Регион
Хрватска ѝ испрати протестна нота на Србија

Министерството за надворешни и европски работи на Хрватска (МВПЕ) денеска испрати протестна нота до Србија, во која се изразува загриженост за, како што е наведено, бројни закани, заплашувања и навреди кон претставниците на хрватското национално малцинство во Србија, по барањето да се воведе хрватски во официјална употреба.
„ По јавната дебата што следеше по започнувањето на постапката за воведување на буњевачкиот говор како официјален јазик во областа на градот Суботица, „претставниците на хрватските национални малцински институции во Суботица беа изложени на сериозни навреди, закани и заплашувања на социјални мреж “, соопшти ХФА.
Според изјавата, тие „ги пријавиле заканите до надлежната полициска администрација во Суботица и очекуваат надлежните органи на Република Србија да им обезбедат соодветна заштита и да ги гонат сторителите“ се додава во соопштението.
Според тоа, Министерството за надворешни работи побарало информации од српското Министерство за постапувањето на надлежните органи на Србија, како и мерките преземени за заштита на безбедноста на претставниците на хрватската заедница во Војводина.
Утрово, официјалната електронска адреса на Демократскиот сојуз на Хрватите во Војводина добила закана во која непознат испраќач, меѓу другото, изјави дека ќе ги „убие“ со митралез, а заканите се пријавени во полиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Италијанската полиција фати Албанец со над 27 килограми кокаин

Италијанската полиција уапси 47-годишен албански државјанин, откако во автомобилот му биле пронајдени 27,6 килограми кокаин.
Дрогата била скриена во посебен простор под предните седишта на возилото.
Покарај кокаинот, полицијата го конфискува и возилото, а приведениот е однесен во притвор во затворот во Катанија.
Според албанските медиуми во италијанските затвори се наоѓаат над 2.000 албански државјани, осудени главно за трговија со дрога.
Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.