Македонија
„Простуваме, но не забораваме“ – Пендаровски на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Треблинка
Во спомен на холокаустот на македонските Евреи во логорот на смртта Треблинка на 11 март 1943 година, претседателот Стево Пендаровски денеска во дворот на кабинетот засади дрвце, македонски даб. Истовремено, во негово име, а во соработка со амбасадата на Израел, стебло беше засадено и во Ерусалим, во парк-шумата на мирот, Амандав.
Истакнувајќи дека садниците се израз на почит кон малубројната, но исклучително значајна еврејска заедница во Северна Македонија, претседателот Пендаровски во својата порака рече дека со векови еврејската заедница била плодно стебло на македонската почва.
![]()
„Во духот на соживотот, Евреите живееле со нас, како едни од нас. Евреите биле прифатени и почитувани како добри домаќини, верни соседи и вредни еснафи. Наша желба како држава и како луѓе е еврејската заедница одново да израсне во плодно стебло. Нивните корења нека се напојуваат од сеќавањата, а гранките нека носат надеж за иднината“, потенцираше претседателот Пендаровски.
Во текот на Втората светска војна биле убиени над шест милиони Евреи. Само во логорот Треблинка за околу една година биле убиени околу 900.000 жени, мажи и деца, а меѓу нив биле и 7144 македонски Евреи од Скопје, Битола и Штип коишто претставувале дури 98% од македонската еврејска заедница.
![]()
„Холокаустот е логичка последица на моралниот вакуум во кој сè било дозволено, вклучително и обезвреднувањето на човековиот живот и неговото вродено достоинство. Ова апсолутно зло мора да биде осудено апсолутно. Не смееме да дозволиме вистината за холокаустот да се релативизира и заборава. Наша должност е да се сеќаваме за никогаш да не се повтори“, порача претседателот Пендаровски.
На одбележувањето на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи присуствуваше и почесниот конзул на Државата Израел во Република Северна Македонија, Градимир Шумковски. Од Ерусалим, пак, онлајн се обратија претставници на Еврејскиот национален фонд, Jewish Impact, како и претставник на Министерството за надворешни работи на Израел.
Во сеќавање на холокаустот на 7.144 македонски Евреи, претставник на кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на депортираните македонски Евреи во Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Следува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд и снег
Времето утре ќе биде променливо облачно со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни (над 25 l/m²), особено попладне и во текот на ноќта. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).
Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 12, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен дожд, особено кон крајот на денот и во текот на ноќта. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 14 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Поради продор на постуден воздух и засилен северен ветер во четврток врнежите ќе преминуваат во снег на повисоките и во некои од пониските места.
На планините во западните делови ќе се формира нова снежна покривка, а помала покривка се очекува и во пониските места. Во петок ќе има преодно стабилизирање на времето, а во деновите од викендот, особено во сабота повторно ќе има локални врнежи од дожд и снег, кои наместа ќе бидат пообилни. Температурите ќе бидат во опаѓање.
Македонија
(Видео) Николоски: 40 километри од автопатот Охрид – Кичево се веќе во функција
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук профил објави ноќно видео од автопатот Охрид-Кичево, каде истакнува дека 40 километри од автопатот се ставени во функција.
„Погледнете го ова прекрасно ноќно видео од делот од автопатот Охрид – Кичево. 40 километри се веќе во функција. Се надевам голем број македонски граѓани ќе возат по овој автопат на пат кон Балканскиот Ерусалим – Охрид за овој Божиќ. Честитки на сите вредни работници кои се посветија на неговата изградба! За многу години Божиќ и Бадник!“ порача вицепремиерот Николоски.
Македонија
(Фото) Мицкоски: Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни
„Во пресрет на Бадник, денеска поделивме пакети помош во Карпош, Гази Баба, Чаир, Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Бутел и Центар со желба секое семејство да ја почувствува топлината на празникот на својата трпеза“, извести премиерот Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи.
„Бадник не е само ден, туку порака дека заедништвото, љубовта и солидарноста нe прават посилни“, додаде Мицкоски.

