Македонија
(Видео) Митрески: Дали деструктивниот однос на ВМРО-ДПМНЕ е поради незадоволството од раководството

Наместо конструктивност, дебата и идеи, јавноста од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ гледа само блокади, деструкции и злоупотреба на собранието, вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.
„Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ свесно и намерно блокираат важни законски решенија. ВМРО-ДПМНЕ овде во Собранието е против нов клинички центар, против нов еколошки јавен превоз во Скопје, против зголемена енергетска ефикасност на јавни објекти, болници, училишта и градинки, против поддршка за земјоделците“, истакна Митрески.
Според него, како власт ВМРО-ДПМНЕ се задолжуваше за парите да се трошат на барок, на палми, споменици и стиропор, а денес оваа партија, како што рече, како опозиција се противи да им помогне на илјадници работници во погодените сектори да земат плата.
„За ВМРО-ДПМНЕ не беше проблем да се потрошат милиони евра народни пари за мермер што не е мермер, за договорени тендери, но денеска им е проблем што парите завршуваат кај граѓаните, што се користат за инвестиции во екологијата, во образованието, во здравството. Дали мотивите за ваквиот однос е тоа што одредени пратеници не се задоволни од раководството на ВМРО-ДПМНЕ е нивна работа, но граѓаните ги препознаваат и ценат таквите деструктивни постапки“, потенцира Митрески.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.