Соопштенија
ВМРО-ДПМНЕ: Состојбата со македонскиот филм е катастрофална
По минатогодишното незаконско користење на логото на Министерството за култура, Агенцијата за филм повторно затскривајќи се зад сенката на Министерството за култура бара оправдување за катастрофалната состојба во македонскиот филм, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие оценуваат дека и покрај помпезните најави од Бојан Лазаревски, актуелниот директор на Агенцијата за филм, дека ќе обезбеди стабилен и одржлив развој на македонската кинематографија, за жал, македонските продуценти се соочуваат со сосема поинаква реалност во филмската дејност.
Поради ова, напоменуваат од опозициската партија, одговорност мора да постои, и истата ја бараат од актуелниот директор Бојан Лазаревски, но и од неговиот претходник Горјан Тозија.
Од ВМРО-ДПМНЕ упатуваат неколку барања до Владата и надлежните институции.
„Да направат увид во годишните конкурси за финансирање кои ги распишува Агенцијата за филм. Посебно, да дадат одговор зошто нема резултати од конкурсот за финансирање на филмски проекти во вториот рок на одлучување за 2020 година, а истите согласно Законот за филмска дејност требаше да бидат објавени во октомври во тековната година. Но, и покрај фактот дека нема резултати за минатогодишниот конкурс, распишан и во тек е годишниот конкурс за филмски проекти за 2021 година“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата бaраат да се направи детален увид во финансиската состојба на Агенцијата за филм, да се изврши контрола и ревизија на извештаите од спроведените инспекциски надзори на Министерството култура кои се однесуваат на работењето на Агенцијата за филм, да се направи ревизија на наплатата на надоместоците од други правни лица, да се земат предвид укажувањата на Антикорупциската комисија за незаконското работење на Агенцијата за филм и начинот на распределба и трошење на буџетските средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Герасимовски: Даваме субвенции за нови фасади за зградите и ги обновуваме
Кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска најави дека во вториот мандат се обновуваат фасадите и се зголемува енергетската ефикасност на зградите.
„Станарите добиваат субвенции за нови енергетски ефикасни фасади, што ги намалува трошоците за греење и ладење, а истовремено добиваат современ и уреден изглед на своите згради. Со обновувањето на фасадите, Центар добива нов, модерен, но и автентичен лик. Ја чуваме старата архитектура и ја уредуваме градската средина“, рече Герасимовски.
Тој потенцираше, дека паралелно се поставуваат и фотоволтаици на училиштата и општинските објекти преку претпријатието „Енергија Центар“.
„На тој начин, штедиме енергија и ги намалуваме трошоците за електрична енергија и до 50%. Работиме одговорно, современо и одржливо. За Центар што го сакаме!“, изјави Герасимовски.
Соопштенија
Манасиевски: Од историска победа нè делат само неколку дена
На 2 ноември сите заедно да го заокружиме бројот 9, за финалната победа на ВМРО-ДПМНЕ во Аеродром, Карпош, Шуто Оризари и Градот Скопје, повика Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.
„Од оваа историска победа не делат само неколку денови. Со 33 освоени општини во првиот круг, водство во 21 од 27 општини во вториот круг и доминација во советничките листи, ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните заедно ќе ја потврдат промената што ја започнавме. Имено, во Аеродром победивме со околу 9.500 гласови разлика. Во Карпош водиме со околу 1.500 гласови. Во Скопје убедливо сме пред второпласираниот со над 60.000 гласови. Во Шуто Оризари обединети, одиме кон пресврт и конечно враќање на довербата во локалната самоуправа. Советите се клучни за реализација на нашите проекти и визии. Имаме убедливо мнозинство од 15 советници во Аеродром, 11 во Карпош, 18 во Град Скопје и 4 во Шуто Оризари. За оваа победничка слика да биде целосна, потребна е вашата поддршка. Поддршка за проекти, за визии, за граѓаните“, рече тој.
Соопштенија
Јовановски: Нови садници во Кичево за почист воздух
Кандидатот за градоначалник на општина Кичево од ВМРО-ДПМНЕ, Aлександар Јовановски, во предизборната програма предвидува нови садници во општината за почист воздух.
„Почитувани, нашиот град Кичево беше познат по богата шума, по огромен шумски појас, по боровите, по чистиот воздух, по убавата животна средина. За жал, еден дел од тој шумски појас се уништи со несовесно користење и дел со изградбата на големиот проект за автопатот кој ќе не поврзува со Охрид. Кога ќе дојдам на позиција градоначалник, веднаш ќе преминам кон проект за пошумување и враќање на старата шума со што ќе допринесеме за почист воздух, почиста животна средина и поубав живот за сите нас во Кичево“, вели тој.

