 часот на експресниот пат Штип – Велес загинал  маж, а...

Свет23 часа

Зеленски бара акција откако Москва изврши над 4.000 напади за една недела врз Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ја повика меѓународната заедница да преземе акција, по една недела во која биле извршени повеќе...