Контакт

Економија

Во Германија најсилен пад на потрошувачката во последниот половина век

Објавено пред

Пандемијата на коронавирусот предизвика најголем пад на потрошувачката на домаќинствата во Германија во 2020 година.

dobivaj vesti na viber

Ваков сличен пад земјата последен пат има претрпено во 1970 година, објави германскиот Завод за статистика.

Поради коронавирусот, потрошувачката падна пет проценти, а пандемијата ја погоди потрошувачката посилно од финансиските и економските кризи во 2008 и 2009 година.

Пад на потрошувачката е забележан во речиси сите области, особено во првата половина на годината, откри Заводот за статистика истакнувајќи дека во првиот бран од пандемијата Германците не трошеле на железнички или воздушен транспорт ниту, пак, излегувале во ресторани.

Тие потрошија нешто повеќе само на храна и пијалаци, па потрошувачката на оваа храна во 2020 година се зголеми 6,3 проценти.

Во втората половина на годината Германците беа поподготвени да трошат на трајни производи за широка потрошувачка, вклучувајќи автомобили, мебел и поголеми електрични апарати, па потрошувачката порасна 7,8 проценти на годишно ниво.

Поттик за зголемена набавка на трајни производи за широка потрошувачка веројатно беше привременото намалување на стапката на данокот на додадена вредност, велат од з=Заводот за статистика.

Економија

Македонија доби речиси 2,5 милиона евра од планот за раст за постигнати резултати во намалување на неформалната економија, извести Министерството за економија

Објавено пред

Европската комисија, во најновиот извештај за имплементацијата на Планот за раст, потврди дека Северна Македонија преку министерството за економија и труд целосно и успешно ја спроведе реформската мерка 4.1.1 – „Справување со неформалната економија во поддршка на Стратегијата за формализација на неформалната економија“, извести Министерството за економија и труд.

dobivaj vesti na viber

„Целта на мерката е унапредување на формалната економија преку интензивирање на инспекцискиот надзор и примена на пристап заснован на проценка на ризик, со фокус на секторите најподложни на неформални активности, градежништво, туризам и земјоделство.

Според оценката на Европската комисија, земјата далеку ги надминала поставените цели за зголемување на бројот на инспекции и резултатите од надзорот во рамките на оваа реформа со вкупна вредност од приближно 2,5 милиони евра, насочени кон јакнење на институциите, дигитализација на инспекциските служби и зајакнување на формалната економија.

Државниот инспекторат за труд (ДИТ) спроведе 16.464 инспекции во периодот јули 2024 – јуни 2025, што претставува 242% зголемување во однос на целта за 20% зголемување во однос на просекот од 2020–2023 година.

Притоа се откриени 543 нерегистрирани работници, што е зголемување од над 200% во однос на претходните години.

Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) реализира 669 инспекции, што е 40% повеќе од целната вредност, при што издадени се 222 управни решенија, а 18 нерегистрирани економски оператори се затворени поради непочитување на законите.

Овие постигнувања се резултат на спроведување на пристап заснован на проценка на ризик при планирањето на инспекциските активности, со приоритетно насочување кон секторите најпогодени од неформална економија – градежништво, туризам и земјоделство. Двете институции применуваат методологии за управување со ризик и активно користат дигитални алатки за подобрување на ефективноста и транспарентноста во своето работење

Европската комисија во својата оценка нагласува дека Северна Македонија ја реализирала реформата „целосно и успешно“, без утврдено двојно финансирање и со целосна усогласеност со европските стандарди.

Ова признание од Европската комисија е потврда за сериозната работа на институциите и за конкретните резултати кои носат корист и за граѓаните и за бизнисот. Справувањето со сивата економија е еден од клучните приоритети на Владата и Министерството за економија и труд– заедно со европските партнери ќе продолжиме да градиме одржлива, конкурентна и формална економија“, соопшти Министерството за економија и труд.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Трамп до австралискиот амбасадор: Не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

Објавено пред

Од

Претседателот на САД, Доналд Трамп, му рече на австралискиот амбасадор во САД и поранешен премиер, Кевин Рад, дека не го сака и веројатно никогаш нема да го сака.

dobivaj vesti na viber

Трамп вчера се сретна со сегашниот австралиски премиер, Ентони Албанезе. Политичкиот уредник на австралискиот „Скај њуз“, Ендру Кленел, го праша Трамп зошто требало толку долго време за да се организира состанокот. Тој беше заинтересиран дали има некаква врска со ставот на Австралија за климатските промени, Палестина или изјавите на Рад.

„Не знам ништо за него. Ако рекол нешто лошо, тогаш можеби би сакал да се извини. Дали амбасадорот рекол нешто лошо? Не кажувајте ми. Не сакам да знам. Каде е тој? Дали сè уште работи за вас“, Трамп го праша Албанезе.

Албанезе одговори дека Рад е сè уште амбасадор и покажа кон него. Рад призна дека кажал лоши работи за Трамп пред да стане амбасадор. „Ги повлекувам тие изјави“, рече тој.

„Ни мене не ми се допаѓаш. И веројатно никогаш нема да ми се допаднеш“, рече Трамп.

Во ноември минатата година, откако Рад беше потврден како избор на Албанезе за амбасадор на САД, се појави интервју од 2021 година во кое тој го опиша Трамп како селски идиот. Подоцна се дозна дека Рад избришал некои стари објави на социјалните мрежи во кои го нарекол Трамп предавник на Западот и лудак.

Прикажи повеќе...

Економија

Цените на нафтата паѓаат

Објавено пред

Од

Цените на нафтата паднаа под 61 долар на меѓународните пазари денес, поради мрачни проценки за вишок понуда и знаци за затоплување на односите меѓу САД и Русија што би можело да значи полесен пристап до руска нафта.

dobivaj vesti na viber

На лондонскиот пазар, цената на барел по пладне беше за 72 центи пониска отколку на затворањето на трговијата на крајот од минатата недела, на 60,57 долари. На американскиот пазар, барелот се тргуваше по цена за 66 центи пониска, на 56,88 долари.

Расположението на пазарите е намалено од проценките за вишок понуда на крајот на оваа година и почетокот на следната година.

Понудата брзо расте, додека побарувачката е пригушена, објави Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) минатата недела.

Во такви услови, светските залихи достигнаа највисоко ниво за четири години во август, од 7,9 милиони барели, пресмета агенцијата, а вишокот на понуда треба нагло да се зголеми најдоцна од следната година.

Инвеститорите се загрижени и за затворањето на американската влада поради спор околу буџетските трошоци.

Демократите го условуваат прифаќањето на предлогот за буџет за 2026 година со продолжено финансирање на програмата за здравствено осигурување за најранливите групи граѓани, додека републиканците ја отфрлаат оваа отстапка.

Дури 750.000 владини службеници би можеле да бидат испратени на неплатен одмор, што исто така ќе значи пониски трошоци, предупреди независниот институт CBO.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

За Мицкоски предвремените избори се непотребни, но на oпозицијата и’ порача: „Внимавајте што посакувате, можеби ќе ви се исполни“

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето обраќање по повод Денот на македонската револуционерна борба се осврна на...

Македонија4 часа

Даниловски алармира: Глувците во Скопје шират ризик од болести, преминат е Рубиконот, потребна е итна интервенција

Епидемиологот проф. д-р Драган Даниловски предупреди дека Скопје се соочува со закана за јавното здравје, повикувајќи на итна, координирана интервенција...

Македонија5 часа

Независниот кандидат Милосим Војнески се повлече од вториот круг во Македонски Брод

Независниот кандидат за градоначалник на Општина Македонски Брод, Милосим Војнески, објави дека се повлекува од изборната трка пред вториот круг...

Македонија6 часа

Не сакаме да се повтори сценариото со Арсовска, ние сме тука за скопјани, не за поединци, рече Мециновиќ

Кандидатот за градоначалник на Скопје од редовите на Левица, Амар Мециновиќ, на денешната прес-конференција изјави дека партијата бележи значителен раст...

Македонија7 часа

Скопските лихвари им ги одземале имотите на оние кои не можеле да ја вратат позајмицата, каматата била и до 15 отсто месечно

Полицијата спроведе координирана акција на повеќе локации низ Скопје и приведе 11 лица осомничени за лихварство и перење пари, а...

Македонија9 часа

Николоски: Потпишавме меѓудржавен Договор за авиосообраќај, создаваме услови за нови линии и бројни туристи од Велика Британија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и Киер Метер, министер за воздухопловство, поморство и декарбонизација, во...

Свет10 часа

Санкции за „Роснефт“ и „Лукоил“ – САД и Британија обединети против руската нафта

Американското Министерство за финансии воведе нов пакет санкции против две најголеми руски нафтени компании – „Роснефт“ и „Лукоил“, со цел...

Македонија10 часа

Македонија го одбележува 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба

Во Македонија денеска се одбележува 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, државен празник и неработен ден за сите...

Македонија10 часа

Меџити: Ова е чиста победа, изградена со доверба и љубов кон Чаир

Синоќа во општина Чаир Изет Меџити и неговиот тим ја прославија победата на локалните избори. Меџити им се заблагодари на...

Македонија21 час

Ќе се бориме за да ги браниме националните интереси, иднината на државата е во рамките на ЕУ, порача Мицкоски од Лондон

Економијата, безбедноста и процесот на интегрирање на Македонија во рамките на ЕУ, како што соопшти премиерот Христијан Мицкоски биле теми...

Македонија24 часа

12 лица под истрага по полициските претреси во Скопје: осомничени се за лихварство и перење пари

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, единиците на МВР денеска, по обезбедени Наредби од Основниот кривичен суд –...

Македонија1 ден

(Видео) Мециновиќ: Владиниот кандидат се сретна со „Вреди“ и ја доби нивната поддршка, јас се среќавам со Скопје

Кандидатот на Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ кој влезе во вториот круг на локалните избори се огласи откако...

Македонија1 ден

Кандидатите за градоначалници на Скопје се договорија: ТВ дебата во вторник

Кандидатот на партијата Левица за градоначалник на Скопје, Амар Мециновиќ денеска преку социјалните мрежи извести дека прифаќа дебата со противкандидатот...

Македонија1 ден

„Додека Данела сака да биде инфлуенсерка и троши време на театар, претпријатијата и штрајкуваат, а вработените немаат плати“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Со длабоко разбирање за состојбата во која се наоѓа и за предизвиците од лична природа на кои е изложена, нема...

Топ1 ден

Жени се истепаа во автобус на ЈСП, во друг инцидент, скопјанец нападнат од четири лица

Вчера во 14:20 часот во СВР Скопје е пријавено дека во автобус на ЈСП на подрачјето на Центар, бил нарушен...

Македонија1 ден

Сметам дека и во првиот круг Левицата имаше поддршка од ДУИ, а коалицијата со СДСМ e веќе jавна, вели Ѓорѓиевски

Кандидаттот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Орце Ѓорѓиевски, смета дека неговиот противкандидат во вториот круг, Амар Мециновиќ од партијата...

Македонија1 ден

Истрага против 32 физички и правни лица за злоупотреби при јавни набавки во прилепската болница

По поднесена кривична пријава од Управата за финансиска полиција, Основното јавно обвинителство Прилеп денеска донесе наредба за спроведување истражна постапка...

Македонија1 ден

Mицкоски се сретна со кралот Чарлс: „Беше искрено и содржајно“

Премиерот Христијан Мицкоски на социјалните мрежи објави дека во рамките на престојот во Лондон остварил средба со Неговото Кралско Величество,...

Македонија1 ден

Полицијата претресува на повеќе локации во Скопје поради лихварство и перење пари

Под раководство на предметен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), полициски единици на...

Македонија1 ден

И СДСМ излезе со процени: со ваков резултат ВМРО-ДПМНЕ би имала 52 пратеници, а СДСМ 21

СДСМ реагираше на тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ дека се апсолутни победници на локалните избори, посочувајќи дека бројките, според нивната анализа, покажуваат...