Забава
БТС собори уште еден Гинисов рекорд со мегахитот „Динамит“
Јужнокорејскиот бој-бенд официјално ја носи титулата за најмногу симултани прегледи на музички спот на јутјуб-премиери за нивниот хит од 2020 година.
Насловот на твитот на твитер-страницата на Гинисовите рекорди гласи: „Најлошо чувана тајна во историјата“.
„Сега е потврден рекордот на BTS за најголем број симултани гледачи на музичко видео на јутјуб-премиери со синглот Dynamite од 2020 година, со над три милиони гледачи во исто време“.
Химкејкерите веќе соборија неколку рекорди, вклучително и за најголем број гледачи на лајфстрим-концерт за Map of the Soul: 7 – виртуелниот настан The Journey и најпродаван албум за Map of the Soul: 7.

Јужнокорејската поп-сензација неодамна се запиша во историјата како прва К-поп група номинирана за „Греми“ откако Dynamite на церемонијата минатиот викенд доби номинација за најдобра поп-дуо/бенд-изведба.
Нивната прва песна на англиски јазик, Dynamite, во Америка забележа приближно 34 милиони стриминзи и 300.000 продажби во првата недела, со што БТС стана првиот јужнокорејски бенд што дебитира на првото место на листата на американски синглови „Билборд хот 100“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
(Видео) Нела Манческа ѝ донесе седмо место на Македонија на „Јуниор Евросонг“
Нела Манческа со песната „Miracle“, со која ја претставуваше Македонија на „Јуниор Евросонг“, го заврши натпреварот на високото седмо место, освојувајќи вкупно 141 поен.
Конечниот пласман беше одреден од комбинираните гласови на стручните жири-комисии и публиката, при што Македонија оствари одличен резултат кај жирито, пласирајќи се меѓу првите пет земји според нивното гласање.

Во жири-гласањето, Македонија доби 12 поени од Црна Гора и Италија, што дополнително го потврди силниот впечаток што настапот на Нела Манческа го остави кај професионалните оценувачи.
Победник на годинашното издание на Јуниор Евросонг е Франција со освоени 248 поени, второто место ѝ припадна на Украина, а третото на Грузија.
Забава
(Видео) „Miracle“ одекна во Тбилиси: Нела Манческа ја претстави Македонија на Јуниор Евросонг
Вечерва во Тбилиси, Грузија, се одржува 23-то издание на Јуниор Евросонг, а Македонија ја претставуваше Нела Манческа со песната Miracle.
Aвтори на песната се продуцентoт Лазар Цветкоски и Магдалена Ена-Цветкоска која го напиша текстот.
View this post on Instagram
На овогодишниот избор за песна на Детска Евровизија учествуваат 18 земји.
Гласањето можете да го следите во живо на линкот.
Забава
Љубов под елката: Три знаци ќе доживеат филмска љубов до крајот на месецот
Иако декември е хаотичен месец, за некои хороскопски знаци љубовта оваа година доаѓа посилно од очекуваното. Според астрологот Адама Сисеј од „Lilith Astrology“, клучни се транзитите на Венера и Марс – планетите на љубовта, привлечноста и страста. Кога тие се поволно поставени, се случуваат токму оние „филмски“ моменти: вистинско време, вистинско место, вистинска личност.
Овие три знаци имаат најголеми шанси Новата година да не ја дочекаат сами:
Близнаци – Венера и Марс се во силен аспект со вашиот знак, носејќи нови средби, лесна комуникација и природна хемија. Ќе бидете похрабри и поотворени – токму она што ви оди најдобро.
Стрелец – Венера и Марс се во вашиот знак речиси цел месец, па вашата привлечност е на врвот. Спонтани излегувања, флерт и романса доаѓаат без многу напор.
Јарец – Кон крајот на декември, двете планети влегуваат во вашиот знак и ги активираат романтичните и страстните импулси. Можно е новогодишниот бакнеж да биде со некој навистина посебен.
Ако не сте меѓу овие знаци – вреди да го проверите и вашиот подзнак.
Фото: Pexels

