Македонија
24 починати и 999 новозаболени од Ковид-19
Во последните 24 часа се направени 3.627 тестирања, а регистрирани се 999 нови случаи на Ковид-19, и тоа во: Скопје – 539, Прилеп и Битола – по 44, Куманово – 41, Охрид – 38, Кавадарци – 34, Велес – 25, Гевгелија – 23, Тетово – 22, Неготино – 21, Кочани – 20, Крива Паланка – 19, Гостивар – 16, Штип – 15, Струга – 10, од Струмица, Кичево, Пробиштип, Валандово и Крушево – по 8, од Ресен и Делчево – по 7 лица, Берово – 6, Демир Капија – 5, по 4 лица од Свети Николе, Радовиш и Пехчево, од Демир Хисар и Виница – по 3, Кратово – 2, од Дебар, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Регистрирани се 543 оздравени пациенти, и тоа од: Скопје – 240, Охрид – 52, Прилеп – 38, Тетово – 27, Велес, Гевгелија и Струга – по 24, Куманово – 17, Струмица и Битола – по 14, Гостивар – 12, Кочани – 8, Крива Паланка, Пробиштип и Дебар – по 5, Кичево, Крушево и Делчево – по 4, Ресен, Свети Николе и Кратово – по 3, од Штип, Берово, Виница, Демир Хисар и Богданци – по 2, од Неготино, Валандово и Радовиш по 1 лице.
Пријавени се вкупно 24 починати лица на возраст од 46 до 80 години, и тоа: 5 пациенти од Прилеп, од Скопје – 4, од Кавадарци – 3, по 2 починати лица од Гевгелија, Гостивар, Кочани и од Дебар, по едно починато лице од Куманово, Битола, Штип и од Неготино. Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3.627 теста преку: ИЈЗ – 467, ЦЈЗ Скопје – 99, „Авицена“ – 387, „Биотек“ – 344, „Жан Митрев“ („Филип Втори“) – 201, „Систина“ – 330, лабораторија „Лаор“ – 176, Судска медицина – 18, ЦЈЗ Битола – 88, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби – 1, „Синлаб“ – 97, „Ремедика“ – 38, лабораторија во болницата во Козле – 20, ЈЗУ и ПЗУ (рапид-тест) – вкупно 1.360, УК Пулмологија со алергологија – 1, ГОБ „8 Септември“ – 0.
Досега во земјата се направени вкупно 571.068 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 113.929, бројката на оздравени пациенти е 98.676, на починати е 3.364, а бројот на активни случаи изнесува 11.889.
Според епидемиолошки анализи во моментот, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно) Активни случаи (вкупно)
Скопје 50.464, активни 5.941
Прилеп 6.166, активни 805
Куманово 6.030, активни 418
Тетово 5.817, активни 359
Гостивар 4.089, активни 292
Кавадарци 3.906, активни 638
Штип 3.844, активни 191
Велес 3.782, активни 314
Битола 3.754, активни 321
Охрид 3.621, активни 455
Струмица 2.929, активни 205
Струга 2.530, активни 161
Кочани 1.991, активни 150
Кичево 1.835, активни 57
Неготино 1.618, активни 403
Гевгелија 1.515, активни 297
Свети Николе 1.153, активни 41
Крива Паланка 981, активни 133
Ресен 894, активни 96
Дебар 806, активни 12
Радовиш 784, активни 42
Делчево 771, активни 49
Берово 713, активни 66
Пробиштип 597, активни 46
Виница 542, активни 23
Валандово 417, активни 45
Крушево 381, активни 113
Богданци 346, активни 65
Кратово 303, активни 23
Демир Хисар 303, активни 41
Демир Капија 291, активни 58
Македонски Брод 261, активни 9
Пехчево 200, активни 13
Македонска Каменица 194, активни 2
Дојран 101, активни 5
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) „Мобилизирани се сите служби“: Кисела Вода се справува со снежните наноси
По снежните врнежи кои го зафатија цело Скопје, општина Кисела Вода од раните утрински часови спроведува интензивни активности за чистење и одржување на патната инфраструктура со цел обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, извести Општината.

„Активиран е Кризниот штаб на општина Кисела Вода, кој е во постојана комуникација со сите надлежни служби и ја координира работата на терен, овозможувајќи ефикасно справување со зимските услови.

Со целосно ангажирана и расположлива механизација, камиони и екипи, континуирано се работи на расчистување на снегот и посипување сол на критичните точки каде што е евидентирана појава на мраз. Во моментов, активностите се одвиваат во населбите Припор, Пинтија и Драчево, како и пред градинките, училиштата и автобуските постојки.

Ангажирани се сите сезонски работници, а екипите се постојано присутни на терен за навремено да одговорат на сите пријави и состојби кои би можеле да го отежнат сообраќајот и секојдневното функционирање“, велат од Општината.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за зголемена внимателност при движењето и почитување на сообраќајните правила, додека општинските служби продолжуваат со активностите сè до целосна стабилизација на состојбата.
За пријавување на проблеми поврзани со снег, замрзнати улици или отежнат пристап, граѓаните можат да се обратат на следните телефонски броеви:
Димитар – +389 72 443 500
Дарко – +389 78 383 746
Македонија
Судиите за случајот Ристов: темелна истрага, почитување на пресумцијата на невиност, воздржаност од генерализирање
Здружението на судиите искажа поддршка на институциите во борбата против организираниот криминал и корупцијата, по притворaњето на судија од Апелациониот суд во Скопје.
Во соопштението, Здружението нагласува дека очекува темeлна, прецизна и транспарентна истрага за да се утврдат сите факти и евентуалната инволвираност на други лица, без селективност и со почит кон законските процедури.
Во случај на докажана корупција, Здружението јасно се оградува од секој корумпиран судија или носител на судска функција кој го нарушува интегритетот на судскиот систем, но истакнува дека таквите појави не треба да се поврзуваат со огромното мнозинство судии кои чесно ја извршуваат функцијата.
Организацијата бара целосно почитување на угледот на чесните судии и воздржаност од генерализации кои ја поткопуваат довербата на граѓаните во правосудниот систем.
Здружението на судиите нагласува дека секоја постапка мора да се спроведе со почит на принципот на пресумпција на невиност и без сензационализам, покажувајќи достоинство, неселективен пристап и почитување на човековите права.
Македонија
(Фото) Герасимовски: Општина Центар го расчистува снегот, фрлени 15 тони сол
Службите на Општина Центар од утринава се на терен и интензивно работат на расчистување на снегот. Фрлени се 15 тони сол на коловозите, со приоритет на најкритичните точки. Механизацијата интервенира на пристапите кон Водно, каде што се расчистува снегот и се фрла сол, известуваат од Општината.

Паралелно се чистат тротоарите и пешачките патеки, како и просторот околу здравствените установи, училиштата и градинките, за безбедно движење на граѓаните и учениците.

Општина Центар ги повикува граѓаните да пријавуваат критични точки со цел службите веднаш да интервенираат и да го расчистат теренот, на телефоните: 075 219 068, 076 313 381 и 075 476 768, велат од Општината.

„Нашите служби се постојано на терен. Имаме доволни залихи на сол, а механизацијата го расчистува снегот на местата кои се под наша надлежност“, рече градоначалникот Горан Герасимовски.



