Свет
Трамп изгубил 700 милиони долари додека бил претседател

Богатството на поранешниот претседател на САД, Доналд Трамп, е намалено за 700 милиони долари во периодот кога тој бил претседател на САД.
Според податоците на „Блумберг“, Трамп исто така го почувствувал влијанието на пандемијата на коронавирусот затоа што паднала вредноста на неговите згради, брендирани хотели и одморалишта, како и неговите приходи. Неговата флота авиони и терени за голф исто така изгубила од вредноста. Богатството на Трамп сега се проценува на 2,3 милијарди долари.
„Блумберг“ ги добил податоците со анализа на финансиските документи во периодот од мај 2016 година до јануари 2021 година.
Сепак, финансиите и семејниот бизнис на поранешниот американски претседател се предмет на истрага.
Комерцијалните недвижности сочинуваат три четвртини од неговото богатство, а заработувачката од деловните згради што ги поседува или е косопственик е намалена затоа што голем број луѓе работат од дома. Ова е тренд што може да трае долго време.
Дојче банк беше единствената банка што сакаше да му позајми пари на Трамп по неговиот банкрот во 90-тите години на минатиот век, но по неодамнешните немири во САД, објави дека повеќе нема да работи со него.
Трамп поседува и флота авиони, вклучително и „боинг 757“. Овие авиони се стари неколку децении и нивната вредност се намалува. Седум авиони вредеа 59 милиони долари во 2015 година, а пет од нив вредеа околу 6,5 милиони долари во 2020 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
„Шпионирала за Киев, планирала да труе војници“: Русите уапсија готвачка на Крим

Федералната служба за безбедност (ФСБ) на Русија објави дека уапсила 45-годишна Русинка, главен готвач во ресторан во Севастопол, на Крим, под сомнение за шпионажа за Украина и планирање труење на руски војници, објави „Киев пост“.
Неименуваната жена, која е во притвор, е обвинета дека работела за Главната дирекција за разузнавање на Украина (ХУР) во последните две години. ФСБ тврди дека таа ги понудила своите услуги на украинската разузнавачка служба уште во септември 2023 година.
Таа наводно користела WhatsApp за да споделува информации со своите врски за локациите и рутите на рускиот воен персонал и опрема во Севастопол, поранешното главно пристаниште на руската Црноморска флота. ФСБ конкретно тврди дека таа фотографирала бродови на Црноморската флота стационирани во Севастополскиот залив, кои подоцна биле користени од украинските вооружени сили за планирање ракетни напади.
Таа е обвинета и за планирање труење на припадници на руските специјални сили кои го посетувале ресторанот каде што работела.
Кримскиот одред на ФСБ соопшти дека жената е обвинета за „велепредавство“ според член 275 од Рускиот кривичен законик, додавајќи дека истрагата за нејзините „криминални активности“ е во тек. Во соопштението за медиумите на ФСБ се наведува дека ова е уште еден пример за тоа како „украинските специјални служби ја дестабилизираат општествено-политичката ситуација и предизвикуваат економска штета на државата со активно регрутирање сторители на саботажи и терористички напади“.
фото: принтскрин
Регион
(Видео) Општа тепачка на свадба во Србија: гостинка ја удри невестата, возврати младоженецот

Свадбена прослава во Горњи Милановац се претвори во вистинска драма кога избувна масовна тепачка меѓу гостите.
Според порталот 192.рс, инцидентот започнал кога гостинка на свадбата, од причини кои засега се непознати, физички ја нападнала невестата и ја удрила.
Потоа реагирал младоженецот, обидувајќи се да ја заштити својата сопруга, а конфликтот набрзо се проширил и на другите гости.
Според снимката, во салата владеел целосен хаос, додека некои од присутните се обидувале да ја смират ситуацијата.
фото: принтскрин
Регион
Дојава за бомба на имотот на Милорад Додик

Утрово, во Бања Лука е примена пријава за поставена бомба на имотот на Милорад Додик, поранешниот претседател на Република Српска.
Според Радио Сараево, полицијата веднаш излегла на местото на настанот и спроведува контрадиверзиска инспекција на имотот.
Претходно наутро, е примена и пријава за бомба во хотелот „Палас“ во Бања Лука. Министерството за внатрешни работи на РС извршило увид и утврдило дека станува збор за лажна пријава.
фото: принтскрин