Свет
Бајден: Путин ќе плати за мешањето во претседателските избори на САД

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека рускиот претседател, Владимир Путин, набргу ќе ги почувствува последиците од директното мешање во претседателските избори на САД во 2020 година со цел да победи Доналд Трамп.
„Ќе ја плати цената, а какви ќе бидат последиците, ќе видите набргу“, изјави Бајден за „Еј-би-си њуз“.
Тој ги даде изјавите по извештајот на разузнавачките служби, кој ги потврдува тврдењата дека самиот Путин стои зад мешањето на Русија во изборите. Русите возвраќаат дека станува збор за неосновани обвинувања.
Бајден рече дека го познава Путин релативно добро и дека според неговото искуство со странски лидери, најважно е да го познава неговиот соговорник. Тој исто така рече дека не верува оти Путин има душа, а на прашањето дали смета дека рускиот претседател е убиец, тој одговори потврдно.
„Да, го мислам тоа“, рече кусо Бајден.
Во исто време тој потсети дека има прашања од заеднички интерес за кои тие може да соработуваат, како што е продолжувањето на нуклеарниот договор СТАРТ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Лавров: Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателскa земји“

Русија постепено се оддалечува од терминот „непријателски земји“, постојат само земји со влади кои не се пријателски настроени кон Москва, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
„Постепено се оддалечуваме од терминот непријателска земја, иако тој останува во законодавството“, објави Лавров на прес-конференција посветена на подготовките за „Интервижн“, пренесува ТАСС.
Лавров одговори дека Русија нема непријателски земји, туку дека постојат само земји кои „имаат непријателска влада во однос на Руската Федерација“.
Фото: принтскрин
Свет
Затворени плажи во Хургада поради појава на ајкули

Неколку плажи во египетските одморалишта Хургада и Макади беа затворени во последните денови откако ајкули беа забележани во близина на брегот. Ова го објавуваат локалните медиуми.
Според туристите, неколку хотели одлучиле да ги затворат своите плажи како мерка на претпазливост, додека некои од нив во меѓувреме се отвориле повторно.
Како што објавуваат медиумите, експертите предупредуваат дека видови како што се тигрести и леопардски ајкули, кои се сметаат за особено опасни за луѓето, може да се појават во Црвеното Море. Поради оваа причина, се препорачува да се биде дополнително внимателен и да се почитуваат сите мерки пропишани од одморалиштата и службите за спасување, според написите.
Фото: принтскрин
Свет
Подготвени сме за секакво сценарио за време на посетата на Трамп, објави британската полиција

Британската полиција објави дека е целосно подготвена за сите можни ситуации и сценарија пред државната посета на претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, оваа недела.
– Многу сум задоволен што испланиравме многу сеопфатен план за полициска и безбедносна операција што ги зема предвид речиси сите можни сценарија што би можеле да се случат – изјави помошникот на главниот комесар Крисјан Бант од британската полиција.
Бант изјави дека ќе бидат присутни значајни, многу видливи полициски сили, но одби да го прецизира бројот на распоредени полицајци.
Тој, исто така, објави дека воздушниот простор над замокот Виндзор ќе биде затворен, а специјализираните полицајци ќе бидат подготвени да се справат со секаков протест што може да се случи.
Британскиот крал Чарлс ќе го пречека Трамп во замокот Виндзор утре, пред американскиот претседател да ја продолжи својата посета во четврток на имотот на британскиот премиер Кир Стармер.
Фото: принтскрин