Македонија
(Видео) Костадинов: За Мицкоски, најважно е да го брани Орце Камчев
Портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, изјави дека Христијан Мицкоски уште еднаш потврдил дека е на страната на криминалот и на страната на режимот.
Според него, Христијан Мицкоски не е ништо друго, освен, како што рече, потрчко на Камчев, Мијалков и на Груевски.
„Осомничениот Орце Камчев е обвинет во предмет заедно со Никола Груевски за злоупотреба на пари што влегувале во ВМРО-ДПМНЕ. Во согласност со обвинението, менторот на Мицкоски и осуден криминалец, Никола Груевски, се товари дека присвоил 1,3 милион евра за да купува плацови од десетици илјади квадратни метри. Наместо да бара одговорност и враќање на парите – 1,3 милион евра, кои наводно се партиски пари, Мицкоски и актуелното раководство на ВМРО-ДПМНЕ по секоја цена се растрчани во одбрана на Орце Камчев“, рече Костадинов.
Ова, како што рече Костадинов, покажува дека хипотеките на Мицкоски кон тајкунот на режимот, Орце Камчев, се големи.
„Затоа, првиот човек на партиската правна комисија на ВМРО-ДПМНЕ, Менкиновски, му е адвокат на Камчев. На Мицкоски поважен му е Камчев отколку парите на партијата, на членовите на ВМРО-ДПМНЕ. Не успеа досега Мицкоски, нема да успее ниту сега да го одбрани криминалот на режимот“, истакна Костадинов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Одлуки за учество на припадници на Армијата на вежби во Германија, Бугарија, Косово
Владата на денешната седница донесе и повеќе одлуки на предлог на Министерството за одбрана, меѓу кои и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „BEYOND HORIZON 24“, во Република Бугарија, за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество во НАТО операцијата „КФОР“ во Република Косово и за испраќање на припадници на Армијата на Република Северна Македонија за учество на вежбата „Combined Resolve 24-2“ во Сојузна Република Германија.
Македонија
Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР
Во пресрет на претстојните Претседателски и Парламентарни избори што ќе се одржат утре, Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека Одделот за граѓански работи, односно сите отсеци за управни работи на оваа организациона единица при МВР на 08.05.2024 ќе работат за издавање на лични документи со работно време од 08.00 до 19.00 часот.
„Исто така ги известуваме граѓаните дека сите барања за лични карти кои се поднесени до 03.05.2024 година, се веќе изготвени и граѓаните можат да ги подигнат“, соопшти МВР.
Македонија
Пронајдени три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми, ОЈО Велес отвори истрага за недозволено држење оружје
Основното јавно обвинителство Велес донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 на Кривичниот законик.
„При претрес во домот на осомничениот во селото Мелница, општина Чашка, полицијата пронашла поголемо количество оружје и муниција – три полуавтоматски пиштоли и 139 куршуми со различен калибар. За осомничениот поднесен е предлог за определување мерка притвор“, соопшти Обвинителството.
ОЈО Велес продолжува да постапува и да презема дејствија за проверка на сомненијата за изборен поткуп во однос на овој осомничен и на уште едно лице во велешко кај кое во текот на вчерашниот ден беа извршени претреси, се додава во соопштението.