Свет
Регион во Италија привремено го запре имунизирањето со вакцината на „Астра зенека“
Италијанскиот регион на северот на државата Пиемонт денес објави дека привремено ја прекинува вакцинацијата со вакцината на „Астра зенека“ откога учител од провинцијата Биела починал по примањето на вакцината во саботата, пренесува „Ројтерс“.
„Одлуката е донесена како мерка на претпазливост, а регионот ги чека резултатите од проверките за да се утврди која група на вакцини е употребена и дали смртта е поврзана со вакцинацијата“, соопшти регионалната влада.
Шефот на регионалната здравствена служба, Луѓи Икарди, рече дека тоа е сторено од претпазливост сè додека не се провери дали постои поврзаност и дека досега немало никакви проблеми со примената на вакцината на „Астра зенека“.
Италијанската агенција за лекови (АИФА) забрани употреба на една серија вакцини на „Астра зенека“ во четвртокот, потсетува британската агенција, повикувајќи се на тврдења на свои извори дека одлуката следувала по смртта на двајца мажи на Сицилија.
Агенцијата ја објасни одлуката како мерка на претпазливост наведувајќи дека врската помеѓу вакцината и несаканите ефекти не е потврдена.
Неколку европски земји, вклучувајќи ги Данска, Норвешка, Исланд и Ирска, престанаа да вакцинираат со вакцината на „Астра зенека“ поради проблеми со коагулацијата на крвта, а Австрија минатата недела престана да користи одредена серија вакцини од истиот производител додека истражуваше смрт предизвикана од згрутчување на крвта.
Европската агенција за лекови тврди дека нема индикации за поврзаност на смртните случаи со вакцината, а Светската здравствена организација го повтори ова во петокот.
Во меѓувреме, „Астра зенека“ соопшти дека нивната вакцина не предизвикува згрутчување на крвта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Силен земјотрес ја погоди Турција
Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала денес го погоди западниот дел на Турција, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).
Епицентарот бил источно од Измир, на околу осум километри од градот Синдрги, на длабочина од шест километри.
Според првичните информации, нема извештаи за повредени и жртви, додека според првичните информации на турските медиуми, причинета е материјална штета.
Гувернерот на округот Синдирги, Догукан Којунџу, за новинарот на агенцијата Анадолија (АА) изјави дека теренската работа е во тек, велејќи: „Моментално има уништување во неколку области. Сè уште не сме откриле жртви; сè уште скенираме. Сè уште нема негативни вести од селата. Нашата теренска работа продолжува.“
SON DAKİKA | Balıkesir Sındırgı’dan gelen ilk bilgilere göre bazı yapılar yıkıldı. #deprem
pic.twitter.com/gAfhHCwyP3— Daktilock (@daktilock) October 27, 2025
Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, потресот бил силен и траел долго време.
Турскиот „Хуриет“ објави дека земјотресот бил почувствуван и во Истанбул.
Земјотресот предизвикал продолжено тресење кое предизвикало паника и страв кај жителите на погодените подрачја. Продолженото траење ја зголемило загриженоста бидејќи луѓето ги напуштале зградите и барале засолништа.
Регион
Курти: Единствено решение се нови избори
Косовскиот премиер Албин Курти, изјави дека нема друга опција освен одржување нови парламентарни избори, откако неговиот предлог за нова влада не го доби потребното мнозинство во парламентот.
Неговиот предлог бил поддржан од 56 пратеници, а биле потребни најмалку 61.
„Пред секој договор што ја искривува волјата на граѓаните, ние избираме избори. Земјата нема друг пат ниту начин освен нови избори“, изјави Курти.
Тој рече дека Демократскиот сојуз на Косово (ДСK) и Социјалдемократската иницијатива (НИСМА) одбиле да бидат дел од владата што тој ја предлага, и додаде дека тоа ја оневозможило и изборната соработка за изборот на нов претседател на Косово во март идната година.
Свет
Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години
Доналд Трамп нема да се кандидира за потпретседател на изборите за 3 години. Во последните недели, неговите поддржувачи шпекулираа дека неговиот сегашен потпретседателски кандидат, Џ.Д. Венс, би можел да биде номиниран за претседател во 2028 година, а потоа да се повлече во корист на второпласираниот кандидат на гласачкото ливче, Трамп.
На авионот „Ер Форс Уан“, американскиот шеф на државата изјави дека таков потег е дозволен, но дека тој нема да го преземе: „Не мислам дека на луѓето ќе им се допадне“
Според 22-от амандман на Уставот на САД, претседателот може да служи максимум два мандати. Сепак, капи со натпис „Трамп 2028“ беа видени на неодамнешни настани во Белата куќа.

