Економија
Двојно повеќе среќа во „Нептун“! Од 18 до 22 март голема акција со големи заштеди и двојно повеќе поени за вас!

По повод Светскиот ден на среќата 20-ти март Нептун организира голема акција во која на потрошувачите им нуди најголеми заштеди и двојно повеќе поени при секоја купопродажба. Акцијата трае од 18-22 март и важи во сите Нептун продавници ширум државата и за онлајн шопинг преку веб сајтот Neptun.mk и преку нивната мобилна апликација NEPTUN MAKEDONIJA.
Светскиот ден на среќата 20-ти март е усвоен од Генералното собрание на Обединетите Нации, ден кој треба да нè инспирира да преземеме чекори за посреќен свет и во кој се вели дека стремежот кон среќа и благосостојба е основно право на човекот. Сите ние чинители на ова општество треба да преземаме активности со кои ќе шириме среќа, радост, поддршка и да го направиме што поубаво место за живеење.
“haPPy” лојалната програма на Нептун е базирана баш на среќата. Креирана е да инспирира радост кај членовите кои достигнаа бројка од над 300.000. Членството во лојалната програма нуди огромен број на бенефиции во Нептун како: шопинг на цени со попуст, собирање на поени кои генерираат ваучери за идни купувања, право на учество во промоции, купување на рати преку happy кредит, достава, поддршка, монтажа и многу други бенефиции.
Акцијата “Happiness Days 18-22 март” нуди најголеми заштеди, двојно повеќе поени за вас и одличен избор на производи од сите продуктни категории. Застапени се одлични модели на: смартфони, телевизори, лаптопи, смарт уреди и аксесоари, бела техника, мали апарати за домаќинство, апарати за нега и убавина. Не ја пропуштајте оваа идеална прилика за шопинг по супер цени, #АЈДЕ во Нептун продавниците ширум Македонија или онлајн на Neptun.mk, разгледајте ги понудите, изберете од најдобриот избор и бидете двојно посреќни! Чувството на среќа е глобално право на секој човек! Среќен Ден на среќата!
„Нептун Македонија“ најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа во Македонија на апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, гејминг опрема, смартфони и ИТ уреди, е присутна 23 год. на македонскиот пазар преку 25 продажни салони во 21 град во Македонија. Со брендови во своето портфолио како Beko, LG, Samsung, Sony, Apple, Philips, Bosch, Asus, Huawei, Hitachi, Fuego и многу други, „Нептун” е позициониран како апсолутен лидер на пазарот во државава. Нептун
Македонија има и широка палета на услуги за своите клиенти како: happy лојалната програма, инстант кредити, дополнителни гаранции, премиум достава, онлајн продажба, мобилна апликација за онлајн шопинг, кредитна и кешбек картичка haPPy MasterCard.
(ПР текст)
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
УЈП: Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави

Даночните обврзници имаат рок до петок да поднесат ДДВ – 04 пријави, потсетува Управата за јавни приходи.
„Со цел да се обезбеди непречено поднесување на ДДВ-04 пријавите за овој даночен период, ИТ тимовите на УЈП ќе работат и во попладневните часови. Процесот на поднесување на ДДВ – 04 пријавите се одвива непречено и заклучно со вчерашниот ден, 22 април 2025 година од очекуваните 40.885, вкупно 12.202 даночни обврзници поднеле ДДВ-04 пријави, што претставува близу 30% од вкупниот број на даночни обврзници кои треба да поднесат ДДВ-04 пријави“, влеат од УЈП.
Од таму апелираат даночните обврзници кои имаат обврска да поднесат ДДВ-04 пријави за овој даночен период, а сè уште не ги поднеле истите, уште денес да ја достават потребната документација до сметководителите со цел до законскиот рок 25 април 2025 година (петок) да ги исполнат своите даночни обврски.
„Навременото поднесување на ДДВ-04 пријавите не е само законска обврска, туку и клучен фактор за финансиска стабилност и градење на довербата во институциите“, велат од УЈП.
Економија
Извршена исплата од 224.748.332 денара кон 7.826 лица за остварено производство на овошје

Денеска се изврши исплата од 224.748.332,00 денари кон 7.826 лица.
Исплатата како што информираат од Министерството за земјоделство, се однесува на дополнителните директни плаќања за остварено производство на овошје, мерка 1.9 Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.8. за остварено производство на овошје од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: јаболка, слива, праска, вишна, цреша, кајсија, круша, јапонско јаболко, лешник, орев, бадем и калинка, а оствареното производство е предадено на регистриран откупувач, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет или е користено за домашни потреби или е продадено на пазар.
Грижата кон земјоделецот продолжуваме да ја покажуваме на дело, велат од МЗШВ.
Економија
Се намалува цената на мазутот, а на дизелот и на бензините не се менува

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,11 % во однос на одлуката од 14.04.2025 година.
Од 23.4.2025 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 73,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 64,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 64,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 36,780 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, како и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) не се менуваат.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,212 ден/кг и сега ќе изнесува 36,780 ден/кг.
Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.4.2025 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 3,969%, кај дизелот за 3,456%, кај екстра лесното масло за 2,637% и кај мазутот зголемувањето е за 2,133%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 3,0273%.