Македонија
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што државата набавува вакцини од скоро сите производители

Владеачката СДСМ реагира на денешните обвинувања изнесени од страна на пратеникот Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ за „фантом фирма за вакцини“.
Од СДСМ велат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што државата набавува вакцини од скоро сите производители.
„Договори во четири очи, беа нивен начин на работа. Лагите се заштитен знак на ВМРО-ДПМНЕ, па така денеска продолжија со манипулативни изјави да пласираат исмислени конструкции во врска со набавката на кинеските вакцини против Ковид 19. Позната шема Ла Верита, ВМРО-ДПМНЕ и блиски веб портали, за пласирање фалсификати, дезинформации, без никави докази, лажат дека преку фантом фирми и со провизии течела набавката на вакцините“, посочуваат од СДСМ.
Вистината е една, додаваат од партијата.
„Министерството за здравство откако не доби повратен одговор директно од компанијата „Синофарм“, користејќи линкови и контакти успеа да договори набавка на 200. 000 кинески вакцини од „Синофарм“. Тогаш Министерството за надворешни работи на Народна Република Кина посочи дека тие директно ќе ја поврзат нашата земја со „Синофарм“ и Владата го испочитува тоа“, објаснуваат од СДСМ.
Велат дека времето на провизии и договори во четири очи е поминато.
„Набавката на вакцините против Ковид-19 е доверлива но во ниту еден случај не е коруптивна. ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири со фактот дека Владата и Министерството за здравство склучија договори со скоро сите понудени производители на вакцини против Ковид-19. 200. 000 дози вакцини од „Синофарм“ ќе стигнат во нашата земја“, стои во соопштението од оваа партија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Одрон на патниот правец Живалево – Туралево, сообраќајот се одвива по една коловозна лента

Од 05:00 часот на патниот правец село Живалево – село Туралево има одрон, сообраќајот се одвива наизменично по една коловозна лента.
Во 03:40 часот се укинува забраната за тешки товарни возила према превој Стража, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места дожд и снег

Променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, на некои од повисоките места од дожд и снег, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Минималната температура ќе се движи во интервал од 2 до 7 степени, а максималната ќе биде во интервал од 4 до 11 степен.
Во Скопје, облачно и студено со врнежи од дожд, а на повисоките места од котлината со повремени врнежи од дожд и снег. Ќе дува засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти со 3, а максималната ќе достигне 7 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на циклонска активност нашата држава е зафатена од студен бран кој доаѓа од северните делови на континентот. Вкупно од овој бран се очекува на повеќе места да наврнат над 50 l/m² дожд. Денес на планините врнежите ќе преминуваат во снег, при што ќе се формира значителна снежна покривка. Поради натамошно спуштање на студен воздух, ќе има услови врнежите од дожд да преминуваат во снег и на некои од повисоките населени места. За време на викендот времето ќе биде стабилно со ниска утринска температура, а дневната ќе биде во благ пораст.
Македонија
Врнежи од снег и паднати дрвја на патот Никфорово-Леуново-Бунец, сообраќајот во прекин

На регионалниот пат Никфорово-Леуново-Бунец од 23:20 часот, сообраќајот е во прекин поради врнежи од снег и паднати дрва на коловоз, извести АМСМ.
Се интервенира за негово расчистување.
Во текот на денот и вечерва вработените од Ј.У.Н.П. „Маврово# со сопствена механизација, се вклучија во активностите за расчистување на паднатите дрва кои го отежнуваат движењето на автомобили по регионалниот пат Маврово – Дебар и околу Мавровското езеро.