Спорт
Зверев удри по АТП: Како може Федерер да биде пред мене на АТП-листата?
Германскиот тенисер Александар Зверев јавно го искажа незадоволството од тоа како АТП го врши бодирањето во последната година. Зверев смета дека системот на заштитен пласман не е праведен и се прашува како е можно Роџер Федерер да биде пред него на АТП-листата.
Александар Зверев на АТП-листата се наоѓа на седмото место со 5.635 поени, а Федерер, кој не играше 13 месеци, е пред него со 6.375 поени.
„Голем фан сум на Роџер Федерер, но тој не играше една година и сепак е пред мене на листата. Играв гренд слем финале, мастерс-финале… Овој систем е катастрофа“, рекол Зверев.
„Со овој систем рангирањето навистина не ми е важно. Мислам дека треба да бидам меѓу најдобрите четири-пет играчи во светот, дека тоа треба да биде нормално. Системот е смешен“, дополнил Зверев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ал Келаифи полуде на прашањрто за тренерот: Дали вие го разбирате фудбалот?
ПСЖ не успеа да се пласира во финалето на Лигата на шампионите. Среќата ги напушти „светците“ во натпреварите со Борусија Дортмунд. Во реваншот упатија 31 удар кон голот на Кобел, четири пати ја погодија стативата.
Сезоната, ПСЖ ќе ја заврши само со титулата во домашното првенство, која по доаѓањето на катарските газди се подразбира.
Сепак, со доаѓањето на Луис Енрике, клубот ја смени трансфер политиката. ПСЖ повеќе не ги купува најскапите суперѕвезди, туку се фокусире на собирање супер таленти. Така на реваншот со Борусија имаше тим со просечна старост од 24 години и 157 дена. Тоа е најмладиот тим во полуфиналето на Лигата на шампионите во последните 10 години.
Поради сето горенаведено, претседателот на клубот Насер Ал-Хелаифи полуде на новинарско прашање по испаѓањето од Борусија, каква е иднината на Енрике во клубот.
„Чекај, сериозно ме праша ли тоа? Навистина, дали знаеш нешто за фудбалот и дали воопшто го разбираш? Градиме долгорочен проект со најмладиот тим во Европа. Ни претстои светла иднина. ”
Спорт
Орсато означи крај во Париз и се расплака
Еден од најдобрите судии во светот, Даниеле Орсато, синоќа без грешка го водеше полуфиналниот реванш меѓу ПСЖ и Борусија Дортмунд. Натпреварот заврши со победа на германскиот тим 0:1, а Орсато откако означи крај на натпреварот се расплака.
Орсато (48) повеќе од една деценија суди натпревари од Лигата на шампионите, а во 2020 година го судеше финалето Баерн – ПСЖ. Истата година Институтот за фудбалска историја и статистика го прогласи за најдобар судија во светот. Следната година го водеше полуфиналето на Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Реал Мадрид.
Италијанските медиуми открија зошто Орсато плачел.
Натпреварот ПСЖ-Борусија Дортмунд беше негов последен натпревар во европските купови. Тој ќе суди на претстојното евро, а потоа ќе се пензионира.
Спорт
Реал богато ќе ги награди фудбалерите доколку ја освојат ЛШ
Реал и Баерн од 21 часот во Мадрид ќе го одиграат реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Првиот натпревар во Минхен заврши 2:2. Вечерва ќе го дознаеме вториот финалист на Вембли откако синоќа место во финалето обезбеди Борусија Дортмунд која со вкупен резултат 2:0 го елиминира ПСЖ.
„Марка“, денеска ја објави сумата што секој играч на Реал Мадрид ќе ја добие од клубот како награда доколку ја освои Лигата на шампионите. Тоа е дури 1,4 милиони евра по фудбалер, што е за 500.000 евра по фудбалер повеќе отколку што за истиот успех беа наградени фудбалерите на Реал во 2022 година.
Со богата сума ќе бидат наградени и членовите на штабот, па се проценува дека Реал во случај на освојувањето на трофејот во Лигата на шампионите ќе плати издвои околу 40 милиони евра за да ги награди фудбалерите и стручниот штаб.