Македонија
(Видео) Гарванлиев: Уметничкото дело во спотот беше погрешно сфатено, а интервјуто е снимено лани

Македонскиот претставник на овогодишниот избор на песна за Евровизија, Васил Гарванлиев, преку видео се обрати до јавноста за бугарскиот пасош и за промената на спотот.
Вели дека уметничкото дело на кое беа препознаени боите на бугарското знаме било погрешно сфатено, а потоа сменето поради реакциите. За интервјуто, Гарванлиев раскажува дека било снимено минатата година.
Пејачот образложува дека со семејството во 1997 година се преселил во Чикаго, каде што живеел неколку години. Откако биле депортирани, фамилијата извадила бугарски пасоши, на основа на тоа што неговата баба била родена во селото Игралиште, надвор од Петрич. Вели дека бугарски пасош има веќе 20-ина година, а во Македонија, двојното државјанство е дозволено.
„Имам живеено 10 години во Торонто, 8 во Чикаго, 1 во Милано и 1 во Лондон, неколку со куфер патувајќи, имам застанато на светските сцени во Париз, Амстердам, Цирих, Њујорк, Чикаго, Торонто, листата продолжува. За мене најважно и најгордо нешто беше тоа што првата реченица во мојата биографија низ цел свет беше: ‘Македонскиот баритон Васил Гавранлиев ја започна својата кариера на 7 години во својата родена земја’“, вели Гарванлиев.
Македонскиот претставник во видео обраќањето вели и дека со душа чека да застане на таа сцена и да вибрира во црвено-жолта боја.
За видеоспотот, раскажа дека во моментот кога дознал дека луѓето се погодени и уметничкото дело во музејот било погрешно протолкувано, спотот бил сменет. За интервјуто што циркулира викендов, пејачот вели дека било снимено пред една година.
„Во музика нема политика, нема раса, нема боја, има љубов, има човештво, има енергија. Ако некој е повреден од тоа што јас го направив ненамерно, многу случајно, јас се извинувам од сè срце. Не се извинувам за тоа што сум јас, но ако имам повредено некого, кои и да сте, простете ми. За крај ве оставам со преводот на рефренот на Here I stand: Сите ќе пробаат да те скршат и соборат, без да знаат дека тоа те прави посилен да продолжиш понатаму“, додава македонскиот евровизиски претставник во обраќањето.
Претходно денеска беше отворена петиција со која се бара повлекување на Васил Гарванлиев како претставник на Македонија на „Евровизија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ЦУК: Пожарот во Самоков веднаш изгаснат, објектите на фабриката не беа во опасност

Пожарот во Самоков е локализиран и веднаш изгаснат. Во ниту еден момент немаше опасност од негово ширење кон објектите на фабриката Самоков, соопшти Центарот за управување со кризи.
Од РЦУК Македонски Брод претходно стигна информација дека е настанат пожар во населбата Самоков, во фабриката „Сувенир“, а опожарен е магацин со хемикалии. Во информацијата беше наведено дека електричната енергија во фабриката е исклучена.
Македонија
„Седи Боби, кец!“, му рече Арсовска на Стефковски за проблемот со водата, па доби одговор

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, преку објава на својот официјален профил на Фејсбук, му возврати на градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, кој претходно ги прозва Градот и ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, за прекините во водоснабдувањето во неколку скопски населби. Тој побара итна интервенција од Градот, предупредувајќи на можни протести ако состојбата не се реши веднаш.
Арсовска му одговори на Стефковски дека и по три години на функција сè уште не прави разлика што е во надлежност на Градот, а што на Општина Гази Баба. Таа појасни дека жителите на Црешево и Смилковци не се корисници на ЈП „Водовод и канализација“, туку на ЈКП „Гази Баба“ – претпријатие под општинска надлежност.
„Ова по три години ќе го знаеше ако паузираше еден ден од сликање по фолклорни манифестации за да сработиш нешто“, напиша Арсовска, посочувајќи дека со средствата добиени од владите на Ковачевски и Мицкоски, Стефковски можел да изгради нова водоводна мрежа за тие населби.
Во продолжение, Арсовска рече дека Град Скопје во изминатите три години не добил ниту еден денар од централната власт, а дека Владата ѝ должи на ЈСП Скопје осум милиони евра.
Градоначалничката ја заврши објавата со саркастичен тон: „Седи Боби, кец!“
Ситуацијата дополнително ја заостри реториката меѓу градоначалниците на Скопје и Гази Баба, отворајќи нова рунда меѓусебни обвинувања. По објавата на Арсовска, повторно се огласи Стефковски кој и’ одговори дека надлежноста за Смилковци и Црешево ја знае многу добро, па ја повика да каже зошто жителите од Автокоманда, Железара, Триангла, Маџари и Ченто немаат вода? За крај по однос на делењето оценки, Стефковски на социјалните мрежи напиша дека граѓаните и’ дале оценка на парламентарните избори на Арсовска. Тогаш таа освои вкупно 3.438 гласови.
Македонија
Гори кај Прилеп, Македонски Брод, Чашка и Велес – пресек на состојбата со пожарите

На територијата на државата се евидентирани вкупно осум пожари на отворен простор, од кои активни се четири, соопшти Центарот за управување со кризи.
Во Општина Прилеп, гори кај селото Бешиште. Се работи за приземен пожар во квалитетна мешана шума. Активен е пожарот и кај Општина Македонски Брод, с. Црешнево, м.в. Церо Поле – пожар во деградирана дабова шума и грмушки. Во Општина Чашка беснее шумски пожар под Солунска Глава, помеѓу местата викани Изворите на Бабуна и Бабина Дупка (моментално нема активен пламен, само чад на карпест дел). Во Општина Велес пожарот избувна во ниска вегетација.
Изгаснати се 4 пожари: Општина Врапчиште, с. Врањовци – ниска вегетација, ѓубриште; Општина Липково, с. Лојане – ниска вегетација и стрниште; Општина Карбинци, с. Радање – блок (површина) посеана со жито и ниска вегетација и ОпштинаАрачиново, с. Орланци – ниска вегетација и отпаден материјал.