Црна хроника
Разбиена група што шверцувала мигранти
Полицијата ќе поднесе кривична пријава против 14 лица, заради криумчарење мигранти со потекло од Блискиот и Далечниот исток, како и од земјите од Африка.
Мигрантите од соседна Грција илегално влегувале на територијата на Р.Македонија, каде од страна на пријавените лица биле транспортирани до села во Липковскиот регион заради нивно понатамошно криумчарење преку територијата на Србија и Унгарија кон некоја од западноевропските земји.
Сите 14 осомничени лица се македонски државјани од Куманово на возраст од 24 до 55 години.
Според обезбедените докази од спроведената истрага, пријавените лица успеале да прокриумчарат вкупно 60 мигранти, со потекло од средниот исток и земји од Африка. За извршената услуга, возачите на возилата со кои се превезувале мигрантите наплатувале парични средства во износ од 140 – 160 евра по возило, додека возачите на возилата кои оделе како претходница и известувале за евентуални полициски патроли наплатувале по 100 евра по возило.
Полицијата изврши претреси во три објекта во кумановското село Ваксинце, при што во два од нов се пронајдени уште четворица мигранти. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

