Свет
Државниот секретар на САД: Кина е агресивна во Азија, се однесува репресивно

Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, тврди дека Кина се однесува агресивно и репресивно наведувајќи ги потезите во Источното и Јужното Кинеско Море, каде што има територијални спорови со Јапонија и други азиски земји.
Говорејќи на тркалезна маса со јапонски новинари во Токио, Блинкен рече дека Пекинг со своите поморските активности и распоредувањето спрема Тајван во регионот ги зголемува тензиите наместо да ги намалува.
Блинкен е во посета на Јапонија и Јужна Кореја заедно со министерот за одбрана Лојд Остин во обид да ги зајакне сојузите на САД со Азија и ова е прво патување во странство на водечките членови на администрацијата на претседателот Џо Бајден.
Главните територијални претензии на Кина во Источното и Јужното Кинеско Море се приоритетно прашање во затегнатите кинеско-американски односи и важна безбедносна грижа за Јапонија.
Според Блинкен, Пекинг се однесува порепресивно дома и поагресивно во странство вклучувајќи ги и Источното Кинеско Море и Сенкакусе, како и Јужното Кинеско Море и Тајван.
Блинкен и Остин разговараа за овие прашања вчера со јапонските колеги во формат 2 + 2 во Токио и пред првиот состанок на Блинкен со кинеските колеги кон крајот на оваа недела на Алјаска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од руски ракети и пренесувајќи го своето воено искуство во Европа.
Данското Министерство за индустрија и финансии претходно овој месец објави дека украинската одбранбена компанија „Фаер Поинт“ преместува дел од своите производствени процеси во таа земја, оценувајќи го тоа како важен чекор за безбедноста на Украина, што во исто време „создава нови можности за соработка со данските и европските компании“.
Тоа е првиот чекор во новата иницијатива наречена „Гради за Украина“, за која Данска издвои повеќе од 50 милиони долари за да им помогне на украинските одбранбени компании да започнат бизнис, објавува „Бизнис инсајдер“.
Проектот им овозможува на украинските компании да произведуваат на поконвенционален начин, наместо да го кријат или нарушуваат процесот на производство за да избегнат да станат мети на руски ракети и беспилотни летала.
За Данска и нејзините сојузници, соработката носи директно искуство на украинските компании во производството на оружје за големата војна. Тоа знаење е непроценливо.
Засега, барем јавно, проектот вклучува само една украинска компанија. Компанијата „Фаер Поинт“, која исто така произведува дронови и ракети, планира да произведува ракетно гориво во Данска за одбранбените потреби на Украина. Останатите украински компании кои произведуваат хаубици, ракети, дронови и друго оружје сè уште го прават тоа во земјата.
Свет
Над 2 милиони луѓе останаа во мрак во Мексико

Во југоисточниот дел на Мексико околу 2,3 милиони луѓе синоќа останаа без електрична енергија поради дефект на врските меѓу неколку мрежи.
Прекинот во електроснабдувањето траеше четири часа и предизвика хаос пред сè во сообраќајот, посебно во туристичкиот град Канкун. Во делови од градот речиси два часа беа во прекин телефонските услуги.
Најпогодени од прекинот на електрична енергија беа мексиканските сојузни држави Јукатан, Кампече и Кинтана Ро.
Свет
Цените на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти

Просечните цени на туристичките пакет аранжманите во ЕУ во август годинава се зголемиле за 2,5 проценти споредено со истиот месец лани, информира Европската статистичка агенција – Евростат.
Кога станува збор за августовските домашни туристички аранжмани, тие поскапеле за 6,8 отсто на годишно ниво, а странските за 1,6 проценти.
За споредба, во мај годинава цените на туристичките пакет аранжмани пораснаа за 1,7 отсто во однос на истиот лански месец.
Ваквите податоци укажуваат на ублажување на растот на цените на туристичките аранжмани, имајќи предвид дека во 2024 година и првиот квартал од 2025, поскапувања на пакет понудите на годишно ниво под 7,0 отсто беа регистрирани само лани во јули и во март годинава.
По земји, најголем раст на цените на туристичките пакет аранжмани на годишно ниво минатиот месец е регистриран во Естонија за 39,5 отсто, по што следуваат Бугарија со 23 и Данска со поскапување од 12 проценти.
Намалување на августовските цени на туристичките аранжманите на годишно ниво се бележат во само три земји членки на ЕУ и тоа Белгија од 7,0, Шведска од 5,6 и Шпанија од 0,1 отсто.