Свет
Демонстрации во Јордан: Долу властите, не се плашиме од коронавирусот
Демонстрациите избувнаа во голем број градови во Јордан во врска со ограничувачките мерки воведени заради спречување на ширењето на коронавирусот еден ден откако државната болница остана без кислород, при што починаа најмалку шест пациенти заболени од коронавирус.
Стотици луѓе излегоа на улиците во знак на протест против полицискиот час воведен во градот Ирбид и во неколку други градови, вклучувајќи ги предградијата на Аман и градот Салт. Демонстрантите се собраа во градовите Карак и Акаба на југот на Јордан.
„Долу властите, не се плашиме од коронавирусот“, извикуваа стотици млади луѓе во Ирбид незадоволни од скандалот во болницата и продолжувањето на полицискиот час воведен поради зголемениот број заразени лица.
Економијата на Јордан е потешко погодена од блокадите воведени за спречување на ширењето на коронавирусот, а стапката на невработеност се искачи на рекордни 24 проценти. Демонстрантите ги обвинуваат властите за влошената економска состојба и бараат крај на драконските мерки воведени минатата година на почетокот на пандемијата.
Јорданскиот премиер Бишер ал-Хасавне го отпушти министерот за здравство и изјави дека ја презема целата одговорност за смртните случаи предизвикани од недостиг на кислород.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Нетанјаху најави дека израелските напади врз Иран ќе се интензивираат
Нападите на Израел врз Иран ќе продолжат да се интензивираат, вели израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху по состанокот со министерот за одбрана Израел Кац, началникот на Генералштабот на ИДФ, генерал-потполковник Ејал Замир, и шефот на Мосад, Дејвид Барнеа.
„Нашите сили сега напаѓаат во срцето на Техеран со зголемен интензитет, а ова само ќе се интензивира дополнително во наредните денови“, вели Нетанјаху од покривот на седиштето на ИДФ Кирја во Тел Авив.
„Сепак, ова се болни денови“, вели тој, осврнувајќи се на смртоносните ирански напади во Тел Авив и Беит Шемеш.
„Моето срце е со семејствата и во име на сите вас, граѓаните на Израел, им испраќам желби за брзо закрепнување на ранетите.“
Свет
Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека 48 ирански лидери се убиени во тековните американско-израелски напади врз земјата.
„Никој не може да поверува во успехот што го имаме, 48 лидери исчезнаа одеднаш. И се одвива брзо“, беше цитиран Трамп во интервју за Фокс њуз.
Во посебно интервју за Си-Ен-Би-Си, тој вели дека американската операција во Иран е „пред предвидениот рок“.
Свет
Израелската војска пак го нападна Иран
Израелската војска соопшти дека нејзините сили започнале со спроведување нови воздушни напади врз иранскиот главен град.
„Воздухопловните сили сега започнаа нов бран напади во срцето на Техеран“, се вели во краткото соопштение на „X“.

