Свет
Фаучи е оптимист: Можно е животот во САД да се врати во нормала до 4 јули

Главниот американски епидемиолог и советник на претседателот Џо Бајден, Ентони Фаучи, рече дека е оптимист кога станува збор за можноста земјата да може да се врати во некаква нормалност до прославата на Денот на независноста на 4 јули.
„Мислам дека проекцијата за четврти јули е прилично разумна“, рече Фаучи за „Фокс њуз“.
Тој сепак предупреди дека во меѓувреме сè уште е потребно да се преземат мерки на претпазливост со цел да се спречи нов бран на епидемијата.
Фаучи додаде дека верува оти САД ќе имаат доволно вакцини до крајот на мај, така што секој граѓанин што сака ќе може да се вакцинира.
Гувернерите на некои американски сојузни држави одобрија компаниите да работат во редовни околности и им препорачаа на граѓаните повеќе да не носат маски за лице.
„Апсолутно не е време да се прогласи победа. Секогаш постои ризик од разгорување на пандемијата“, предупреди Фаучи.
Според него, олеснувањето на мерките за носење маски и физичко дистанцирање е ризично и потенцијално опасно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди за ЕУ, порача Милановиќ

Македонија да не биде жртва на притисоци и да трпи изнуди кога е во пршање членството во Европската Унија, порача хрватскиот претседател Зоран Милановиќ кој беше во посета на земјата.
Тој рече дека има премногу насоки од соседите и меѓународните актери за тоа како Македонија да се движи на европскиот пат, но најголемиот дел треба да се земаат со резерва.
„Правилата се јасни. Треба консензус, односно треба едногласност. Како и да свртите ќе дојде на исто. Се додека е некој против, Македонија за жал не може да напредува на тој пат. Единствено прашање е дали е тоа навистина за вас, односно за вашите граѓани најважната работа на овој свет и единствено вредно за живот и напор или постојат други работи за државата кои ја дефинираат како успешна и реализирана заедница“, изјави Милановиќ.
Хрвaтскиот претседател рече и дека Македонија не треба да се третира како земја со посебни потреби, туку како земја која има проблем.
На заедничката -прес-конференција со претседателката, Гордана Сиљановска-Давкова беше потенцирано дека Хрватска е искрен македонски пријател и поддржувач на патот кон ЕУ, близок партнер во НАТО и долгогодишен сојузник.
Свет
(Видео) Драма на небото над Москва: аеродромите затворени, светските лидери не може да слетаат, Украина изврши напад

Украинската армија ја нападна Москва со беспилотни летала и поради ова, повеќето аеродроми во главниот град на Русија беа затворени непосредно пред доаѓањето на Шји Џјинпинг и други светски лидери за да го прослават Денот на победата над нацизмот, пишува „Ројтерс“.
Huge queue of planes at St. Petersburg’s Pulkovo Airport after dozens of flights were rerouted from Moscow following drone attacks. With no ground equipment to handle the surge, aircraft are stuck waiting for hours—turning the runways into a traffic jam. pic.twitter.com/SH2feDreJJ
— Brian McDonald (@27khv) May 7, 2025
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, изјави дека руските единици за воздушна одбрана уништиле најмалку 14 украински дрона помеѓу вторникот и средата наутро.
UAV drones launched by Ukraine against the Muscovites has paralyzed russian airports in the bordering regions. Over 200 flights cancelled. Moscow airport is closed. St Petersburg’s Pulkovo airport is packed with aircraft that can’t take off. Enjoy the sirens orcs! pic.twitter.com/rY32qTvhou
— 🇺🇸 Angel Martinez 🇵🇷 (@AngelMartmma24) May 7, 2025
Клучните московски аеродроми останаа без работа во поголемиот дел од ноќта, а рускиот национален авиопревозник „Аерофлот“ соопшти дека го менува распоредот на летови за да се справи со прекините, пренесува медиумот.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, исто така замина во најавена посета на Москва, каде што требаше да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин, но авионот со кој леташе мораше итно да слета во Азербејџан поради војната во Украина и дејствата на борбените средства во воздушниот простор.
Свет
Мерц: Сите членки на ЕУ мора да ги зголемат трошоците за одбрана

Сите членки на Европската Унија мора да ги зголемат своите трошоци за одбрана со цел да се пополнат празнините во одбранбената способност на блокот и да се обезбеди постојана поддршка на Украина, изјави денес новиот германски канцелар, Фридрих Мерк.
„Само на овој начин можеме постепено да ги намалиме празнините во нашите капацитети и колективно да ја поддржиме Украина“, изјави Мерц за новинарите во Париз на заедничката конференција со францускиот претседател Емануел Макрон за време на која двајцата лидери ветија нов почеток за Европа предводена од француско-германската соработка, објави „Ројтерс“.
Германскиот канцелар исто така рече дека е потребен траен договор за прекин на огнот во Украина пред да може да се дадат прецизни детали за безбедносните гаранции.
Посетата на Мерц на Париз е негово прво патување во странство како канцелар.
Како што е најавено, Мерц, по Франција, ќе ја посети Полска, а набргу е планирана и посета на Украина.