Спорт
Џон Мeрто, човекот од Ливерпул, кој стана првиот спортски директор на Манчестер јунајтед?
Иако се шпекулира за многу поранешни играчи и големи имиња што би станале прв директор на фудбал на Манчестер јунајтед, „ѓаволите“ се решија на таа позиција да го постават Џон Мeрто.
Кој е човекот што ќе биде одговорен за операциите во клубот и стратегијата за засилувања во славниот англиски клуб?
Мерто дојде во Јунајтед во ноември 2013 година откако работеше со Дејвид Мојс во Евертон и стана шеф на фудбалскиот развој во 2016 година. Претходно, тој работеше и како шеф на елитни перформанси во Премиер лигата.
Мерто, кој е роден во Ливерпул (!), беше одговорен за реформата на академијата и одделот за скаути во последните неколку години, а сега заедно со поранешниот фудбалер Дарен Флечер, кој беше именуван за технички директор, ќе има задача да ги засили фудбалските операции во клубот. Тој ќе има генерално водство и одговорност за операциите и стратегијата во фудбалот и ќе работи покрај Оле Гунар Солскјер за можните засилувања на тимот. Солскјер ќе остане вклучен во изборот на играчи за засилувања, но Мерто ќе ги прави фудбалските анализи и ќе биде одговорен за скаутите.
„Ова е возбудливо време за сите во Манчестер јунајтед, со одлични перформанси на првиот тим, академијата и женскиот тим, и со многу планови за развој. За мене е привилегија да бидам дел од тој процес. Ова се важни моменти за засилување на клубот“, вели Мерто.
Една од најголемите критики што беа присутни за менаџерската ситуација во Јунајтед беше тоа што ангажирањето засилувања беше надгледувано од луѓе што немаа фудбалско минато – како извршниот потпретседател Ед Вудвард и Метју Џаџ, главниот преговарач, кои се инвестициски банкари.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ѓоковиќ: Разни „стручњаци“ ме испратија во пензија, им благодарам на тоа
Новак Ѓоковиќ, в недела ќе се бори за 11-та титула на Австралија Опен. Десеткратниот шампион во Мелбурн, во полуфиналето, во спектакуларен меч го победи бранителот на трофејот, Јаник Синер со 3:2 (3:6, 6:3, 4:6, 6:4, 6:4) за четири часа и девет минути игра.
„Никогаш не престанав да верувам во себе. Многу луѓе се сомневаа во мене. Гледам дека одеднаш се појавија многу „стручњаци“ кои сакаа да ме пензионираат или веќе го направија тоа неколку пати во последните години“, рече Ѓоковиќ и додаде:
„Сакам да им се заблагодарам затоа што ми дадоа сила и мотивација да им го докажам спротивното. Ова не е изненадување за мене. Знам на што сум способен“, рече Ѓоковиќ.
Неговиот настап прптив Синер, особено беше импресивен во петтиот сет, кога спаси осум брејк топки. Во текот на мечот Ѓоковиќ спаси 16 од 18-те топки за брејк.
Противник во финалето в недела ќе му биде Карлос Алкараз.
Foto/ depositphotos
Спорт
Заврши сезоната за Џек Грилиш
Џек Грилиш, еден од најдобрите играчи на Евертон ја заврши сезоната.
Како што стојат работите, Грилиш ќе мора да се подложи на операција поради фрактура на стапалото. Со ова паднаа во вода сите надежи дека би можел да добие повик од Томас Тухел за настап на Светското првенство.
Менаџерот на Евертон, Дејвид Мојес, ја потврди веста.
„Веруваме дека на Џек му треба операција. Иако сè уште не е 100 проценти потврдено, повредата веројатно ќе го држи надвор од терените до крајот на сезоната“, рече Мојес.
Откако пристигна на позајмица во Евертон, Грилиш повторно почна да игра како во времето кога беше играч на Астон Вила. Сезонава дресот на Евертон го носи како позајмен играч од Манчестер Сити.
Foto/ depositphotos
Спорт
Данска ќе се бори за европската титула
Данската ракометна репрезентација ќе игра во финалето на Европското првенство против Германија, откако во второто полуфинале во Хернинг го победи Исланд со 31:28 (14:14).
Данците, в недела ќе се борат за третото европско злато, исто како и Германците.
Данска последен пат беше европски шампион во 2012 година во Белград, оттогаш двапати беше во финалето и двапати загуби од Франција (2014 и 2024).
Тимот предводен од Николај Јакобсен од клупата ги освои последните четири светски првенства и е актуелен олимписки шампион.
Во натпреварот против Исланд, Данците го скршија отпорот на својот ривал во второто полувреме, откако првиот дел беше израмнет.
Најдобар стрелец во победничкиот тим беше незапирливиот Матијас Гидсел, најдобриот ракометар во светот, со седум гола од исто толку обиди.
Веднаш зад него по ефикасност беше Јохан Хансен со шест гола (седум шута), додека Симон Питлик постигна пет.
Во поразениот тим, Јанус Даги Смарасон и Ори Фрајр Поркесон беа најдобри со по седум гола. Омар Инги Магнусон постигна шест.
Финалето ќе се одигра во недела од 18 часот, претходно во 15.15 часот ќе се одигра натпреварот за третото место.
Foto/ EPA

