Спорт
Бостон без шанси против Бруклин и Кајри Ирвинг
Бруклин Нетс и Бостон Селтикс го одиграа дерби натпреварот во НБА лигата. Натпреварот во Бруклин мина во доминација на Кајри Ирвинг и заврши со победа на Нетс со 121:109.
Бруклин играат добро и без Кевин Дурент, за кого не е познато кога ќе се врати во тимот. Кајри Ирвинг блескаше во победата над Бостон со 40 поени, осум скока и три асистенции. Ирвинг погоди 15 од 23 шутеви кон кошот на противникот.
Ирвинг поддршка доби од Џејсм Харден (22 поени, 10 скока, осум асистенции) и Ленди Шемет (18 поени).
Бруклин со 25 победи и 13 порази се втори во Источната конференција.
Кај Бостон најдобра на теренот беше Џејсон Тејтум со 31 поен, Маркус Смарт постигна 19, а поранешниот играч ан баерн, Даниел Тајс 17 поени.
Бостон имаат 19 победи и 18 порази и се четврти на Истокот.
Резултати:
Шарлот-Детроит 105:102
Торонто-Атланта 120:121
Чикаго-Филаделфија 105:127
Мајами-Орландо 111:103
Милвоки-Њујорк 134:101
Њу Орлеанс-Минесота 105:135
Оклахома-Далас 116:108
ЛА Клиперс-Голден стејт 130:104
Портланд-Финикс 121:127
Сакраменто-Хјустон 125:105
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ферстапен на пол-позицијата за спринт трката во Остин
Макс Ферстапен ја освои пол-позицијата за спринт траката во Остин, Тексас. Актуелниот првак за 12 илјадити делови од секундата беше побрз од возачот на Мерцедес Џорџ Расел. Овие двајца единствени во кавлификациите возе под една минута и 33 секунди.
Времето кое го постави Холанѓанецот изнесуваше 1:32.833 минути. Ферстпен ја прекина лошата серија, не заврши прв во квалификациите на последните осум трки.
Вториот ред за утрешната спринт трка го формираа Шарл Леклер (Ферари) и најголемиот конкурент на Ферстапен Ландо Норис (Мекларен).
Следуваат Карлос Саинц јуниор (Ферари), Нико Хулкенберг (Хас), Луис Хамилтон (Мерцедес), кој направи голема грешка во својот единсвен летечки круг во третата квалификациска сесија, Кевин Магнусен (Хас), Јуки Цунода (РБ) и Франко Колапинто (Вилијамс).
Разочраа Серхио Перез од Ред Бул и Оскар Пјастри од Мекларен. Мексиканецот испадна во втората, а Австралиецот во првата квалификациска сесија. Перез ќе стартува од 11., а Пјастри од 16.место.
Спринт трката се вози од 20 часот по македонско време.
Спорт
Барса сакаше да ја измами УЕФА, сега мора да плати казна
Фудбалскиот клуб Барселона ќе мора да плати казна од 500.000 евра откако беше одбиена уште една жалба против пресудата на Европската фудбалска унија (УЕФА) дека клубот „намерно и свесно“ погрешно ги пријавил приходите во обид да се усогласат со финансиските правила во Европа.
Судот за спортска арбитража (CAS) во Лозана ја отфрли жалбата на Барселона и, во многу критичката одлука објавена во петокот, рече дека казната од 500.000 евра е „всушност мала“.
Случајот произлегува од начинот на кој Барселона се справи со финансиските извештаи на договорот што го обезбеди за продажба на процент од своите права за емитување во следните 25 години.
УЕФА соопшти дека извештајот е „неточен и неконзистентен“ со нејзините правила, кои имаат за цел да обезбедат одговорно трошење на европските фудбалски клубови.
Во 2022 година, Барселона обезбеди договори во вредност од 667,5 милиони евра за да продаде 25 отсто од својата идна заработка од емитувањето на шпанската фудбалска лига во следните 25 години.
УЕФА соопшти дека клубот потоа намерно погрешно пријавил еден од тие договори во своите финансиски извештаи и „ги преценил рентабилните резултати за 267 милиони евра“.
УЕФА соопшти дека Барселона „намерно и свесно“ доставила погрешни информации и дека однесувањето на клубот мора да се осуди.
Спорт
(Видео) Катаи се изедначи со Панчев и испиша историја во српската Суперлига
Црвена звезда го победи раднички Ниш со 5:1 во 12.коло во Суперлигата на Србија. Хет-трик за актуелниот шампион на Србија, во првото полувреме, постигна Лука Илиќ, а во вториот дел два гола постигна Александар Катаи.
Александар Катаи со овоие два гола дојде до бројката 104 во Суперлигата на Србија со што стана најдобар стрелец во историјата на натпреварувањето.
Вкупно во дресот на Црвена звезда, Катаи има постигнато 116 голови, со што се изедначи со Дарко Панчево на седмото место на клупската вечна листа.
Ова е втор мандат на Катаи во клубот од стадионот „Рајко Митиќ“.
Прво играше од 2014 до 2016 година, пред да се врати во клубот во 2020 година по епизодите во Алавес, Чикаго и ЛА Галакси.
Со Црвена звезда освои пет титули во Суперлигата и четири трофеи во Купот на Србија.