Македонија
Нови 1.031 случаи на Ковид -19 , починати се 20 лицa
Во последните 24 часа регистрирани се нови 1.031 случаи на Ковид-19 од направени 4.373 тестирања, информираат од министерството за здравство.
Притоа како што потенцираат од ова министерство во Скопје биле регистрирани- 492 новозаразени со Ковид-19, во Прилеп – 64, Кавадарци – 53, Велес – 47, Тетово и Гостивар -по 45, Охрид –31, Битола –30.
Во Куманово и Неготино регистрирани биле- 29 лица, Гевгелија -25, Струмица –20, Штип –16, Струга -13, Берово –12, а во Ресен, Радовиш и Крушево – по 9 новозаразени лица со коронавирус.
Во Кочани има- 8 нови лица заразени со Ковид-19, во Свети Николе, Пробиштип и Валандово -по 7, Крива Паланка – , Демир Хисар –4, Кратово –3, Кичево, Богданци и Демир Капија по 2 лица, Дебар, Виница, Македонски Брод, Пехчево и Дојран – по 1 новозаразено лице.
Од министерството за здравство додаваат дека регистрирани се и 241 оздравени пациенти и тоа:
Скопје –152, Гевгелија –20, Велес –15, Куманово –14, Гостивар –13, Битола –9, Штип –6, Ресен –4, Валандово –3, Струмица –2, Кичево, Радовиш и Свети Николе – по 1 оздравен пациент.
Пријавени се вкупно 20 починати лица, на возраст од 50 – 93 години и тоа: 9 пациенти од Скопје, 3 лица од Прилеп, Велес и Битола – по 2 починати лица и по едно починато лице од Куманово, Гостивар, Кавадарци и Кочани.
Сите пациенти се починати во болнички услови, додаваат од министерството за здравство.
Направени биле 4.373 тестови преку: ИЈЗ-777, ЦЈЗ Скопје-109, Авицена-403, Биотек-364, Жан Митрев-193, Систина-337, лабораторија Лаор–437, Судска медицина-46, ЦЈЗ Битола-91, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-1, Синлаб-158, Ремедика-39, лабораторија болница Козле-13, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 1.399, УК Пулмологија со алергологија–6, ГОБ 8-ми Септември-0.
Досега во земјата се направени вкупно 563.394 тестирања на Ковид-19, велат од МЗ.
Според ова министерство, вкупната бројка на Ковид-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 112.107, бројката на оздравени пациенти е 97.166, на починати е 3.300, а бројот на активни случаи изнесува 11.641.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Скопје 49491, активни 5588
Прилеп 6059, активни 854
Куманово 5975, активни 432
Тетово 5768, активни 367
Гостивар 4051, активни 283
Кавадарци 3829, активни 649
Штип 3804, активни 173
Велес 3738, активни 324
Битола 3694, активни 292
Охрид 3554, активни 496
Струмица 2905, активни 213
Струга 2513, активни 184
Кочани 1950, активни 144
Кичево 1824, активни 52
Неготино 1582, активни 421
Гевгелија 1479, активни 307
Свети Николе 1143, активни 39
Крива Паланка 961, активни 146
Ресен 875, активни 81
Дебар 804, активни 17
Радовиш 779, активни 38
Делчево 763, активни 48
Берово 705, активни 62
Пробиштип 585, активни 42
Виница 538, активни 24
Валандово 406, активни 36
Крушево 372, активни 113
Богданци 332, активни 72
Демир Хисар 300, активни 42
Кратово 300, активни 28
Демир Капија 279, активни 48
Македонски Брод 260, активни 9
Пехчево 194, активни 9
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 101, активни 6
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Гаши – Јиан: Билатералните односи со Кина во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, оствари средба со Ли Јиан, генерален директор за европски прашања во Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина.
Посакувајќи му добредојде во законодавниот дом од името на пратениците, претседателот Гаши истакна дека и покрај географската оддалеченост, билатералните односи остануваат срдечни и продолжуваат да се развиваат во духот на меѓусебно разбирање, почитување и конструктивна соработка.
Тој ја повтори посветеноста на државата на принципот на „Една Кина“, односно признавањето на Владата на Народна Република Кина како единствена легитимна влада на кинескиот народ и признавањето на Тајван како неотуѓив дел од кинеската територија.
Понатаму, претседателот Гаши информираше дека парламентарното мнозинство останува цврсто фокусирано на реализација на клучните стратешки цели кои се непроменети од нашето осамостојување, односно напредок кон отворање на преговори за полноправно членство во Европската Унија.
Двајцата соговорници се сложија дека иако соработката на билатерално ниво дава опипливи резултати во широк спектар на сектори – има простор за продлабочување на односите во областа на туризмот, културата и трговската размена. Беше нагласен и континуираниот придонес на Кинеската амбасада во Скопје за развојот и унапредувањето на односите меѓу двете држави.
Исто така, беше потенцирано дека Пратеничката група за соработка со Парламентот на Народна Република Кина, која се формира во Собранието во сите досегашни мандати, е форум за воспоставување, негување и продлабочување на потесни меѓупарламентарни врски и размена на мислења за сите аспекти на законодавната работа меѓу меѓу двете држави.
Генералниот директор за европски прашања му врачи на претстедателот Гаши честитка од неговиот хомолог, Џао Леџи, претседател на Постојаниот комитет на Секинескиот народен конгрес.
Македонија
Пуштена за сообраќај клучката на автопатот Охрид-Кичево, кај селото Подмољје
СВР Охрид ја известува јавноста дека од денеска, во редовен сообраќај е пуштен сообраќајниот крак-клучката на автопатската делница Охрид-Кичево, кај селото Подмољје, општина Дебрца.
Со тоа, воспоставен е нормален сообраќај во правецот Охрид-Кичево-Скопје, Охрид-Струга , Струга-Кичево-Скопје и Струга-Охрид и истата е во редовна функција без дополнителни сообраќајни ограничувања.
„Апелираме до возачите на патнички и други моторни возила, при користење на овој сообраќаен крак како и на целата автопатска траса, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи како и и другата поставена хоризонтална и вертикална сигнализација и со тоа, да придонесат за зачувување на сообраќајната безбедност“, велат од СВР Охрид.
Македонија
Делови од Карпош и Центар утре без вода
Делови од Карпош и Центар утре ќе останат без вода, извести ЈП Водовод и Канализација.
„Поради промена на вентил ф-2 на крстосницата ул.Октомвриска Револуција/ бул.Партизански Одреди , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од зграда 10,12 и 14 на ул.Октомвриска Револуција и дел од бул.Партизански Одреди (потегот од Никола Тесла до Октомвриска Револуција). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Поради водоводен приклучок од ф 100мм на ул.Наум Наумовски Борче бр.63, со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од ул.Наум Наумовски Борче бр.63. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување.(Центар)“, се наведува во соопштението.

