Македонија
Синоќа два силни земјотреса со епицентар во мавровскиот регион

Два силни потреса, со јачина од 4,7 и 4,4 степени по Рихтер синоќа го погодија гостиварско-мавровскиот регион, а земјотресите беа почувствувани во Скопје и во повеќе градови во западниот дел од земјата.
Според сведоштвата на луѓе кои живеат во областите блиску до епицентарот, вчерашните земјотреси ги вознемириле граѓаните, а голем број туристи планираат да го напуштат Маврово поради страв од нови потреси.
Европско-медитеранскиот сезимолошки центар бележи дека потресите биле на длабочина од 10 километри под површината на земјата, со епицентар на 18 километри југозападно од Гостивар.
Првиот потрес се случил синоќа во 22 часот и 17 минути, а вториот земјотрес во 22:28, а и двата биле во епицентралното подрачје Тетово-Гостивар.
Претходно, телеметриската сеизмолошка мрежа на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вчера во 20 часот и 40 минути, регистрираше послаб земјотрес од три степени, во истото епицентрално подрачје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Ѓорѓиевски и Тошковски на пешачење во Градски парк: секој чекор е здравје

Градскиот парк денеска беше изборот на градоначалникот на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Двајцата утрото го започнаа со пешачење низ алеите на паркот, во спортска опрема и ведро расположение.
„Најубаво е денот да започне со утринско пешачење низ Градскиот парк, свеж воздух, мир и позитивна енергија. Секој чекор е здравје, секој здив е нова сила. Започни го денот со природа, а денот ќе ти врати со радост“, напиша Ѓорѓиевски во својата објава на социјалните мрежи.
Македонија
За влез и излез од државава на граничните премини се чека до 15 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез и излез е околу 10-15 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата.
Македонија
Свежо утро, а преку ден до 33 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 25 до 33 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.
До средината на следната седмица ќе преовладува претежно стабилно време со дневни температури малку под просекот за овој период од годината. Потоа времето ќе биде сончево и потопло со пораст на дневната температура.