Регион
(Видео) Во Белград сослушување на манијак кој се соблекол пред пет малолетнички

Белградската полиција го уапси 19-годишниот Н. М, осомничен за пет дела сексуално вознемирување на штета на малолетници, кој денеска е изведен на сослушување, пренесува порталот „Телеграф“.
Од Обвинителството во Белград за „Телеграф“ изјавиле дека момчето се испрашува за три дела за полово вознемирување на територијата на општина Раковица и две дела за полово вознемирување во општина Чукарица.
Од Обвинителството наведуваат и дека од петте вознемирени девојчиња, едноти е постаро од 14 години, а другите се помлади, што претставува и потешка правна квалификација.
„Три девојчиња го препознаа“, соопштиле од Обвинителството истакнувајќи дека по сослушувањето, на 19-годишникот ќе му биде одреден притвор.
Претходно, во јавноста се појавил лик на човек за кој се утврдило дека не е виновен за овие дела, додаваат од белградското Обвинителство.
Тој човек бил уапсен, но девојчињата не го препознале, а имал и алиби.
19-годишниот Н. М. бил уапсен во текот на вчерашниот ден, пренесува „Телеграф“.
Во јавноста претходно се појавија две одделни снимки на кои се гледа како млад човек ги симнува панталоните пред две девојчиња.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Невреме во Србија: превртен камион, откорнати дрвја, поплавени улици

Силно невреме, проследено со јак ветер и дожд, денес зафати делови од Србија.
Само во Белград, ветерот собори дрвја и гранки на повеќе од 50 локации.
На социјалните мрежи беа објавени бројни видеа од паднати дрвја и скршени гранки.
Силниот ветер што дуваше во Нови Сад собори дрво.
Силен ветер дуваше и во Белград, а повремено имаше врнежи проследени со грмотевици.
Силна бура го погоди и Зрењанин.
Ветрот кршеше гранки од дрвјата, а поради дождот, водата остана на патиштата.
Налети на ветер превртеа камион кај Зрењанин, според написите во медиумите од регионот.
Регион
(Видео) Големо невреме во Загреб, ветерот крши ролетни, урива дрвја

Голема промена на времето пристигна во Хрватска. Бура го погоди Загреб околу 10 часот наутро. Како што известуваат хрватските медиуми, ветерот дува силно и ги кине ролетните на куќите. Грми, врне и дува силно во целиот град.
Портокалова тревога е во сила за регионите Славонија, Истра, Кварнер и во Далмација, а жолта тревога е во сила за остатокот од Хрватска.
Температурите во делови од земјата ќе паднат за повеќе од 10 степени во споредба со вчера.
Регион
Дел од натстрешник се урна во центарот на Белград

Во центарот на Белград, пред продавница за парфеми, се урна таванот на натстрешник, пишува „Н1 Србија“.
Ова, најверојатно, се случило во текот на ноќта, а жената што работи во продавницата за парфеми изјавила за „Н1“ дека сè било во ред во текот на денот.
Властите поставија црвена лента на која пишува „внимание, опасност“, така што на граѓаните сега им е забрането да минуваат во тој дел од улицата.
Делови од таванот се наоѓаат и на самото шеталиште, а дел од него сè уште виси.