Спорт
Фановите на Ливерпул со петиција: До крајот на сезоната играјте во Будимпешта
Ливерпул синоќа вторпат со 2-0 славеше триумф против бундеслигашот Лајпциг во реваншот на осмина-финалето во Лигата на шампионите, со што „црвените“ се пласираа во следната рунда. Мечот се одигра во Будимпешта, на „Пушкаш арената“, а статусот домаќин на овој меч го имаше англискиот шампион.
Беше тоа прва домашна победа за Ливерпул во 2021 година (иако мечот не се игаше на `Енфилд`), па клупската легенда на шега предложи управата на „црвените“ да се потруди сите преостанати домашни мечеви тимот да ги игра во Будимпешта.
Навивачите одлучија да ја поддржат идејата и поднесоа петиција на „Твитер“ со истиот предлог.
Во Премиер лигата од почетокот на годината Ливерпул одигра 7 првенствени дуели на свој терен, на кои постигна само еден гол и освои само еден бод.
Liverpool have scored more home goals at the Puskas Arena (2) than they have at Anfield (1) in 2021. #UCL pic.twitter.com/grDArBAG5y
— Squawka Football (@Squawka) March 10, 2021
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
За 76 дена Трент Александер-Арнолд потпишува за Реал
За точно 76 дена, односно 11 недели, Трент Александер-Арнолд (26) ќе може слободно да потпише за кој било клуб, а потоа, кога неговиот договор со Ливерпул дефинитивно ќе истече на 30 јуни следната година ќе оствари трансфер како слободен играч.
Не само поради фактот што „црвените“ сè уште не ја продолжија соработката со едно од заштитните лица на модерниот Ливерпул, момче кое низ Академијата се проби до првиот тим на менаџерот Јирген Клоп и стана незаменлив дел од неверојатна серија резултати, но и поради тешката повреда на Дани Карвахал, медиумите во Шпанија и Англија очекуваат дека Реал Мадрид нема да пропушти ваков „зицер“.
Александер-Анролд, момчето родено во Ливерпул, има 319 натпревари во црвениот дрес, 19 гола и 83 асистенции.
Тој неодамна најави заминување од „Енфилд“ велејќи дека „сигурно ќе игра за Ливерпул до крајот на договорот“.
Со оглед на тоа што не го продолжи, на 31 декември на полноќ и официјално ќе стане господар на својата судбина и слободен да избере нова средина.
Спорт
Модриќ учествувал на повеќе од 50% од натпреварите во историјата на Хрватска
Капитенот на хрватската репрезентација и Реал Мадрид Лука Модриќ (39) продолжува да ги поместува границите на своето неверојатно фудбалско достигнување.
Тој синоќа во Варшава го одигра својот 182. натпревар во дресот на Хрватска во ремито 3:3 со Полска во А дивизијата од Лигата на нации.
Со таа бројка тој влезе во историјата на својата репрезентација која од осамостојувањето одиграла вкупно 363 натпревари. Ова значи дека Модриќ играл на повеќе од 50 отсто од натпреварите на Хрватска.
Тој дебитираше пред 18 години и седум месеци, на 1 март 2006 година, на пријателскиот натпревар со Аргентина.
Тогаш шанса му даде селекторот Златко Крањчар.
Интересно, од тој меч меѓу Хрватска и Аргентина, Модриќ и Лионел Меси се единствените кои се уште активно се занимаваат со фудбалот.
И двајцата треба, доколку нема непредвидени околности, да играат на Светското првенство во 2026 година.
Спорт
Високите амбиции го враќаат шаховскиот клуб АЛКАЛОИД повторно во борба за европскиот клупски трон
Нашиот најуспешен шаховски клуб и еден од најуспешните спортски клубови во историјата на македонскиот спорт е подготвен да ги одмери силите на овогодинешниот Европски клупски куп со други ривали за нова европска шампионска титула!
Во клупската историја со гордост остануваат забележани исклучително успешните настапи на Европскиот клупски куп – во 2016 година ШК Алкалоид ја понесе титулата Eвропски шампион и тоа токму во годината кога клубот одбележа 40 години од своето формирање! Се продолжи со успешен настап и во 2017 година, кога Алкалоид го освои второто место. Интересно е да се истакне дека клупската стратегија и план од 2015 беше во следни пет настапи екипата да освои барем еден каков било медал – фармацевтите со своите извонредни настапи далеку ги надминаа сите очекувања:
2015 – делба на 5 место
2016 – 1 место
2017 – делба на 2 место
2018 – делба на 3 место
2019 – делба на 4 место !
Потоа следуваше само еден настап во 2021 година, проследено во меѓувреме со реструктуирање на интернационалниот состав на тимот. Во 2023 година македонскиот состав играше на Светското екипно првенство за шахисти над 50 години, каде оствари уште еден успех со освоеното петто место во конкуренција на 22 екипи.
Откако оваа година беше завршена „домашната задача“ со освоената на државното екипно првенство последователна 12-та шампионска титула (по 26-ти пат во последни 32 години), фокусот на клубот е свртен кон меѓународните настапи.
Во новиот состав на Алкалоид засилувањата повторно доаѓаат од Далечниот Исток:
индиските велемајстори Арјун Еригаиси, Аравинд Читамбарам Веераппан, Нараианан С.Л.
кинеските велемајстори Ји Веи, заедно со нашиот добро познат (член на екипата од 2015 година) велемајстор Јангјуи Ју
српските велемајстори Александар Инѓиќ и Велимир Ивиќ (кои настапуваа за екипата на државно првенство) и
нашиот домашен многукратен шампион интернационалниот мајстор Филип Панчевски.
И во досегашните настапи Алкалоид се покажа извонредно во аналитика и селекција на екипата и посебно во високо професионалната организација на клубот, а посебно со фанатичната страст за градење на успешни екипи – што впрочем е пресликување на корпоративната матрица и начин на размислување од спонзорот Алкалоид АД – Скопје.
За жал во овогодинешната екипа на фармацевтите нема повторно да го видиме велемајсторот Динг Лирен (настапуваше за Алкалоид во 2016, 2017 и 2018) кој во април 2023 стана светски шампион! Но аналитиката на клубот насочи, покрај кинеските и кон индиските шахисти кои покажуваат исклучителен раст и квалитет, а нивните млади шахисти се етаблираат и почнуваат да доминираат во светскиот врв. Интересно е да се спомне дека пет од играчите беа во составот на репрезентациите на своите држави на 45-тата Шаховска Олимпијада што заврши минатиот месец во Будимпешта, каде со своите одлични настапи и резултати уште повеќе ги зголемуваат клупските очекувања.
Редоследот на играчите е според моменталниот рејтинг, а конкретниот распоред по табли официјално се објавува на самиот почеток од турнирот. Капитен на екипата е велемајсторот Влатко Богдановски, повеќекратен државен шампион и долгогодишен член на државната репрезентација.
Од 84 пријавени екипи, ШК Алкалоид се наоѓа иницијално (според просечен рејтинг на екипата) на второто место.
Овој турнир, кој често го нарекуваат и шаховска „лига на шампионите“ годинава ќе се одржи во периодот од 20 до 26 октомври во Врњачка Бања, Србија.
Фактот дека најголемиот успех и европската шампионска титула е освоена исто така кога нашиот северен сосед беше домаќин на првенството, за екипата претставува потстрек со уште поголем мотив да се нападне европскиот трон. Високите амбиции се дел од корпоративната култура на „фармацевтите“ и стремежот кон врвот природно се наметнува како објективна цел. Играчите се подготвени да го дадат својот максимум во текот на претстојните седум „рунди“, но конкуренцијата е огромна, а во спортот (и посебно во шахот) каде само едно коло и една партија и само еден потег може да одлучи дали екипата ќе заврши „со штитот или на него“, поради што никогаш не треба да се исклучи и факторот „спортска среќа“.
ПР текст