Европа
(Видео) Во Белгија повредени 36 полицајци за време на протестот поради апсењето црнкинка

Девет белгиски полицајци се префрлени во болница по судирот со демонстрантите викендов во градот Лиеж, соопшти денеска полицијата.
Службеникот на полицијата, Кристијан Бопер, рече дека 36 полицајци и уште десетмина се повредени во судирите за време на викендот. Причината за насилството е присилното апсење црнкинка на почетокот на неделата на плоштадот Сент Ламберт.
Белгиските медиуми наведуваат дека цел на вандалите биле продавниците и рестораните за брза храна. Некои се ограбени, а врз полицијата биле фрлани камења и други предмети. Полицијата одговорила со солзавец.
Јавниот ред и мир е обновен. Ангажирани се околу 250 полицајци и користен е воден топ, нагласи Бопер.
African Migrants or as they are now called ‘New Belgians’ loot shops after illegal #BlackLivesMatter protests in #Liege, #Belgium today… pic.twitter.com/ylwjxjYDbq
— Based Belgium ?? (@based_belgium) March 13, 2021
Полицијата изрази уверување дека упадите и кражбите биле организирани.
На социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како една црномурна жена ја држат двајца полицајци на земја за време на апсењето по што беа обвинети за расизам. Таа поднесе тужба за полициско насилство и истрагата е во тек. Полицијата ги негира обвинувањата за расизам.
Градоначалникот на Лиеж повика на мир во неделата, објави „Политико“.
„Ова се несреќни настани“, рече Вили Демајер додавајќи дека сака да го повтори вчерашниот повик за смиреност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Русија: Полјаците не ни доставија никакви докази дека дроновите се од наше потекло

Москва тврди дека Полска не доставила никакви докази што покажуваат дека беспилотните летала што биле соборени во Полска се од руско производство.
Вршителот на должноста амбасадор на Русија во Полска, Андреј Ордаш, потврди за новинската агенција „РИА новости“ дека бил повикан од полското Министерство за надворешни работи по инцидентот.
Ова е првиот коментар на Русија по инцидентот, кој се случи преку ноќ.
Европа
Објавена фотографија од руски дрон во Полска

Порталот Defence24 објавува дека руски дрон е пронајден во градот Чешники, во близина на Замошќ и на 40-ина километри од границата со Украина.
Читател ја испратил фотографијата од леталото до редакцијата, а според неофицијални информации, станува збор за дрон од типот „Гербер“, кој Русија го користи за преоптоварување на украинската воздушна одбрана.
Во текот на ноќта Русија изврши масовен напад врз Украина, а повеќе од десет дрона влегоа во полскиот воздушен простор. Полската војска потврди дека оние што претставуваа директна закана биле соборени. Бројот и начинот на движење на леталото, според Defence24, укажуваат на намерна руска провокација.
фото: принтскрин
Европа
Објавена мапа од синоќешниот руски напад врз Украина: прикажани и дроновите што влегле во Полска

Украинските медиуми објавија мапа на која се прикажани беспилотните летала што учествуваа во синоќешните руски напади врз Украина. Главни цели беа Донбас и регионите Ивано-Франкивск, Лавов, Луцк, Одеса, Виница и Житомир. Некои од беспилотните летала го напуштија украинскиот воздушен простор и влегоа во Полска. Според украински извори, дури 14 руски беспилотни летала влегоа во Полска.
Полска потврди дека повеќе од десетина беспилотни летала влегле во нејзиниот воздушен простор за време на нападот врз Украина. Оние што претставуваа непосредна закана беа соборени, а во акцијата учествуваа и неколку холандски борбени авиони „Ф-35“.
Во Полска, во регионот Лублин, беспилотно летало удри во куќа, но немаше повредени. Во источна Полска, во градот Вирики, беспилотно летало или објект сличен на беспилотно летало удри во станбена куќа – покривот беше оштетен, но исто така немаше повредени.
Полскиот премиер Доналд Туск го опиша инцидентот како чин на агресија и нагласи дека НАТО реагирал активно вклучувајќи распоредување холандски борбени авиони и привремено затворање на аеродромите, вклучувајќи го и тој во Варшава.
фото: принтскрин