Спорт
Пукна љубовта помеѓу Шефилд јунајтед и Крис Вајлдер
Крис Вајлдер ќе добие отказ во Шефилд јунајтед. Екипата од Брамал лејн, се наоѓа на последното место во Премиер лигата, со освоени 14 поени во 28 одиграни натпревари. Отказот кој му е подготвен на Валјдер претставува изненадување, бидејќи тој и покрај лошите резултати ја имаше поддршката од клупските челници. Според англиските медиуми, причина за разделбата е несогласувањето помеѓу Вајледер и челниците околу целите во летниот преоден рок.
Крис Вајлдер пред пет години седна на клупата на Шефилд јунајтед. Клубот тогаш по четири кола во Лига 1 (Трета лига), имаше само еден поен, а сезоната ја заврши со рекордни 100 поени и пласман во Чемпионшип дивизијата. Една сезона играше во Втората лига, а потоа избори пласман во Премиер лигата.
Минатата сезона, Шефилд јунајтед беа хит во Премиер лигата, до превремениот прекин на сезоната тие го држеа петтото место на табелата.
Шефилд јунајтед, во недела, ќе играат против Лестер, а како сега стојат работите без Крис Вајлдер на клупата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Нико Вилијамс му рекол „Да“ на Баерн

Нико Вилијамс (22) им порачал на челниците на Баерн дека е отворен за трансфер во Германија. Менаџерот веќе ги започнал преговорите со германскиот шампион.
Крилниот напаѓач на Атлетик Билбао го привлекува вниманието на бројни европски гиганти благодарение на одличните настапи во шпанската репрезентација и Ла Лига.
Баерн го гледа како потенцијално засилување на левото крило, а интерес за Вилијамс покажаа и клубови од Премиер лигата. Неговата откупна клаузула е „само“ 58 милиони евра.
Спорт
Гвардиола: Го отпишав тој гад, а потоа даде 200 гола

Пеп Гвардиола беше гостин на YouTube каналот „xBuyer“, кој го водат браќата Хавиер и Ерик Руиз и има 5,7 милиони претплатници.
Домаќините го замолија да им даде совет на младите ѕвезди за да не се занесат премногу, а Пеп одговори вака: „Немам многу да им кажам на младите генерации денес. Ние страдавме многу повеќе. Навистина ми беше тешко. Доаѓате на Камп Ноу на прес-конференција, а има 50 новинари кои ве критикуваат…
Но, имавме ветерани кои нè штитеа. Покрај тоа, тие знаеја како да ние „удрат по прстите“. Тоа е најдобриот начин да се учи. Но, морам да додадам дека ни беше полесно во смисла дека немавме социјални мрежи како што имаат денешните млади фудбалери“.
Пеп се осврна на сегашната генерација млади ѕвезди на Барселона: „Тие играат фудбал како да се на училишно игралиште. Ги гледам тие 17-годишници и 19-годишници како играат против Реал на „Бернабеу“ и во полуфиналето на Лигата на шампионите како да се на училишно игралиште“.
Конечно, Гвардиола беше замолен да открие анегдота од неговата богата кариера што секогаш му тера да се насмее.
„Многу го сакам Серхио Агуеро. Тој е еден од најскромните великани што ги познавам. Тој го постигна најважниот гол во историјата на Сити. Благодарение на тој гол, со кој ја освои првата англиска титула во историјата на клубот, Сити почна да верува.
Се сеќавам на денот кога му кажав на Агуеро дека нема да му го обновиме договорот. Ми беше многу тешко да му кажам дека е отпишан. А потоа подоцна на тренингот тој ден, тој гад постигнува 200 гола! Имаше лице кое ми говореше: „Сега ќе му покажам на овој Ци*ан… 200 гола!“ Му реков: „Серхио, ќе ти го продолжиме договорот, згрешив!“ А потоа во последниот натпревар постигна два гола. Беше привилегија да го тренирам Агуеро. Тој беше уникатен талент.“
Спорт
Најпродуктивниот напаѓач во светот стапи во штрајк

Виктор Ѓокерес, извонредниот напаѓач на Спортинг, стапи во штрајк. Нема да доаѓа на тренинзите на шампионите на Португалија до понатамошно известување.
Шведскиот репрезентативец имал договор со раководството на клубот дека ќе биде продаден доколку некој понуди обештетување од 75 милиони евра.
Сепак, челниците на тимот од Лисабон се предомислија и бараат повеќе пари. Според извештаите, претседателот сега сака 100 милиони евра за неговата продажба, што е премногу, дури и за најбогатите тимови.
Поради ова, Ѓокерес се одлучил за радикален потег, се додека не ги принуди луѓето од Спортинг да ја променат својата одлука. Арсенал и Манчестер јунајтед покажаа најголем интерес за напаѓачот.
Минатата сезона, Ѓокерес постигна 54 гола, а за две сезони, вкупно 97 во 102 натпревари за Спортинг. Во шампионатот на Португалија, тој ја погоди мрежата неверојатни 39 пати во 33 натпревари, што го прави најпродуктивен играч во Европа.
Тој пристигна во Лисабон во 2023 година од Ковентри за 23 милиони евра.