Црна хроника
Пронајден мртво газдата на скопски „Континентал“
Антоан Јазбек, сопственик на скопскиот хотел „Континентал“ синоќа е пронајден мртов во еден од апартманите каде што престојувал, информираат од Министерството за внатрешни работи
Според првичните информации, на телото на 69-годишниот Антоан Јазбек не се пронајдени траги на насилство.Тој вчера пристигнал од Франција. Бил пречекан од страна на вработени во хотелот. По ручекот, заминал во апартманот и по некое време се пожалил дека не се чуствува добро. Иако една од вработените се обидела да му помогне, сепак Јазбек починал околу 17:40 часот.Смртта е констатирана од екипа од екипа на итната медицинска помош. Иако првично не се забележани траги на насилство, телото е предадено на обдукција, велат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

