Црна хроника
Приведен сопственик на угостителски објект

Приведен e сопственик на угостителски објект поради непочитување на мерките за спречување на ширење на Ковид-19.
„На 10.3.2021 во 19:10 часот, полициски службеници од СВР Тетово, во содејство со Државниот пазарен инспекторат извршиле контрола во угостителски објект на ул. ЈНА во Тетово, сопственост на С.Г.(37) од Тетово. При контролата било констатирано дека не биле почитуваните протоколите за работа на угостителските објекти, односно на масите имало повеќе гости од дозволеното“, велат од МВР.
Сопственикот бил приведен во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Тешко повреден работник додека демонтирал скеле во Драчево

Педесет и двегодишен работник од Скопје бил со тешки повреди донесен вчера на Комплексот клиники.
Тој се здобил со повреди при демонтирање на скеле на улицата Партизански пат во Драчево, Скопје.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Ужас наместо одмор: скопјанка нападната од партнерот во Грција

Триесет и четиригодишна жена од Скопје во МВР пријавила дека била нападната од страна на партнерот Д. Т. (36).
Нападот, според пријавеното, се случил вчера во апартман во Република Грција.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Велешанец со четирицикл излета од патoт кај Чашка, тешко повреден

Четирицикл управуван од Д.Н.(40) од Велес, излетал надвор од коловозот на регионалниот пат село Извор,општина Чашка
Во несреќата велешанецот се здобил со тешки телесни повреди, а со телесни повреди се здобила неговата сопатничка Ј.Н.(37) од Велес констатирани во Општата болница Велес.
Извршен бил увид.