Свет
Бајден: До 1 мај ќе има вакцини за сите возрасни граѓани на САД

Американскиот претседател, Џо Бајден, побара од сите сојузни држави на САД до 1 мај да овозможат сите возрасни граѓани да примат вакцина против Ковид-19, што е значително порано од претходно планираното.
Бајден вети дека населението ќе добие 100 милиони дози за време на неговите први 100 дена мандат, но сега тој истакна дека тоа може да се постигне до 60. ден од мандатот.
Говорејќи на првата годишнина од општото затворање по повод пандемијата на коронавирусот, тој рече дека работи на забрзување на акцијата за имунизација со цел да се зголеми чувството за нормалност во земјата до Денот на независноста на 4 јули.
Тој ги предупреди Американците дека претстојат дополнителни болки и смртни случаи од вирусот, што досега однесе над 530.000 животи во САД, повеќе отколку во која било друга земја.
„Ако не сме будни и ако се променат условите, тогаш можеби ќе треба повторно да воведеме ограничувања за да се вратиме на вистинскиот пат. Имаме толку многу напредок. Сега не е време да попуштиме“, рече Бајден во обраќањето од Белата куќа.
Републиканците го критикуваа Бајден за неговиот претпазлив пристап.
Белата куќа претходно соопшти дека Америка ќе има доволно вакцини за целото население до крајот на мај. Досега околу 10 проценти од Американците примиле две дози.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Повеќе од 40 повредени во масовниот руски напад врз Киев, меѓу оние кои починаа има и дете

Украина соопшти дека најмалку четири лица се убиени, а 13 други се ранети во главниот град Киев за време на голем руски напад врз земјата во текот на ноќта.
„Според ажурираните податоци, досега 13 лица се повредени (вклучувајќи едно дете) и четворица починаа (вклучувајќи едно дете) како резултат на нападот врз Киев“, изјави Тимур Ткаченко, началник на Воената администрација на градот Киев, на Телеграм.
Ткаченко додаде дека е предизвикана штета на неколку станбени и нестанбени згради во областите Дарницки, Свјатошински, Соломијански, Холосиевски и Днепровски, вклучувајќи го и кардиолошкиот институт. Гувернерот на регионот Киев, Микола Калашник, изјави дека најмалку 28 лица, меѓу кои и три деца, се повредени во регионот околу главниот град.
„Четири лица се хоспитализирани во регионалните болници, тројца возрасни и едно дете. Сите се хоспитализирани во умерено сериозна состојба“, додаде Калашник.
Украинските воздухопловни сили тврдат дека воздушната одбрана соборила 568 од 595 дронови, како и 43 од 48 различни видови ракети лансирани од Русија преку ноќ, а главна цел бил Киев.
Свет
Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди западна Турција

Земјотрес со јачина од 5,4 степени ја погоди денеска западна Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Земјотресот се случил во 12:59 часот по локално време и бил на длабочина од девет километри, според податоците објавени на веб-страницата на ЕМСЦ.
Според податоците од Турската дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД), епицентарот на земјотресот бил во областа на градот Симав во округот Ќутахија.
Земјотресот, кој бил почувствуван и во соседните области, бил на длабочина од 8,4 километри, соопшти AФАД.
Свет
Цистерни со нафта излетаа од шини на железничката пруга Ваљево – Косјериќ

Две цистерни полни со нафта синоќа излетаа од шините на железничката пруга Ваљево – Косјериќ, во близина на местото Ражана, пренесуваат локалните медиуми.
Според информациите, цистерните биле при крајот на товарниот воз што се движел кон Косјериќ. Засега не е познато што ја предизвикало несреќата, ниту дали имало истекување нафта од композицијата.
Локалните портали јавуваат дека екипи се на терен и се очекува официјално соопштение од надлежните органи за причините и можните последици од инцидентот.