Регион
Ердоган до Косово: Повлечете ја својата одлука за отворање амбасада во Ерусалим

Турското Министерство за надворешни работи реагира на отворањето на косовската амбасада во Ерусалим со оценка дека одлуката е за жалење, пренесуваат косовските медиуми.
Министерството за надворешни работи на Турција објави дека остро го осудува отворањето на Амбасадата и ги повика косовските лидери да се откажат од овој, како што е наведено, „неодговорен и незаконски чекор“.
Според известувањето од турското Министерство за надворешни работи, турскиот претседaтел Реџеп Таип Ердоган смета дека лидерите на Косово постапиле спротивно на утврдените параметри на мировниот процес, вклучително и релевантните резолуции на ООН за статусот на Ерусалим и ја оштетиле визијата за решение на две држави и надеж за мир во регионот, пренесуваат медиумите во регионот.
„Одлуката беше донесена од водачите на луѓето кои се соочија со големи страдања за независност игнорирајќи ја маката на Палестинците, кои со децении живеат во окупација и претрпеа сериозни повреди на нивните права. Тоа е крајно жално“, рекол Ердоган.
Косово вчера ја отвори својата Амбасада во Ерусалим како резултат на договорот од Вашингтон, потпишан на 4 септември 2020 година во Белата куќа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото Р.М. (79) и избегал. Неофицијално, убиството се случило во селото Богава, општина Деспотовац, а телата на сопружниците биле пронајдени рано утрово во семејната куќа.
Полицијата е на местото на настанот и во тек е истрага, а пристигнати се и обвинителот на Вишото јавно обвинителство во Јагодина.
Регион
Шеќеринска: НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во БиХ

Заменичката на генералниот секретар на НАТО, Радмила Шеќеринска, денес изјави дека алијансата нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина, откако српскиот лидер Милорад Додик објави дека ќе побара од Москва да ја прекине воената мисија ЕУФОР во таа земја.
Шеќеринска изјави дека НАТО е „трајно посветен на суверенитетот и територијалниот интегритет на Босна и Херцеговина“.
Таа додаде дека НАТО нема да дозволи дестабилизација во Босна и Херцеговина, соопшти канцеларијата на бошњачкиот член на колективното претседателство на Босна и Херцеговина, Денис Беќировиќ, кој се сретна со претставничката на НАТО.
„Без оглед на исходот од претстојната седница на Советот за безбедност на ООН, НАТО нема да дозволи безбедносен вакуум во Босна и Херцеговина“, рече Шеќеринска.
Регион
Албанска министерка го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење

Министерката за внатрешни работи на Албанија, Албана Кочиу, го разреши својот заменик поради непочитување на забраната за пушење во ресторан во САД, објавува „Спутник“.
Таа потврди на социјалните мрежи дека го сторила тоа врз основа на пријавата на албански државјанин кој живее во Њујорк, каде што бил во посета нејзиниот заменик Анди Махила. Како што изјави, тој пушел цигара во ресторанот „што предизвикало немир кај присутните“.
Албана Кочиу е првата жена на чело на полицијата во историјата на Албанија, а во претходната влада беше министерка за здравство.
Фото: принтскрин